Марсениќ е талентиран и многу надежен, он е добра опција али за втор или трет пикер. Ако мислат идната сезона со него да тераат како главен пикер, гадно се зафркнале
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Далеку е он од материјал за прва постава за ЛШ (ако играат таму идната сезона)
Точно е тоа, ама па и не може секогаш само на постари играчи на сигурно да се игра. Некогаш мора да се влези во ризик со помлади. Ако се оствари трансферот, јас искрено претпоставувам дека Марсениќ и така ќе биде 2ра оција зад Никола Маркоски. Плус некако не изгледа како Металург а бара искусно краткорочно решение на пикер.
Некако сите потези на Металург во последно време се во насока на "иднината" и како да го подготвуваат тимот за по 2 години. Идната сезона како што ми изгледа ќе биде транзициска со истата главнина од оваа сезона засилена со оние млади кои ќе треба да го носат товарот во иднина како втора постава, а после тоа ќе заминат Станиќ, Атман и Вугринец. Мојсовски и Миркуловски само ќе останат како ветерани и лидери на екипата (макар што и тие уште 2-3 години имаат не верувам повеќе од тоа, особено Наумче). А уште ова лето претпоставувам дека ќе си заминат Мијатовиќ, Пецаковски, Мандиќ, можеби дури и Јоновски и В.Марковски. Димовски секако се пензионира, а и за Златко Мојсовски се шират слични муабети, макар што не ми се верува, не е до толку стар тој. И Митревски мислев дека можно е да се врати во Пелистер, ама со оглед на заминувањето на Мијатовиќ тоа е тешко веројатно.
Ова е чиста претпоставка, немам поим што всушност размислуваат, ама во 2015/2016 очекувам да се оди со отприлика ваков состав:
крила: Манасков, Георгиевски, Ојлески, младо десно крило (Џукиќ, Костески...?)
пикери: Маркоски, Пешевски, Марсениќ?
голмани: поискусен квалитетен голман (Митревски?), Кимески, Ивановски
бекови: Мојсовски, Миркуловски, квалитетен десен бек (постар странец веројатно), Циндриќ, Борозан, Талески, Нелоски, Манасков, Крстевски, Маџовски, евентуално уште 1 десен бек (или од Јуниор или странец).
Е сега ова секако дека нема да е барем на почеток конкурентен тим против Вардар, ама со правилна работа може од ова да израсти многу квалитетна екипа за неколку години ако ги задржат сите деца. Искрено не ни очекувам којзнае колку отпор на Вардар да даваат во следните неколку години, а и не ми изгледа дека им е тоа целта. Оваа сезона им е последна шанса за домашна титула во следните неколку години.