Фан клуб - РК Металург

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.322
Поени од реакции
36.224
Задоволен сум од ждрепката, многу ќе ми биде мило доколку го плеснеме во Скопје најтрофејниот ракометен клуб.. но да не летаме уште сега во облаци сепак се работи за Кил, клуб кој што претставува страв и трепет за секој противник, ни најмалку сличен на Колдинг но најбитно е нашите момци да го остават срцето на терен и да одиграат на ниво како и до сега па што ќе биде нека биде. Направивме многу голем успех оваа сезона.. успеавме да совладаме многу гиганти.. стигнавме до осумте најдобри екипи во Европа па нема да ми биде криво доколку не дај боже не отпаднат.
Во што најтрофеен? Бундеслигата или?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.747
Поени од реакции
9.874
Ako се повтори играта со Колдинг,очекувам неизвесни мечеви.Многу битен е првиот натпревар да биде самодовербата на високо ниво и се може да се случи.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.747
Поени од реакции
9.874
МОЈСОВСКИ: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ ИГРАМ НА ФАЈНАЛФОРОТ ВО КЕЛН

Македонскиот репрезентативец и капитен на Металург, Наумче Мојсовски, со нетрпение ги брои деновите до враќањето на ракометните терени, по тешката повреда што ја доби во декември минатата година.

- В среда ќе ја имам, се надевам, последната контрола кај д-р Шенк во Австрија, на која чекам зелено светло за да почнам со тренинзи. Според мене и според тоа како се чувствувам, се надевам дека откако ќе се вратам од Австрија, ќе почнам со лесни тренинзи. Рехабилитацијата помина многу подобро од очекуваното. Немам проблеми, немам болки, па се надевам дека за брзо време ќе се вратам во форма и ќе бидам дел од екипата, а ако даде господ и на фајналфорот во Келн – низ смеа ни изјави Мојсовски.

Тој не ја исклучи можноста да биде дел од тимот во првенството, како и во бараж-дуелите со Грција за пласман на Светското првенство во Катар, во јануари в година. Тие средби се на 7 и на 15 јуни.

Мојсовски во декември минатата година, на меч од Регионалната лига против Вардар, ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, по што беше опериран кај д-р Шенк во Австрија. Тогаш му беше предвидена шестмесечна рехабилитација.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Напаѓачката бековска линија на Металург за идната сезона: Борозан, Циндриќ, Атман, Н.Мојсоски, Миркуловски, Вугринец. Кој од кој покласа играчи. :)

Во одбраната стандардно со Јоновски, В.Маркоски, плус со Кеџо и од време на време и Вугринец - сите високи и корпулентни.

Единствен „класичен“ лев бек-шутер е Борозан, но тој во даден момент може да биде заменет со Н.Мојсоски и Атман, додека Миркуловски и Циндриќ се типични средни бекови коишто одат на влезови (иако Миркуловски знаел да погоди и од 9 метри, но тоа не му е примарниот начин на игра). Затоа, не знам дали овде има потреба да се интервенира; во даден момент, може да се земат и Талески и особено Нелоски од младиот тим, за да покријат на лев бек (вториот се надевам дека ќе се врати целосно од повредата, и физички и психички, бидејќи велат дека е огромен талент).

Можеби треба да се размислува за нов квалитетен десен бек во нападот. Идната сезона ќе му биде последна на Вугринец (така тој најави - дека ќе игра до 40 години и тогаш ќе се пензионира, а догодина ќе ги наполни), а Кеџо не се покажа премногу добро во нападот, иако врши работа во одбраната. Земен е и Мартин Велковски од младиот тим, но веројатно нему ќе му треба време да се привикне; не знам дали една сезона е доволно време - веројатно Червар и соработниците знаат.

Лево крило е одлично покриено со Манасков и Ојлески, коишто се горе-долу со изедначен квалитет, а и Палевски е земен како резерва од младиот тим.

На десно крило е Георгиевски и З.Мојсоски, плус и младиот што до земаа од Србија (не ми текнува како се викаше); малку е „понерамноправна“ распределбата бидејќи Георгиевски е прилично подобар од З.Мојсоски. За младиот србин не знам ништо.

Пикер - најслабата точка, бидејќи Димовски ќе се пензионира после натпреварите против Грција, а Н.Маркоски и особено Пешевски не се на тоа ниво. Веројатно тука ќе треба да се вложи некоја пара повеќе за да се доведе квалитетен пикер. Криво ми е што Топиќ не успеа да се наметне.

Голманите се извонредни, особено Станиќ, стандардно (се надевам дека нема да има испади какви што имаше сезонава). И Мијатовиќ и Митревски можат да блеснат во даден момент и тоа е многу важно, за да не паѓа сè на Станиќ, а и да му биде јасно дека не е целосно незаменлив, т.е. да мора се бори постојано за својата позиција. Заради патриотски причини би сакал Митревски повеќе да брани, но тоа е тоа - Червар одлучува.
 
Последно уредено:
P

PewDiePie

Гостин
Какви бисери има во Јуниор Металург ау ау ау Талевски-ѕвер,Манасков М. исто,голманчето Ивановски исто ѕвер,еден од браќата Маџовски да излезе асален(мада јас лично сумљам) и да не се заборави може и најталентираниот Нелоски. Плус Пешевски ги чека во прв тим,одлична иднина !

П.С. Тој србинот крило,Џукиќ мислам се викаше,не го земаа,ама дефинитивно треба замена за Гоце да земат,за лево крило не треба Манасков и Ојлески си хараат.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Какви бисери има во Јуниор Металург ау ау ау Талевски-ѕвер,Манасков М. исто,голманчето Ивановски исто ѕвер,еден од браќата Маџовски да излезе асален(мада јас лично сумљам) и да не се заборави може и најталентираниот Нелоски. Плус Пешевски ги чека во прв тим,одлична иднина !

П.С. Тој србинот крило,Џукиќ мислам се викаше,не го земаа,ама дефинитивно треба замена за Гоце да земат,за лево крило не треба Манасков и Ојлески си хараат.
Еден од близнаците Маџовски игра лев бек (тој е повисок и покурпулентен, да не речам магаре), а другиот е лево крило.. Е сега за репрезентација младите и за Металург Јуниор овој крилово цело време си игра напад-одбрана, ама овој магарево го гледав денес и вчера дека е користен и за во напад и тоа не како лев бек туку нетипично десен бек (типацот е деснак).. Додека за Металург Јуниор магарево само во одбрана игра, ретко а богами скоро и никогаш не игра напад бидејќи ги има напред Неловски и Талески ...[DOUBLEPOST=1396732507][/DOUBLEPOST]

Еден од близнаците Маџовски игра лев бек (тој е повисок и покурпулентен, да не речам магаре), а другиот е лево крило.. Е сега за репрезентација младите и за Металург Јуниор овој крилово цело време си игра напад-одбрана, ама овој магарево го гледав денес и вчера дека е користен и за во напад и тоа не како лев бек туку нетипично десен бек (типацот е деснак).. Додека за Металург Јуниор магарево само во одбрана игра, ретко а богами скоро и никогаш не игра напад бидејќи ги има напред Неловски и Талески ...
 
Аман бе :pos:

Последно уредено:

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
^ Јака муда е ова со лајковите на фб. Истото важи и за Вардар, па и уште Ви Благодариме, дегени живи. Нека дојдат клубовите на тешки маки, не знам како му доаѓа у проценти, ама ни 500 души од лајкувачите нема да стапнат у сала.
 
Смири живци,што се замараш.Демократија.
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
167
Поени од реакции
333
Ракометниот клуб Металург ги одреди цените на влезниците за четврт-финалниот натпревар од Велукс ЕХФ Лигата на шампионите против германскиот ракометен гигант ТХВ Кил, кој ќе се одигра на ден 19.4.2014 година (сабота), во 18.30 часот. Цените по блокови се следните:

Блок Б7, Б8 и Б9 (15 % од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат 350 денари,

Блок Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14, Б15 (50% од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат500 денари,

Блок М7, М8, М9 (10 % од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат 500 денари,

Блок М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 (20% од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат 700денари.

Сите наши фанови кои поседуваат блок-влезници од групната фаза на Велукс ЕХФ Лигата на шампионите, ќе можат истите да ги заменат во периодот од 9.4 до 12.4 (среда-сабота). Промената на блок-влезниците ќе се одвива исклучиво во продажното место на „КупиКартиЗаСе“ – Југотон, во ГТЦ Скопје. Промената ќе се врши исклучиво со приложување на блок-влезницата. По периодот предвиден за замена, секоја непроменета блок-влезница ќе оди во слободна продажба, која ќе стартува на 14.4.2014 година (понеделник), во 17 часот.

Потсетување: РК Металург во сезоната 2013/14 продаде околу 3.000 блок влезници во следните блокови:

Блок Б2, Б3, Б4, Б5, Б12, Б14 – по цена од 1000 денари,

Блок М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 - по цена од 1500 денари.
 
Последно уредено:

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.263
Поени од реакции
5.076
Многу солени картите :D
Ми беше во план да идам за со Кил, ама сега ме испишманија со картите...
Очекував да бидат повисоки цените со оглед на тоа дека е 1/4 финале ама не до толку, овде сакаат бааѓи ќар да бидат со картите само, дури игравте во групата картите од карав се продаваја по 100/200 денари, сега наеднаш кренаја 3 пати дупло :) Сега највероватно ќе останам пред ТВ....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom