Ракометниот клуб Металург ги одреди цените на влезниците за четврт-финалниот натпревар од Велукс ЕХФ Лигата на шампионите против германскиот ракометен гигант ТХВ Кил, кој ќе се одигра на ден 19.4.2014 година (сабота), во 18.30 часот. Цените по блокови се следните:
Блок Б7, Б8 и Б9 (15 % од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат 350 денари,
Блок Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14, Б15 (50% од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат500 денари,
Блок М7, М8, М9 (10 % од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат 500 денари,
Блок М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 (20% од вкупниот капацитет на СЦБТ) – влезниците ќе чинат 700денари.
Сите наши фанови кои поседуваат блок-влезници од групната фаза на Велукс ЕХФ Лигата на шампионите, ќе можат истите да ги заменат во периодот од 9.4 до 12.4 (среда-сабота). Промената на блок-влезниците ќе се одвива исклучиво во продажното место на „КупиКартиЗаСе“ – Југотон, во ГТЦ Скопје. Промената ќе се врши исклучиво со приложување на блок-влезницата. По периодот предвиден за замена, секоја непроменета блок-влезница ќе оди во слободна продажба, која ќе стартува на 14.4.2014 година (понеделник), во 17 часот.
Потсетување: РК Металург во сезоната 2013/14 продаде околу 3.000 блок влезници во следните блокови:
Блок Б2, Б3, Б4, Б5, Б12, Б14 – по цена од 1000 денари,
Блок М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 - по цена од 1500 денари.