Фан клуб - РК Металург

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.312
Другите 3 се во ист барабан со нас,односно вториот барабан.Овие 4 се од првиот барабан.
А се мислев дека овдека е како и во фудбал.

Е па јбг ќе ни треба малце среќа да се избегнат Хамбург и Барса. Значи 50-50 ни се шансите.
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
Честитки за влезот во 1/4 финале .(y)
Уште ништо не е завршено за Металург ... Мислам дека можите да се носите со било која екипа во 1/4 финале . Со ваква одбрана секој можи да се добие .
Според мене Киелце би бил најдобар противник , игравте 2 пати во групата и веќе ви е позната нивната игра , мада кој и да ви падни ќе треба убо да се испоти за да избори влез во Ф4 .
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Честит нека ни е пласманот во топ 8мте екипи во Европа, ретко пишувам на темава иако редовно читам....со ваква одбрана можиме секој да го добиеме, во осминафинале да дозволиш во еден двомеч да примиш по 23 односно 22 гола е стварно за респект....не дека нема да се намачи која и да е екипа за да оди понатаму, ама освен Киелце мислам оти немаме сили против овие другиве 3....како и да е првичната цел за сезонава е остварена, сега останува уште тројна круна (СЕХА, Куп на Македонија, и шампион на Македонија) и се ќе биди супер ;)
 

Vidic15

Капитенот
Член од
2 јули 2009
Мислења
587
Поени од реакции
478
И сега може да се паднеме со Атлетико Мадрид така ?
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Браво Металург!!!!
Многу ми е криво што Металург ги има само Пирати, а не некоја поголема навивачка група ко Комити. Вчера освен на крајот кога станаа сите, немаше никаква атмосфера. Се пее Излези момче, наместо химната на Металург.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.312
Не можеме со Атлетико.

Хамбург,Барса,Киелце,Пик Сегед ни се потенцијални противници.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
ПОЗНАТИ СЕ СИТЕ ЧЕТВРТ-ФИНАЛИСТИ. СИТЕ РЕЗУЛТАТИ. КОИ СЕ НАШИТЕ МОЖНИ ПРОТИВНИЦИ.

24.03.2013 21:11
По одигрувањето на средбата Кил – Чеховски Медведи, познати се сите четврт-финалисти во Лигата на шампионите. Тоа се екипите на: Металург, Киелце, Атлетико Мадрид, Барселона, Веспрем, Хамбург, Фленсбург и на Кил.
Еве ги комплетните резултати од првите и од вторите средби во осминафиналната фаза:
Двојки
Прв натпревар
Втор натпревар
Силкеборг – Барселона
Адемар Леон – Веспрем
Пик Сегед – Киелце
Цеље П.Л. – Хамбург
Чеховски Медведи – Кил
Динамо Минск – Металург
Атлетико Мадрид – Фуксе Берлин
Горење Велење – Фленсбург

Поради диригираната ждрепка, екипите ќе бидат поделени во две групи:
Во повластената група се екипите на : Барселона, Хамбург, Веспрем и на Киелце.
Во втората група се екипите на: Металург, Фленсбург, Кил и на Атлетико Мадрид.
Извлекувањето е закажано на 26 март (вторник), на пладне. Натпреварите ќе се играат во периодот од 17 до 28 април, а Металург својата прва средба ќе ја игра дома.
--- надополнето: 24 март 2013 во 21:44 ---
По средбата Металург – Динамо Минск се одржа редовната прес-конференција.
Лино Червар:
- Секакао, дека многу сум среќен и задоволен по она што го остваривме во Лигата на шампионите, а со тоа го реализиравме зацртаниот четиригодишен план. За сето ова се заслужни, како сите играчи, така и управата на клубот, спонзорот. Горд сум што сум тренер на екипа, која живее на крајот од градот, во една мала населба Автокоманда, каде работиме во сала од “пола дрво пола камен“. Горд сум што тренирам еден млад и скромен клуб, бидејќи и јас потекнуван од таков клуб и затоа добро знам што значи да се работи во ваков клуб. На патувањата ги избираме најевтините варијанти, често пати спиеме по аеродроми со сендвичи во рацете. Ние немаме многу пари, но сме во друштво со екипи како што Барселона, Кил, Хамбург, кои имаат десет пати поголем буџет од нас. Металург ги нема најдобрите ракометари во светот, ги имаме оние што ги имаме, но многу сме горди на нив. Не се замислуваме дека сме Реал Мадрид или Барселона, но станавме дел од најдобрите осум во Европа. Токму затоа и им честитам на сите мои ракометари.
Во Минск им одржавме на Белорусите една вистинска лекција од школски ракомет, а така беше и сега во Скопје.
Посебно им благодарам на нашите навивачи, кои и денеска беа фантастични, ние имаме посебна публика, тоа се семејни луѓе кои доаѓаат на нашите натпревари и не бодрат со сето срце. Многу сум среќен, вечерва ќе се напиеме од среќа – изјави тренерот на скопјани, Лино Червар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom