Сите викаат дека импровизираната бековска линија функционирала ОК. Мислам дека во еден момент ни удирја 8-1 серија, бар така кажа коментаторов. Од плус 5 отидовме на минус 3. Кога почнаа да играат 6-0 немавме идеа. Што ОК, нормално тоа, не може да шутираат тие играчи од 9м, мора пасови кон пикер, соло пробиви, ограничени се. Игравме без лево крило и се мораше по средина.
Јунакот е дефинитивно Гедбан. При 25-22 за Киелце фати пенал, па пак пенал при 26-25. Во последните 2 минути скина 2 чисти зицери. Почна да му влегува на Душебаев во шут, го научи како паѓа овој го шутира при средна висина некоја топките, му фати едно 3. На Јанц чист зицер му скина и сл. Имаше 12 одбрани за некои 35 мин. Многу од тие кога највеќе требаше. Просек 44%, иако оваа бројка не е точно зошто прими тон голови на празен гол. Знам дека го критикувавме сите, и јас, но сега се покажа. Еве му малку форумско признание.
Добро што и Кара имаше лош натпревар.
Дибиров многу зицери промаши, може некои 5. Факт дека и сам си ги створи тие шутеви. Плус шутна 2 пати од 9м безвезе. Рака на срце многу од ова беше под присила, али пак, доста неефикасен беше. Му пресекоа и неколку топки до Столе. Ама ја се согласувам дека он е машина. Со години игра 60 мин, не ни памтам кога последен пат бил повреден и не играл натпревар од ЛШ.
Скубе скина 7 гола, Чупко 6. Ја Чупиќ многу го почитувам, многу интелигентен играч ми е. Тој еден пас што му го даде на Столе од патос во 6м, фантазија. Скубе е супер на соло, ама пак мојата стандардна забелешка, ете последните 2 напади при 28-28, прво ја изгуби топката, му ја пресекоа, па на 12 сек до крај, шутна со 5 сек до крај а немавме голман. Се губи малку под притисок и соло играч си е он. Сам си прави пробиви, си реализира. Така му е ќеф него да игра.
Кога ќе размисли човек, стварно сме баксузи. 2ца леви бека повредни, 2ца десни.
Претпоставувам на овој Горпишин, пиши му пропало.