- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 3.529
- Поени од реакции
- 8.000
Скубе моментално брка голема работа во Вардар. Злато е да се има среден бек као Скубе во денешниот ракомет. Е сеа дека стварно е индивидуалец и неговата игра се темели во најголем број случаи на индивидуални потези и влезови, и дека покрај неговиот калибар на среден бек ни фали и некој од типот на Кара, кој влага, шутира и што е најважно е многу паметен средњак со перфектна прегледност на играта и магично дели асистенции на пикер и крила, и тоа е факт. Да резимираме, Скубе моментално е еден од главните во Вардар кој брка огромна работа, и доколку има партнер на својата позиција со кој ке дели минутажа би бил и уште попродуктивен, а и Вардар како тим исто така. Иначе лудило е групава. Кил го сркнал од Порто во Германија. Незгоден е овој Порто ако му влезеш у неговата игра. Добро се одбранивме во Скопје, ама ќе биде многу гадно во Португалија. Да се надеваме дека голманиве ќе влезат во серија на успешни настапи, и со враќањето на Крис и Толедо, како и постепеното комплетирање на ростерот ќе влеземе во една добра серија која би ни овозможила пласман на едно од првите три места што според мене би било топ. Со комплетиран состав можеме да играме против секој под услов пред се голманите да го имаат придонесот кој е потребен за настап во ЛШ. Има уште многу да се игра во групава, ја се надевам дека нашите најлоши изданија поминаа, и дека во најбрзо време ќе се комплетираме. Лично многу ми е жал за Горбок, знаејќи каков бомбардер беше. Не можам да го гледам у такви мизерни изданија коа шутон му е као да не јадел месец дена. Движењето исто му е очајно. Штета, како само би легнал моментално, ама тоа е тоа.