Црногорскиот интернационалец од редовите на Вардар, Вуко Борозан денес е актуелна тема во медиумите. „Спортклуб.мк“ успеа да го контактира лично Борозан кој откри што се случува.
„Јас го известив директорот Давор Стојаноски и имав едно барање кое не беше исполнето, па поради тоа секој понеделник бев приморан да одам за Црна Гора. Тоа во клубот го знаеја и имав дозвола за тоа. Па така и овој понеделник го прескокнав тренингот, и се појавив во вторник“, започна Вуко и продолжи:
„Точно на мојот роденден, во вторник пред да излезам во салата на тренинг ми пријде директорот Давор и ми соопшти дека повеќе не сум им потребен. Што се однесува до мене Вардар е завршена приказна, а директорот Давор да ја каже цела вистина, “,изјава Борозан за крај во разговорот за „Спортклуб.мк“.