Првата титула секад ќе остане прва, али оваа титула си има посебни приказни, тимски и индивидуални.
Ќе одвојам неколку:
Прво, Деки Милосављев.
Детето кое пристигна да биде замена за најдобриот голман во ракометната историја. Голманот кој беше алфа и омега изминатите сезони во Вардар и еден од најзаслужните за прватат тилуа, требаше да биде наследен од 21 годишен дечко доведен од Партизан, без искуство во големи натпреварувања, тотален анонимус во ракометниот свет. Но каков скаутинг и пик од маестро Дејан Периќ. Права филмска приказна, тренерот си пикира талент кого успева да го направи најдобар голман во една сезона и европски шампион.
Стаж Скубе, играч кој беше избркан од Сегед како недоволно квалитетен за да им се одмазди директно на човекот кој го избрка и претходноит клуб во меѓусебен дуел во четвфртиналето.
Глеб Калараш веќе го споменав.
Данис факинг Криштопанс! Колку гомна имам изедено за него дека нема да биде врвен играч ради конституцијата, би му дал сега да ме запесничи со тоа џиновските дланкишта. Какво играчиште стана да ти ебам тоа суратот еј! Чудовиште. Сезонава има напредок од 500%, дечкото тројца не го запираат, не постои врз него фаул, не е возможно да го направиш. Против секоја логика е она што го игра, и тоа го игра по 60 минути без вистинска замена за него во тимот. Немам доволни комплименти за неговата игра сезонава, дечкото стана најдобар десен бек на планетава.
И на крај, Игор Карачиќ. Иконата на модерниот Вардар, дечкото кој уште во првиот свој меч во дресот на Вардар во 2012 покажа дека во него има посебен талент и дека пред него следи ѕвездена кариера. Штета што честите повреди го спречија да индивидуално направи уште повеќе до сега. Елеганција во движење, кога игра во форма е најдобриот играч во светот. Од моментот кога дојде до неговиот последен меч денес беше срцето и мозокот на тимот. Многу ми е драго што последната негова страница во Вардар ќе биде заокружена со буквите MVP. Него најмалку можам да го замислам во друг дрес догодина, цела кариера е црвено-црн.
Воопшто не сакам тука да ја намалам улогата на другите, ама приказните за овие 5 души се со посбен шмек, исто како колективниот успех на тимот, тимот кој е пример за тоа како е да се биде еден сложен колектив, кој никогаш не се предава.
Секоја чест дечки, фала Ви за се!