Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 март 2017
Мислења
832
Поени од реакции
1.686
Се надевам дека бројот 18 ќе биде повлечен од употреба се додека постои клубот. Белким имаат Давор и тоа баграта неписмена околу него доволно памет у главата за да им текне дека треба тоа да го направат? Како фан и поддржувач на Вардар ужасно тешко ќе ми биде да го гледам во дресот на Киелце, дечкото е првата работа што ми текнува кога ќе се спомне РК Вардар, заедно со Столе. Ќе фалиш легендо! :cuc:
 
Последно уредено:
Член од
18 јули 2009
Мислења
5.511
Поени од реакции
1.023
Живи сте луѓе :vozbud: ..
Не ми се верува дека со ваков тим успеавме да освоиме ЛШ , тимов е со големо срце се гледа од небо ..

Без клупа победивме , да се чудиш со 7-8 играчи ротација ..
Овој Вардар треба да го пречекаат 100.000 луѓе најмалце на плоштад .

Ова беше како некој филм со среќен крај , 2017 бевме многу појаки од сега со Штербик , Циндрич , Душебаев и до некаде беше реално финале .. ама овој Вардар со овој тим не ми се верува уште дека сме прваци :bravobe::bravobe:

Утре вечер одиме на аеродром да ги чекаме хероите со бакли има да гори :vozbud:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
8.968
Поени од реакции
2.777
Шампиониии, шампиониии, але але алеее...!!!

Кога е во вторник пречекот на плоштад на ракометарите?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.053
Поени од реакции
52.307
Првата титула секад ќе остане прва, али оваа титула си има посебни приказни, тимски и индивидуални.

Ќе одвојам неколку:

milos.JPG

Прво, Деки Милосављев.
Детето кое пристигна да биде замена за најдобриот голман во ракометната историја. Голманот кој беше алфа и омега изминатите сезони во Вардар и еден од најзаслужните за прватат тилуа, требаше да биде наследен од 21 годишен дечко доведен од Партизан, без искуство во големи натпреварувања, тотален анонимус во ракометниот свет. Но каков скаутинг и пик од маестро Дејан Периќ. Права филмска приказна, тренерот си пикира талент кого успева да го направи најдобар голман во една сезона и европски шампион.

Стаж Скубе, играч кој беше избркан од Сегед како недоволно квалитетен за да им се одмазди директно на човекот кој го избрка и претходноит клуб во меѓусебен дуел во четвфртиналето.

Глеб Калараш веќе го споменав.

kristo.JPG

Данис факинг Криштопанс! Колку гомна имам изедено за него дека нема да биде врвен играч ради конституцијата, би му дал сега да ме запесничи со тоа џиновските дланкишта. Какво играчиште стана да ти ебам тоа суратот еј! Чудовиште. Сезонава има напредок од 500%, дечкото тројца не го запираат, не постои врз него фаул, не е возможно да го направиш. Против секоја логика е она што го игра, и тоа го игра по 60 минути без вистинска замена за него во тимот. Немам доволни комплименти за неговата игра сезонава, дечкото стана најдобар десен бек на планетава.

karac.JPG

И на крај, Игор Карачиќ. Иконата на модерниот Вардар, дечкото кој уште во првиот свој меч во дресот на Вардар во 2012 покажа дека во него има посебен талент и дека пред него следи ѕвездена кариера. Штета што честите повреди го спречија да индивидуално направи уште повеќе до сега. Елеганција во движење, кога игра во форма е најдобриот играч во светот. Од моментот кога дојде до неговиот последен меч денес беше срцето и мозокот на тимот. Многу ми е драго што последната негова страница во Вардар ќе биде заокружена со буквите MVP. Него најмалку можам да го замислам во друг дрес догодина, цела кариера е црвено-црн.

Воопшто не сакам тука да ја намалам улогата на другите, ама приказните за овие 5 души се со посбен шмек, исто како колективниот успех на тимот, тимот кој е пример за тоа како е да се биде еден сложен колектив, кој никогаш не се предава.

Секоја чест дечки, фала Ви за се!
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
3.900
Поени од реакции
5.638
Никогаш нема да ги разберам овие фаци.Исто пред настапот на онаа "гордата" луѓе плукаа по нејзе како пеела за Северна за после влез во финале да навиваат за неа.Така и денеска има мал милион примери на вакви луѓе.Исти вакви работи се случуваат и кога Шкендија игра ЕЛ.Како против се за на крајот кога има шанси да влезат во група навиваат за нив.Јас не верувам дека има друг народ кој толку лесно го менува своето мислење не само за спорт туку за се друго.Абе ако веќе верувам во нешто ако треба и ќе се умира ама не го менувам ставот кој мислам дека е вистинскиот.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
607
Поени од реакции
2.117

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
36.960
Поени од реакции
71.827
Alo vesprem? Gdje vam je LSh titula? heheeehe


Буши брееееее


Не можам нешто паметно да пишам сега (а кога сум можел уствари хехе) ама да ти ебам ова е прејакоооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо


Значи не е битно што ќесе деси на следна сезона битно ова е најјакото нешто што можеше да се деси во република македонија во овие мигвои

свака част на играчите менталитетот им е надреален

капа доле
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
10.572
Поени од реакции
5.589
Neka dojde u oci neka mu go kaze toa..

Btw gledam site ste gi pofalile, sto e nesporno deka mnogu naprednaa ama ne treba da se zaboravi i brazilecot nas, izrasna vo klasa piker, elegancija vo zavrsetokot na sutevite.. nema promasaj, 7/7 mislam imase denes..
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
36.960
Поени од реакции
71.827
На врв Bottom