- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.035
- Поени од реакции
- 12.892
Ова на видеото беше првиот натпревар на Вардар во ракомет на кој присуствував (Вардар - Магдебург Сеха лига декември 2012). Уште од мал имав голема желба да одам на натпревари, ама не можев од мајка ми да барам да ме носи, а немав со кој да одам, сам ниту мајка ми ме пушташе ниту јас имав нешто храброст да појдам, до Кале не знаев салата од каде се стига. Тоа лето со Бате квалификациите беа фудбал, собрав друштво и тоа ми беше првиот натпревар на Вардар воопшто. После тоа другариве никој не сакаше да оди по натпревари, па така и јас бев во небрано фатен, не знаев како да отидам на трибина сам, а немав со кој, на фудбал ќе најдев некој, тогаш и со Пелистер се враќаше стариот сјај на натпреварите, па имаше добар интерес, но за ракомет живо пиле не наоѓав. Во дневник сите двојки им беа, ама кога ќе ги викнев за натпревар, сите нешто учеа. Овој натпревар на кој и почна тогаш навивачко обединување, сите навивачки групи освен Чкембари мислам подржаа (не е ни битно тоа сега). За прв пат сам, поминувам тоа мостот, изгледа имав пропуштено кортео па така кога одев по мостот кај жабарот малку фуфка ме фаќаше, гледаш луѓе помали групи а не знаеш како ќе те прифатат, ниту дали се Комити воопшто, ама јас решен бев да одам па ако треба и сам. Првиот момент ми беше чудна трема, моментот кога застанав првпат во ред со навивачи што личеа како сите да се заедно и да се знаат од претходно, моментот кога сум застанал првпат на зига зага меѓу тотални странци. Почна и мојата приказна и љубов кон ракометниот клуб Вардар, после одев некое време сам, па почнав со подгрупа да одам, тогаш и најубави спомени имам од тој рк Вардар. Пуштање 300 карти, ние 1000 души дојдени, па фрламе карти од прозорите на Борис салите на тие доле што останале и немале, ретардирани закони од типот да мора со лични карти да се влага (На кокошките и на зајците лични карти да им барате... ова беше дека на стадионот во Ѓорче имаше кокошки) Многу ми е драго за сите убави моменти, сите спомени кои ќе ги памтам засекогаш, Кале И Борис кога се молев само да не се сруши салата, играчи како Брумен, Прибак, голманчето Малумбрес кој скокаше два метра и секој човек кој играл од срце за Вардар. И да е крај на се ова, спомените остануваат во срцето засекогаш, остануваме заедно и ќе дочекаме заедно вака да се радуваме како денес. Да урламе сега на пречек дур не ни рикне гласот, да знаат момците колку ни значат, и колку МАКЕДОНИЈА живее за спорт и цени луѓе кои инвестираат во него.
Последно уредено: