Џамбо може моментално само со ролерки да брани. На друг начин нема опција да мрда лево десно, 200 кила се направил.u najloso scenario Dzambo e na lager
Можеби ама не ми е верно,сепак платите не ги кажуваат јавно.Грешиш. Постот на @kano е полн погодок
Зошто да не ти е верно,тотален анонимус дојде од Партизан во Вардар,беше планиран како втор голман покрај Џамбо.Мене ми делува многу реална цифрата што беше спомната околу 2000еур.Можеби ама не ми е верно,сепак платите не ги кажуваат јавно.
Освен во Франција таму не се кријат кога ќе ги видам тие некако...
Еден Кире со 38 години зима 15к месечно.
Во ПСЖ се па ептен отидени Карабатиќ и Хансен 80к,Раул околу 100к.
Сепак ова е Македонија,неможам да тврдам пошто незнам засигурно.
Само не ми се верува играч да зима 1000,2000к месечно а игра во ЛШ.
Што се шушкаат цени во нашава лига,се околу 2,5к за некој странец(Србин,Хрват).
Интересна тема е ова баш ме интересира да дознаам колку им е платата.
Не знам за другите, ама за него можам да ти гарантирам. Во споредба со другите играчи, зема многу мала плата. Што до некаде е разбирливо со оглед на тоа што беше анонимус кога дојде во Вардар. Нормално, после сезонава сигурно ќе му ја зголемеа платата неколкукратно.Можеби ама не ми е верно,сепак платите не ги кажуваат јавно.
Освен во Франција таму не се кријат кога ќе ги видам тие некако...
Еден Кире со 38 години зима 15к месечно.
Во ПСЖ се па ептен отидени Карабатиќ и Хансен 80к,Раул околу 100к.
Сепак ова е Македонија,неможам да тврдам пошто незнам засигурно.
Само не ми се верува играч да зима 1000,2000к месечно а игра во ЛШ.
Што се шушкаат цени во нашава лига,се околу 2,5к за некој странец(Србин,Хрват).
Интересна тема е ова баш ме интересира да дознаам колку им е платата.
Не е 1,000 ама не е и како што се збори 4-5к.абе какви 1000 евра, што зборувате, во мкд играчи како Илиев(Радовиш), Петров(Пелистер) и многу други играат за 1200-300 евра минимум, Милосављев дошол за 1000 евра Под 3к не е, нека не ви перат мозок.
Остајте вие дошол како некој анонимец, не е туку така земен, сигурно многу луѓе предвиделе кај него талент и он самиот бил свесен за тоа, ако е туку така земен што не го земале голманот на Радовиш на пример или на Текстилец?
Се си има своја цена.
ne Dinari hahahaДенари?
Sent from my SM-N960F using Tapatalk
Роберто Гарсија Парондо е еден од најзаслужните за фантастичниот успех на Вардар со пласманот на фајналфор турнирот во Келн. Шпанецот дојде на местото на Раул Гонзалес, во ситуација кога клубот го напуштија клучните ракометари, но сепак успеа да состави силен колектив за „црвено-црните“ трета година по ред да бидат дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите.
„На почетокот од сезоната не бевме вбројувани ниту меѓу најдобрите десет екипи во Европа, имавме многу нови играчи, а дел од ѕвездите си заминаа претходното лето. Успеавме да составиме тим што не се базира на имиња, туку на карактер. Од првиот ден работевме како да ја направиме одбраната гранитна, од натпревар во натпревар тоа се повеќе ни функционираше и резултатот е видлив – пласман на фајналфор турнирот“ – истакнува Парондо во разговор за „Ел Мундо Депортиво“.
Во полуфиналето од Ф4 тунирот Вардар ќе се сретне со Барселона, а шпанскиот стратег улогата на фаворит целосно му ја препушта на противникот.
„Барса има толку многу оружја, не знам што би издвоил како клучно. Тоа не значи дека ќе предадеме, напротив, ќе излеземе на теренот убедени дека можеме да победиме. Вообичаено е да се каже дека одбраната ќе пресуди, но овојпат јас ќе кажам дека клучен ќе биде нашиот напад. Барса дава многу лесни голови благодарение на цврстата одбрана, знае за две минути да направи серија од 5-0 и да го реши мечот. Затоа ние треба многу да внимаваме на нашиот напад, да немаме загубени топки од кои ќе произлезат контранапади на спротивната страна“ – предупредува шефот на стручниот штаб на Вардар.
Тој проговори и за сериозните финансиски проблеми со кои се соочува стручниот штаб и ракометарите.
„Никој не земал плата подолго време, но претседателот ни вети дека долговите кон сите ќе бидат регулирани. Ни должат шест, седум, осум плати, никому не му се допаѓа ситуацијата, но остануваме фокусирани бидејќи пласманот на Ф4 е остварување на сонот за сите нас. Тоа е нашата награда за целото патење во текот на сезоната. Пред неколку дена се отвори можност зза спас на Вардар, поранешниот претседател прави напори да добие поддршка од владата и да донесе спонзори. Сепак, слушаме само ветувања, пари нема, а иднината на Вардар останува компликувана. Постои желба да се спаси, но со буџетот за кој зборуваат нема да може да се одржи највисоко ниво“ – реален е во коментарите Роберто Гарсија Парондо.