Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Заслужено си победи Металург. Не е ништо страшно, али кога више се разиграа, можеш да се запне. Некако како да спиеа на тоа уво дека, кога-тогаш ќе ги стигнат. Може требаше Парондо голманите да ги менува повеќе. Овој Гедбан колку топки во Вардар одбрани за пак некако да влезат во гол.
 
Член од
10 август 2012
Мислења
915
Поени од реакции
780
Вакво мочање врз Вардар е најболно!!!

Кога ке разберат:mad::mad::mad:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.183
Денес околу 14:00 часот Самс имал разговори со ракометарите. Е сеа треба да видиме дали новинариве ќе исчепкаат некое инфо за што се разговарало.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.183
Фан страна на РК Вардар :
Денес имало состанок помеѓу Самсоненко,Михајловски и ракометарите.

Според некои блиски извори нови договори ќе се вклучат со сите ракометари освен Карачич,Криштопанс,Мораеш,Калараш и Киселев кој на крајот на сезоната го напуштаат клубот.
Според најавите ке се донесат нови играчи но сеуште не се знае колку и кои.

#вардарживеевечно
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Нели Криштопанс има договор уште 1 година со Вардар ? Колку шо знам он од сезона 2020 потпиша за ПСЖ
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нели Криштопанс има договор уште 1 година со Вардар ? Колку шо знам он од сезона 2020 потпиша за ПСЖ
Се договорија да оди година дена порано
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Штета за Криштопанс, практично го губиме најбитниот играч една сезона порано. Се надевам дека ако овој муабет е вистина, дека исто така ќе значи и останување на Парондо на чело на тимот.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Се договорија да оди година дена порано
Мислам дека ова не е официјална одлука, туку поради најавениот распад излезе таква информација.
Ако клубот не опстои на високо ниво, тогаш јасно е дека сите ќе си заминат. Но, ако се најде спонзор и при тоа им ги исплатат заостанатите плати, тогаш не може да си оди, бидејќи е под договор.
Во моменталнава ситуација секој играч може да побара раскин на договорот и РФМ мора да им одобри, поради заостанатите долгови на Вардар.

Туку, поминува времето за составување на тим за наредна сезона.
Се надевав дека Вардар за почеток (ако има вистина во најавите), ќе почне да ги собира неколку подобри македонски играчи. Но, ете денес излезе официјално дека Танковски заминува во Еурофарм. Претходно крилото Костески потпиша за Загреб.
Најавено е дека и Серафимов ќе потпише за Еурофарм.

Еурофарм станува новиот Металург, а Автокомандоси чим немаат финансии да ги задржат најдобрите млади играчи, значи веќе не планираат да градат силен тим.
Ќе имаме големи проблеми да изградиме тим, дури и за нашево првенство под услов да си заминат голем дел од ракометариве.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Доколку ова е точно. Убаво би било Криштопанс да остане уште една сезона. Иако, треба да се запамети дека он на почеток на сезонава и лани не играше нај нај. Сега, по нова година му рипна многу формата. Иако јас секогаш сум верувал во него, зошто ми делувал отсекогаш дека има осет за ракомет. Се надевам дека ќе продолжи да се развира, зошто делува дека има простор. Му требаше него самодоверба.

Овие другиве се заменливи, освен Игор. Иако и Калараш некако како да се прилагоди добро последниве неколку натпревари. Претходно правеше глупости, сеа гледам ќе добие 2 исклучувања, ќе си се прибере, пази. Така што, може не ќе беше лошо он да останеше да игра одбрана.

Дали ќе може да се најде централен бек од квалитетот на Игор е прашање.

Мораеш добро играше на почеток. Иако он е добар играч, ја мислам дека е сосема заменлив. Ќе треба сега 2 пикери да се носат.

Кисељев беше занемарлив играч, скоро ич не играше ЛШ. Мораеш, ОК, али и он не играше дел од сезоната. Најголема загуба е Борозан. Мене ми делуваше како на почетокот на сезоната Борозан да почна да достигнува некое ново ниво. Имаше многу добри асистенции. Даваше голови али и асистираше до пикер. Голем учинок имаше он во првите победи над Монпеље и Веспрем.

Сепак со овој костур и неколку солидни појачувања. ОК ќе бидеме. Ја сум задоволен :) Да се надеваме дека ова ќе се реализира.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Но, ете денес излезе официјално дека Танковски заминува во Еурофарм. Претходно крилото Костески потпиша за Загреб.
Најавено е дека и Серафимов ќе потпише за Еурофарм.
Имаше најави дека Велковски и Маџовски се пред вратите на Еурофарм. Тие ќе носат словенец плеј од Австрија. А најавија и некои други странски засилувања. Очекувам во ЛШ да играат следната година. И ќе имаат солидна екипа.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Ракометниот клуб Вардар се наоѓа во круцијален период од неговото модерно постоење, по кој ќе се знае каква ќе биде неговата иднина. Важен состанок се случил вчера, меѓу Сергеј Самсоненко, играчите и Михајло Михајловски и на него се договориле некои работи. Спорт1 се обрати до почесниот претседател на црвено-црните за информација од прва рака.

Според Михајло Михајловски, нема простор за паника и за немири, неговите прогнози се дека Вардар ќе остане на ова ниво, можеби во малку променет состав.

„Точно е дека вчера имавме состанок јас, Самсоненко и играчите и во моментов најважно ни е тие да се концентрираат на фајналфорот. Се прават напори да се спаси Вардар за да биде на ова рамниште на коешто е. Како и да е, ќе се најде едно вистинско, оптимално решение тие да си продолжат. Тие што веќе потпишаа договори со нови клубови ќе си одат, но сите останати ќе останат. Значи имавме конструктивни разговори со цел да се спаси Вардар и играчите да бидат спокојни и да се концентрираат на Ф4“,, вели Михајловски.

Ако неговите зборови се протолкуваат во имиња, од Вардар, сепак, летово ќе си заминат Карачќи, Мораес, Калараш, Кисељев, кои веќе имаат потпишано со нови клубови, но и Криштопанс, чиј договор со ПСЖ првично беше од 2020 година. Останатите остануваат, но уште повеќе радува фактот што Михајловски вели дека се трудат да го задржат Вардар на ова рамниште, на кое фунцкионира во последниве неколку години.
https://sport1.mk/rakomet/domashno-prvenstvo/mihajlovski-imavme-sostanok-so-sergej-i-igrachite-kje-ima-spas-za-vardar

Долгогодишниот претседател на Вардар, Михајло Михајловски, сега ја има улогата на иницијатор на движењето на спас на „црвено-црниот“ колектив по најавите за заминување на Сергеј Самсоненко од раководната функција во клубот. Тој е голем оптимист дека целата ситуација ќе се заврши на радост на вардаровите фанови, а откри и дека во текот на викендот се сретнат со Самсоненко и со ракометарите.

Имав состанок со Сергеј Самсоненко и со играчите и на нив им го пренесов нашиот став – дека сакаме да останат сите оние кои немаат договор со други клубови. Лично ми е многу жал што Карачиќ ќе си оди бидејќи тој играше за Вардар уште додека јас бев претседател, но што е тука е. Допрва ќе се разговара, но можам да кажам дека спасот на Вардар е блиску, а желба на сите нас е клубот да го задржи истото ниво на кое е и сега“ – истакнува Михајловски за ЕКИПА.


Тој е иницијатор за создавање на значителен буџет на „црвено-црните“ за наредната сезона, но јасно става до знаење дека нема намера да биде активен член на управата.

„Јас сето ова што го правам, го правам затоа што сум дел од Вардар децении наназад и сакам оваа приказна да успее. Мене функции не ме интересираат, ќе си останам почесен претседател како што сум и во моментов, а ќе бидам еден од оние кои ќе дадат помош за да се задржи европското реноме на клубот. Многумина покажаа интерес оваа иницијатива да успее, се надевам дека наскоро ќе имаме и дефинитивен успешен резултат, да потврдиме дека Вардар ќе продолжи со ист ритам да чекори во европскиот ракомет“ – вели Михајловски.

Дел од играчите би требало да останат, но се уште е неизвесен статусот на тренерот Роберто Гарсија Парондо, кој минатата седмица потпиша договор како селектор на Египет.

„На состанокот беше присутен и Парондо, кој слушаше што имаме да кажеме. Јас не кријам дека не ми се допадна што тој потпиша за селектор на Египет во периодот кога побаравме трпение. Сепак, има време, ќе разговараме… во моментов најважно е сите да останат максимално фокусирани на претстојниот фајналфор турнир во Келн“ – порачува Михајло Михајловски во разговорот за ЕКИПА.
https://ekipa.mk/mihajlovski-spasot-na-vardar-e-blisku-igrachite-ke-ostanat-a-parondo/
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.672
Михајловски : Имавме состанок со Сергеј и играчите, сите остануваат освен оние кои имаат договор со нов клуб.

„Точно е дека вчера имавме состанок јас, Самсоненко и играчите и во моментов најважно ни е тие да се концентрираат на фајналфорот. Се прават напори да се спаси Вардар за да биде на ова рамниште на коешто е. Како и да е, ќе се најде едно вистинско, оптимално решение тие да си продолжат. Тие што веќе потпишаа договори со нови клубови ќе си одат, но сите останати ќе останат. Значи имавме конструктивни разговори со цел да се спаси Вардар и играчите да бидат спокојни и да се концентрираат на Ф4“, вели Михајловски за Спорт1.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Значи за следна сезона фалат:

Два пикери, два десни бекови, еден среден и еден лев, освен ако не тераат само со Дисингер и Горбок.

За да остане на ова ниво тимот, на набројаните позиции треба да се купи барем по еден класа играч.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom