Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.594
Поени од реакции
69.937
Ни лазиш по живци сега, така да очекувам во најскоро време некој да те распука со понавредлив пост :D

Како прво ја утнуваш поентата и со тоа уште толку предизвикуваш нервози на темава. Кој збори тука Скопје, не-Скопје, муабетот е дека голем дел од картите ги делат на НЕЗАСЛУЖНИ луѓе.
Сите ќе бидат засдоволни ако 90% од картите се пуштат во продажба. Тогаш јас сум сигурен дека секој што сака карта ќе си купи на време.
Вака во просдажба се пуштаат одвај 1000 карти (прашање и дали толку имало) и нормално е дса има многу незадоволни особено од оние кои одат на сите мечеви.

Посетата во СЕХА лига за грасд како Скопје е смешна (иако во споредба со други години е одлично како се зголеми бројот на гледачи и на вакви мечеви). Клубот организираше патување во Нови Сад за обична публика. Знаеш колку луѓе се јавија? НУЛА.
И сега одеднаш некој само затоиа што се знаел со газдата на некоја фирма, со продавачката од некоја продавница, затоа што е од одредена партија ќе сдобие карта иако не знае ни каков меч оди, а други нема да добијат.

Никој нема против тоа што си купил карта, али жити се не се буни и не ја разгорувај уште толку ситуацијата.
Јас годинава сум гледал преку 40 меча на СД Вардар во живо и на мечот со Хамбург ради бојкотот на нашата група немаше да влезам во сала ама се премислив само затоа што гледав какви дебили одат кон салата, а ги познавам и знам дека врска немаат од спорт.
Разликата е во тоа што Вардар и да отпадне повеќето што добиле карти КУР ќе ги боли, ние ќе бидеме тие што ќе се јадеме година дена па макат утакмицата и во веце да ја гледаме.
Видовме кои луѓе дојдоа на прославата за влез во четврт финале :)

Греота е на сметка на такви фанови и навивачи, карти да земаат некои што прв пат дошле или доаѓаат само на ЛШ и слично.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.050
Поени од реакции
7.810
Тоа си е ОК, ама реално колку луѓе го пратат Вардар како прави фанови? Сигурно не се цела сала.
Плус и во Европа секаде не можеш да кажеш дека полуфиналиња, финалиња на трибина само се фанови?
И јас сакам на Баерн да сум секој викенд, ама гледам таму некои жени и деца. Ама pare buse gde burgija nece[DOUBLEPOST=1397743189][/DOUBLEPOST]

Епа затоа не не бива како народ, немало потреба да доаѓаме. А јас од Кенија ли сум? Мислеш ли дека не знам ниеден играч на Вардар и за клубот што, како?
Седете си со "правите" скопски фанови. Идиотски ти е овој локал-патриотизам.

Jaс барем си признавам дека не сум од Скопје, со тоа автоматски се знае дека не сум навивач на Вардар. А што правиме со позерите од Скопје кои во секое време можат да кажат - Еј Вардаре, те сакам :rolleyes:

Подразмислете малку да беше обратна ситуацијата, клуб од Штип да играше во Европа и да имавме сала како во Скопје. Немаше да сакате да најдете карти нели?
Само што јас немаше да плачам како пичка и да се жалам како хипстери од Скопје ќе ми го земат местото. Не сум се снашол, немам карта и тоа е тоа. Без разлика дали навивам за клубот од 1903 или не. Навивањето е избор, не е наследство од дедо ти, па ти да кажуваш кој смее да биде на трибина, кој не
Ќе пцујам ако некој си од Штип има карта за Пелистер пред мене да ме верваш, едноставно ако нашите клубови имаат управа како што рековме на запад истите пари од тебе и од бате што плаќал 20 години сезонска ќе ги вреднуваат повеќе на овај вториот.
Се е измешано кај нас па ете се делат гратиси на потрчковци, партиски или не знам шо, затоа и спортот е на толку високо ниво.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.656
Поени од реакции
14.512
Eпа не плукајте по луѓето што сакаат да бидат на спектакл и да навиваат, а не бидат дрвени кукли. Плукајте по управата пошто она ги шитка картите.
Дали некој бил првпат или 100 пат е небитно, подобро еднаш, ама да се навива како што треба, отколку 100 пати како статуа[DOUBLEPOST=1397744133][/DOUBLEPOST]
Се е измешано кај нас па ете се делат гратиси на потрчковци, партиски или не знам шо, затоа и спортот е на толку високо ниво.
Toa e проблемот секако, не е проблемот кога некој од Делчево или Крива Паланка си купи карта редовно и НАВИВА како што треба и да е упатен во тоа за што навива
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.762
Поени од реакции
20.484
Едвај зедов 3 карти за блок 10. Во One Охрид имаше касиерот еден куп предходно испечатени карти и ги делеше на пријатели.
 
Член од
10 август 2008
Мислења
698
Поени од реакции
1.898
Не е плачење туку револт. Имам право да бидам револтиран бидејќи знам дека ти не си бил со Вардар кога бил просек, не си бил со Вардар кога бил финасиски послаб никогаш не си ги доживеал ниту ќе ги доживееш поразите или победите како што би ги доживеал јас или некој што Вардар му е се. и знам дека нема да те заболе ако Вардар испадне на пример од ЛШ и имам право да коментирам оти знам дека ќе дојдеш само еднаш на дерби за да направиш чек ин: Во Скопје на ракомет... Излези момче.... ајде ајде Вардаре и толку. Ако сакаш да гледаш ракомет што не доаѓаш бе и СЕХА натпревари да гледаш, или од домашно првенство или не е се "фенси" овие натпреварувања.
И искрено чест на исклучоци на луѓе што ги има од други градови што доаѓаат на РК/ФК Вардар почесто, но тие се помалку..Да бидеме реални сите знаеме дека во последниве години преовладуваат помодарите (се разбираат од ракомет, фудбал, кошарка, ватерполо и се најголеми гомнојадци) кои со гратиси, месни комитети стигнуваат до карта тие се рак рана за било кој клуб и навивачка група.
За крај сте земале карта убаво за вас, не го тупете и не се докажувајте кој е поголем навивач и дали има некој право да ви прерфли што сте земале карта пред некој друг.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.656
Поени од реакции
14.512
оти знам дека ќе дојдеш само еднаш на дерби за да направиш чек ин: Во Скопје на ракомет... Излези момче.... ајде ајде Вардаре и толку.

За крај сте земале карта убаво за вас, не го тупете и не се докажувајте кој е поголем навивач и дали има некој право да ви прерфли што сте земале карта пред некој друг.
Не читаш и ставаш зборови што не сум ги кажал. Што трескаш глупости со чек-ините, реков погоре кој сум и каков ми е ставот кон спорт и дека не сум хипстер, трендер или било што. Ама за тебе е поубаво да читаш меѓу редови. Немаш појма ти што ќе правам јас, освен ако не си Нострадамус.

Под два - никој не докажува кој е поголем навивач, нормално е дека сте вие, ама плакате како мали деца поради тоа што управата на клубот ве ебе и вас, а и нас што ставаат на продажба мал број на карти. За тоа сме најмалку ние криви! Еве организирајте се и бунете се за шиткањето карти, овака се ствара хејт спрема нас, "нереалните" фанови. Бунете се и кај тие од ОНЕ салоните што ве дупат, тие се повиновни и од нас што навиваме и следиме ракомет!

Ставаат карти онлајн и што очекувате, само Комити да се на Интернет?
Јас како што прочитав на темата има проблем во продажбата, а не во навивањето!
 
Последно уредено:
Член од
10 август 2008
Мислења
698
Поени од реакции
1.898
Не трескам глупости знам убаво што зборувам ако не ти, оснататите ќе го направат тоа со чек инот. И убаво ти реков дека не е плачење едноставно имам револт кон таквите фанови и баш ме заболе ако некој се почуствувал "исхејстан" и плус те замолувам непотребно да не мудруваш како требало или не да правиме. На крајот ти реков уживај во спектаклот, но еве како голем фан на ракометот и на Вардар кога Вардар ќе игра со Охрид, Пролет, Јуниорите дојди од Штип, пивото е на моја сметка;).
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.328
Поени од реакции
36.238
Чекајте момци пополека...

Очекувано беше дека ќе има луѓе кои ќе извисат за картите и ќе дојде до ваква ситуација Посебно со толку мала сала како Борис. Јас поучен од претходно искуство си имам правило кое гласи НИКОГАШ не оди да купуваш карти пред ОНЕ или Југотон туку купи си онлајн. Конкретно за оваа утакмица тоа го направив и си земав карти онлајн.

Мое мислење е дека за утакмица на Вардар предност за карти треба да имаат два типа на фанови: тие со сезонски и Комити.

Во оваа ситуација тие со сезонски беа испоштувани и два блока за Комити се тргнати на страна (како ќе се одвива тоа допрва ќе видиме).

За другите карти е или слободна продажба или делење по разни спонзори. Јас немав сезонска али бев на сите утакмици во ЛШ и на 90% на тие од Сеха. Ако не успеев да дојдам до карта тука нема лутиш, оти ако земеме да се докажуваме кој е поголем фан нема да ни се најде крајот.

Така е и на запад, најголемите предности ги имаат тие со сезонски. За другите карти и ја можам да купам ако сум побрз.

Мој совет е доколку сте оставени само на опцијата за купување карти во слободна продажба, да го направите тоа онлајн.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Не е плачење туку револт. Имам право да бидам револтиран бидејќи знам дека ти не си бил со Вардар кога бил просек, не си бил со Вардар кога бил финасиски послаб никогаш не си ги доживеал ниту ќе ги доживееш поразите или победите како што би ги доживеал јас или некој што Вардар му е се. и знам дека нема да те заболе ако Вардар испадне на пример од ЛШ и имам право да коментирам оти знам дека ќе дојдеш само еднаш на дерби за да направиш чек ин: Во Скопје на ракомет... Излези момче.... ајде ајде Вардаре и толку. Ако сакаш да гледаш ракомет што не доаѓаш бе и СЕХА натпревари да гледаш, или од домашно првенство или не е се "фенси" овие натпреварувања.
И искрено чест на исклучоци на луѓе што ги има од други градови што доаѓаат на РК/ФК Вардар почесто, но тие се помалку..Да бидеме реални сите знаеме дека во последниве години преовладуваат помодарите (се разбираат од ракомет, фудбал, кошарка, ватерполо и се најголеми гомнојадци) кои со гратиси, месни комитети стигнуваат до карта тие се рак рана за било кој клуб и навивачка група.
За крај сте земале карта убаво за вас, не го тупете и не се докажувајте кој е поголем навивач и дали има некој право да ви прерфли што сте земале карта пред некој друг.
Со ова донекаде се сложувам. Сепак јас повеќе имам против тој што е од Скопје,а не иде на утакмици на Вардар и оп одеднаш е најголем Вардарец.
Тие од другите градови ете немаат можност на секоја утакмица да одат на Вардар,ама тие од Скопје познавам доста такви што никогаш или ептен ретко биле на утакмици,сега имаат карти,а некои што стварно го сакаат клубот останаа без карта.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.294
Поени од реакции
15.511
На некој ако му улетаат карти, нека се обажда :D Обеќав уште пред две недели и отидов у сити мол и останав со прстот у рака и сеа и под камен треба да барам карти. Дебело плаќам :D
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.252
Поени од реакции
8.338
@STEALTH која утакмица ќе ти биде оваа на РК Вардар во последниве 5 години?

Местото на живеење не е оправдување има дечки од Гостивар, Тетово, Пехчево... што се поредовни и од некои наши членови. Проблемот е желбата да се биде дел од нешто историско иако не припаѓаш таму. Како го викаш ти тоа трендер.

ПС. Другар имаше загарантирани 2 карти уште ден после Хамбург Вардар.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416
Не ја давам ни за 10 пати повеќе!
Пари ќе се потрошат за ден-два-пет. Ама спомените од натпреварот кој може да остави длабока трага во историјата на ракометот ќе траат вечно :)
 
А

Атомската мравка

Гостин
Требаше купи си едно 10-15 карти онлајн препродај ги по 1000че и оди си на реваншот во Фленсбург :icon_lol:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.365
Поени од реакции
28.132

Kajgana Shop

На врв Bottom