Фан клуб - РК Вардар

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.262
Поени од реакции
36.143
"The chances are 50:50 as Vardar are really tough opponents. We need to have great result in the first leg, as we will expect hell on earth on the second rematch in Skopje" said the Flensburg manager Dirk Schmäschke. :)

Натпревар за историја во првата сезона на новиот Вардар предводен од генијалецот Раул Гонзалес. Натпревар кој ако заврши со успех ќе значи дека ова лето одмор нема да видам туку парите ќе ги изгорам за Келн. Натпревар за нашиот Вардар да биде меѓу најдобри 4 екипи во Европа и да биде крем'де'ла'крем во Келн, нешто што пред 10 месеца ни на најголемите оптимисти ни на крајот од паметот не би им паднало ни за секунда помисла за фајнл фор. А сега 10 месеци подоцна тој фајнл фор се чини толку многу блиску и на дофат.

Пречка пред нас е германски Фленбург. Тим кој што игра одличен тимски ракомет базиран на јака цврста 6-0 одбрана, контри и специјалист за run'n'gun тип на играње. Попознати како „скандинавците“ во Бундес лига, од причина на големиот број играчи од скандинавските земји, негување на таквиот тип на игра и на крај самата близина на Фленсбург до Данска (90тина километри) каде што често локални Данци одат да ги гледаат нивните натпревари.

После првата партија некои нешта веќе ќе бидат појасни, и мое мислење дека првиот наптревар е КЛУЧЕН за тоа дали Вардар ќе оди на фајнл фор. Немам сомневање дека Фленсбург ќе потоне како Титаник во Скопје, но дали ќе биде тоа доволно за најдобри 4....

Се соочуваме со страшно мотивиран противник кој преку нас ја гледа шансата да го забележи својот прв фајнл фор во стилот „Сега или никогаш“. Тим кој што има исто така и добар тренер кој им ја има поставено оваа игра која им носи успеси и во Бундес лигата и во ЛШ.

Најдобриот резултат за Вардар би бил тесна утакмица со малку голови во Фленсбург. За да се оствари ова мора многу внимателно да се игра во нападот, да не се губат лесно топките и да им се дозволи на Фленс да постигнуваат лесни голови преку крилата. Верувам дека Гонзалес ќе најде начин и ќе смисли план како да се разбие нивната гранитна 6-0. Би можел само да нагаѓам дека со една од најбрзите бековски линии Прибак, Карачиќ и Дујшебаев со многу вкрстувања ќе се обидеме да ги „извадиме“ од позиција нивните спори дефанзифци со што би можел да се оствари влез. Или пак да го храниме со топки нашиот пикер кој ќе гледа да ги натера истите тие играчи да направат исклучувања. Дибиров и Брумен ќе мора секој овозможен влез да го реализираат како да им е последниот шут во живот, бидејќи промашен зицер е нешто што не смееме да си го дозволиме.

Нивниот напад не е толку „страшен“ по имиња како нападот на Хамбург, Кил или пак Рајн Некар, но досега се покажал многу ефективен како колективитет и бил убиствен против тимови на кои им треба подолго време да ја постават својата одбрана. Доколку ја играме нашата цврста одбрана со чести излези на бековите и недозволување да изградат игра, со (дај Боже) расположен голман ќе успееме да го скротиме германскиот дизел на едвај 20тина голови. Ова се разбира потпаѓа по услов да не дозволиме да се бркаме со нив по теренот или да им дозволиме да поентираат брзо на нашите грешки во напад. Бркање по терен и играње со непоставена одбрана е едно големо НЕ.

Генералниот впечаток е тој, тим кој игра колективен ракомет со скандинавски шмек и максимално искористување на грешките на противникот.

Пред нас е пишување на историја во секој случај. Само кога ќе помислам на натпреварот во Хамбург (без Дибиров во составот!) кој е најдобриот натпревар во историјата некогаш изигран од Македонска екипа и што успеавме да му направиме на Европскиот шампион, единствено нешто што ми се врти во глава е финале со Барселона!

Живи били па видели што ќе направи нашата црно-црвена љубов :)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.647
Поени од реакции
14.498
Никој нема да мрчеше на темва и се ќе идеше на пцуење за партиски што се делат картите ако не се појавија овие со прва утакмица во живот што им е. Ама не они го сакаат спортот, се надевам утре јавање коњи ќе направиме некој успех и таму ќе ги има истиве. Па нормално ќе му биде прва утакмица кога претходната го потцени Вардар. Нели Вардар требаше да испадне од Хамбург што ќе се мкнам од Охрид Штип Гевгелија. Е од такви ми се сере никад нема стапнато
Купиш карта купиш ќути си, не прв пат доаѓаш се понашаш над сите.
И упорно тонеш со глупости. Ако ти се оди по ВЦ, оди, не го прљај форумот со пишување смешни работи.

1. Зошто некој што го сака спортот не смее да оди на јавање коњи? Или рагби, или бејзбол? Колку ти е глуп аргументот дека НЕ СМЕЕ да се оди...856 страни од темата ти се смеат
2. Јас не сум го потценил Вардар, нити било кој тим за кого навивам. Ако некој се сеќава, може да потврди дека кога играа Македонија - Шпанија јас прв се бунев дека е топка, сешто може да се случи, еден куп луѓе ме правеа луд. Македонија изгуби да, но македонски екипи и репрезентација никогаш не сум потценувал кога играле со странски екипи.
3. Не се пофалив затоа што имам карта, туку нервираат ваквите како тебе сезнајковци што мислат дека Вардар е нивно наследство од дедо/вујко/стрина и продаваат муда за бубрези кои треба да присуствуваат на утакмици на Вардар, кои не.
Да пишев дека имам карти за 1 коло од мак. првенство ОК ќе беше нели, дојди да има повеќе посетеност? Сега на ова ми е "забрането"?
Епа многу лицемерно од вас, вистинските фанови.

Само запрашајте се како ќе беше ако по некоја луда случајност ФК Брегалница играше пријателска во Штип на стадион од 3000 луѓе против еден Реал од Мадрид?
Па сите фанови од Македонија рака ќе исечеа да присуствуваат, ќе се фаќаа врски за карта повише, а што е уште пожално - ќе се навиваше за Реал.
А навивачите на Брегалница што се по трибини и на сонце и на дожд, некои од нив НЕМА да стигнат до карта. И?
Ќе пишеа тука на форумот исто како вас, само знаеш ли што ќе беше ВАШИОТ одговор?

,,Кој ти е крив што немаш карта"

Епа затоа чукнете си ја таа главата малце со овие глупости што ги пишувате
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
ХАМБУРГ СЕ СПАСИ ОД ПЕКОЛОТ АМА ФЛЕНСБУРГ ЌЕ ИЗГОРИ
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.501
Поени од реакции
69.137
Држете се че ве скиниме со други зборови кажано :D

Нема што да се мислиме, таму губиме 6 разлика, дома тепаме 2-3 и испаѓаме :unsure::icon_lol:

Вардар ќе има поддршка и во Германија инаку :гик:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Леле ќе грми, ќе се тресе, пискотници ќе се слушаат од Галичник до Гевгелија!:vozbud::vozbud::vozbud:Море до Германија ќе се слушаат!:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.345
Поени од реакции
27.939
Леле ќе грми, ќе се тресе, пискотници ќе се слушаат од Галичник до Гевгелија!:vozbud::vozbud::vozbud:Море до Германија ќе се слушаат!:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Сега веројатно ти е појасно зошто секогаш те викаме Крејзи, а не целосна верзија :D :D :D
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Добивте нов меил нешто за ова со ПДФ документот кај мене уште ништо нема? :( Ако останам без карти нека му ја мислат MkTickets.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
ако ви повлекле пари од сметка ок е. Принтскрин од меилот и готово.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.183
Поени од реакции
34.407
ако ви повлекле пари од сметка ок е. Принтскрин од меилот и готово.
Да, принтскрин од мејлот и го носиш на каса 2 часа пред натпревар... И оп, ти ги нема картите. После џабе извинување и враќање пари, ако си останеш пред сала. Финтата е да потврдат дека се е во ред пред натпреварот. Се надевам дека до вторник - среда ќе имаме завршница :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom