Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.532
Поени од реакции
29.077
Кој беше Пецаковски?Сите ги заборавам...И ме интересира остана ли типот што лани беше у ивалидска количка шо беше на штаки со коленото имаше многу проблеми играше постар играч е мислам...
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Пецаковски е еден млад дечко со брада, игра лев бек...

А тој другиот, со штаките, веројатно е Раде Стојановиќ... и не остана во Вардар, но нема информации во кој клуб преминал.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Кој беше Пецаковски?Сите ги заборавам...И ме интересира остана ли типот што лани беше у ивалидска количка шо беше на штаки со коленото имаше многу проблеми играше постар играч е мислам...
Тој е Раде Стојановиќ кој заедно со другите поискусни играчи Алушевски, Макалоски и Ангеловски си заминаа бидејќи правиме подмладување на тимот. Инаку Пецаковски како и многу други играчи кои играа лани потекнува од школата на Пелистер. Младиот Битолчанец е еден од подобрите кои ги извадил Пелистер ама неговата кариера во последните неколку години како да стагнира. Лани почна одлично али закачи повреда која го следеше цела сезона. Се надевам дека оваа сезона ќе се покаже во вистинско светло. Инаку мило ми е што во тимот истотака се наоѓа Караиванов. Каков шут има типот, многу ми е жал што не напредна во Вардар, откако во Младост од Богданци правеше ршум.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Прочитав дека се донесле нови 18 играчи, заедно со после донесениот тој што игра лев бек Видовиќ (202cm висок). Вкупно прават повеќе од 20 играчи, заедно со тие од стариот Вардар.
По колку играчи се потребни за секоја позиција?

2ца или 3ца?
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
^ Нема везе тоа,најголем дел од играчите се како на проба во вардар,кога ќе се проверат сите на пријателските утакмици,некои од нив ќе бидат ослободени. 20тина квалитетни играчи мора да се има на располагање ако се сака да се атакува на титула.
 
А како се на проба кога веќе скоро сите потпишале, како можат да ги ослободат (не ми е јасно околу ова) ??

Или тоа нема врска?
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Не потпишале сите.
Конкретно хрватот Видовиќ мислам дека уште нема договор добиено.
А за ослободување лесно е,нема место за тебе во овој тим и чао пријатно,нема некоја филозофија :)
 
Аха, јасно мие ! Благодарам !

А истотака во контекст на тоа дека од сите играчи пишуваше дека допрва ќе се составувал тимот во зависност кој- како ќе се покажел на припремите ( во Златибор мислам дека се )... Што всушност се тие тренинзи ? Дали некој е информиран околу тоа?

Поздрав...
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Аха, јасно мие ! Благодарам !

А истотака во контекст на тоа дека од сите играчи пишуваше дека допрва ќе се составувал тимот во зависност кој- како ќе се покажел на припремите ( во Златибор мислам дека се )... Што всушност се тие тренинзи ? Дали некој е информиран околу тоа?

Поздрав...
Дее бе братче,нормални тренинзи,се оценува квалитетот на играчите (Шут,брзина,поставување-одбрана напад и сл ),а подоцна и на контролните натпревари се оформува целата слика за тој играч и квалитетот негов. :helou:
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Дее бе братче,нормални тренинзи,се оценува квалитетот на играчите (Шут,брзина,поставување-одбрана напад и сл ),а подоцна и на контролните натпревари се оформува целата слика за тој играч и квалитетот негов. :helou:

Јас ги разбирам сите тие работи само не ми беше јасно, како Савевски допрва ке го составувал тимот (од сите 28 мислам дека се ракометари) тој ке ги одбирал најдобрите, кога веќе скоро сите потпишаа договор за тимот и тоа на 2-3 години ...
Јас знам дека договор може да се раскине само во случај ако истекува... Околу тоа се збунив. Ви благодарам ...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Тие играчи потпишаа за Вардар. Нема никој да биде избркан. Освен Видовиќ кој е дојден на подготовките и кој сеуште нема договор, другите се под договор. И таман играли имаме, нека не ве лаже таа бројка од 30-тина, бидејќи во нив спаѓаат и оние кои нема да дбијат голема шанса во првенството...
 
А кои се тие играчи кои нема да добијат голема шанса во првенството?? Јас колку што знам, во Вардар ПРО се и некои 18 годишни играчи кои беа во МРК, па ти е уште немаат потпишано договор... Што ќе се слуши со нив?
 
Бавариа

ГЕМИЏИЈА ОД ВЕЛЕС
Член од
16 март 2010
Мислења
189
Поени од реакции
10
А кои се тие играчи кои нема да добијат голема шанса во првенството?? Јас колку што знам, во Вардар ПРО се и некои 18 годишни играчи кои беа во МРК, па ти е уште немаат потпишано договор... Што ќе се слуши со нив?
па тие се тие играчи шо ја прават таа бројка од 30,играчите од МРК Вардар кој сеуште немаат најдено нов клуб,ако го најдар ќе бидат ослободени....моментално тренираат со Вардар
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
па тие се тие играчи шо ја прават таа бројка од 30,играчите од МРК Вардар кој сеуште немаат најдено нов клуб,ако го најдар ќе бидат ослободени....моментално тренираат со Вардар

Тие играчи од МРК кои имаат по 18 години се двајца и тоа Георгиевски и Ордев.
Двајца повеќе или помалку и нема баш некоја функција. ДАли ке тренираат 28 или 30, не е битно.
Дај да не шириме дезинформации...
Ке видиме допрва... :helou:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Алушевски во Металург, а МРК и официјално истапува од прва лига, и на негово место ќе игра Куманово, а можно е дел од ракометарите на МРК да заминат во Куманово!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom