Фан клуб - РК Вардар

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.823
Поени од реакции
5.630
Па Симовиќ е проверен играч ти текнува ли лани во Добој кој беше најдобар стрелец и тоа со тимови како Босна, Нордхорн и незнам кои др беа, а инаку и Вукчевич колку шо знам ќе биде во тимот! За Пецаковски и двајцата се сложуваме за него мислам дека е голем потенцијал , па за оваа сезона се зависи од овие новиве како ќе се погодат..
другарчее.... те молам немој Симовиќ... те молам.... не си свесен колку го има пцуено цела сала Билјанини Извори него кога се играше Светското Првенство за младинци во Охрид.. на никому не му беше јасно како успеваше такви зицери да промашуваа.. ај што промашуваше зицерии капакот го прели кога на два пати успеа празен гол да промаши... кога го прекомандува Вујовиќ во првиот тим на Вардар си викам ај ќе го биде, ама како шо викаат старите од секое дрво свирче не биваа.. за светското првенство Вујовиќ беше селектор на децава и им ги "собра" и Симовиќ и Вукчевиќ на цргногорците негови... капитен на таа репрезенатција беше токму Пецаковски, ама поголем баксуз од тоа дете немам виденоо.... кога дојдоа решавачките натпревари мислам дека скрши прст и отсуствувашее подолг период... од таа репрезенатција во Вардар сега моментално од ова шо читам се Никола Марковски, Гоце Ојлевски, Пецаковски и Вукчевиќ.. исто така и Александар Ангеловски беше дел од репрезентацијатаа и се согласувам дека треба да ми се даде вистинска шанса кога веќе се оди на подмладувањее... детето е високоо и има страшен и шо е најважно прецизен удар
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
42
Поени од реакции
1

шо знам пошто не сум толку сигурен за квалитетите на Симовиќ ај да ти верувам , а незнам од каде мислењето за Вукчевиќ дека е добар играч?
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.823
Поени од реакции
5.630
шо знам пошто не сум толку сигурен за квалитетите на Симовиќ ај да ти верувам , а незнам од каде мислењето за Вукчевиќ дека е добар играч?
Вукчевиќ е интелегентен, снаодлив играч... баш она што се бара на таа позиција среден бек/плејмејкер... знае да ги разигра сите играчи од крило до пикер.. знае да шутне во вистински момент... нешо тип на играч како Ивано Балиќ (не дека ги споредувам фала богу) иако светлосни години позади него во квалитетот..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
ако е Симовиќ добар шутер ја глава ќе ја исечам :pos: :pos: од 100 удари на гол ако погоди 10 треба да части.... Пецаковски е добар играч... што бидна со Вукчевиќ ме интересираа... добар среден бек беше тоа детее, интелегентен, знае да извлече макс од ситуацијатаа... иначе срам да му е на Михалјо како прво што ги "уништи" децата од МРК, а како второ шо го испушти Алушевски
Се согласувам дека Симовиќ е само просечен играч и ништо повеќе... Многу шутира а малку погодува.
Вукчевиќ е во вардар, но очекувам допрва да ги покаже своите квалитети.
Инаку не се согласувам со тебе дека Михајло ги уништил играчите на МРК вардар. Значи тој не ги врзува со договор туку им дава слободни раце. Го направи правилниот избор па во Вардар Про дојдоа најдобрите од тој состав. Договори се потпишани со Кукоски (уште лани), Јовчевски (лани), Ангелевски, Ојлевски, Никола Маркоски (лани) и Ордев. Жал ми е само што го нема јанев. Другите имаат можнмост одново да играат во првата лига и тоа во тимот на Куманово. Значи ниеден од нив не е упропастен само нормално е што се задржани само најдобрите, а послабите уште имаат место кај да се докажуваат :smir:
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Се согласувам во целост со DimceY... И уствари ако сакаш да успееш во тоа што го работиш не треба само да потпишеш договор и да седиш на клупа. За да те забележат луѓето па да дискутираат вака како во случајов ние, треба да ти биде дадена добра минутажа и да си во игра. И сепак мислам дека џабе ние тука зборуваме, што и како треба да биде кога Савевски или Михајло ова нема да го прочитаа па ќе не послушаат !!! А за тоа кој и како потпишал незнам ништо иако многу ме интересира и уште од почетокот на припремите се трудам да научам. Знам дека Ојлевски потпиша 100%, па игра како лево крило заедно со Клинчаров. А дали потпишале Георгиевски, Ордев и А.Ангеловски незнам... Сепак мислам дека Георгиевски и Ордев се премлади за оваа екипа имаат само по 18 години има време за нив, за да бидат тие дел од прв тим. А за А.Ангеловски немам коментар, само пофалби за него...детето е неверојатен играч. Го следев и на Светското во Охрид, ме остави едноставно без зборови.
Па, баш би сакал Савевски и Михајло да прочитаат што ние КОМИТИТЕ тука пишуваме барем во нешто да не послушаат и да превземат иницијатива нашата заедничка желба да биде исполнета :) Па милина да ти е да го следиш и бодриш Вардар. Али како тоа е возможно, како сето ова да стигне до нив ??
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Михајло Петровски шо беше во вардар ова сезона изгледа ке игра во Пелистер од каде и што потекнува
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Михајло Петровски шо беше во вардар ова сезона изгледа ке игра во Пелистер од каде и што потекнува
Хмм, јас читав во спорт дека потпишал за некој тим од Луксембург :raz:
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Михајло нема да идгра во Луксембург, не му дале работна виза... одложено е тоа за наредна сезона. Ќе игра за Пелистер. Поздрав
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Не е одожено за наредната сезона готово со тимот од луксембург ништо појке нема со него (а тимот беше тој против кој ке играт вардар во КПК Берехем некако беше...
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Кај е целиот календар за сите кола????
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982

Attachments

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
На турнирот во Бања Лука сме завршиле на 3то место. Со 1 победа и 2 порази.

Сега се игра натпреварот против Монпеље на турнирот во Добој, По првото полувреме губиме со 12-19.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
хахаха... само ќе се насмевнам на поразите на НАШИОТ ВАРДАР !!! Како можат бе, нели јака екипа беше тоа ???!!!!!! Тој ПЕЈОВИЌ ВРСКА НЕМА, ВРСКА НЕМА бе му даваат уште минутажа па.... страмота !!!!!!! Воопшто не сум задоволен !
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Од монпеље сме изгубиле 37-30. Што ми изгледа како сосема нормален пораз од таков тим ( ако играле со 1 постава )
Натпреварите не ги гледав за да можам да коментирам нешто повеќе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom