Фан клуб - РК Вардар

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
Ќе не скинат на искуство на пикер... Појаки се за Ракчевиќ од лани ...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.946
Поени од реакции
73.640
Ќе не скинат на искуство на пикер... Појаки се за Ракчевиќ од лани ...
Абе каков Ракчевиќ :icon_mrgr:
Ајде кога веќе разглабаме, едноставно имаме различни тактики. Они играат цврста одбрана, долги напади, и воглавно или одбраната сече и одат во контра или по долг напад одат индивидуално на шутеви од бековите.
Ние немаме баш таква игра. Туку имаме постојана ротација, а најака страна ни е брзиот центар, нешто што Металург не го практикува. Плус добри одлични сме по крила, ама па на Станиќ баш ударите по крило му се најака страна.
Бековите ни се енигма. Едноставно немаме разбивачи, освен Прибак можеби, другиве се повеќе креативци, разигрувачи по крило и пикер што е нашата единствена опција во нападите. Ако успеат да ги запрат тие проигрувања, и ако не наведат на позициона игра сме наебале. А за таква игра веќе имаат лесно испробан рецепт кој им поминува во наше првенство, дава гол, паѓа се витка на земја и неможеш да организираш брз напад туку мораш во позициона игра.
Се знае прво им даваме фора, не се замараме, кога ќе се изморат ги кинеме по контри и со брз центар :icon_mrgr:
И ние сме поискусни од лани, за разлика од други години сега имаме тим кој подолго време е заедно.
Тенка е границата според мене за нашите меѓусебни дуели, или ќе изненадиме во некој меч полн со пресвртници каде што ќе имаме наш период во кој они ќе стагнираат во играта (секогаш имаат таков период кога ништо не им оди на нивните бекови) и ќе ги натераме да грешат, или ќе не наведат на позициона игра и ќе претпреме огромен пораз.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Лоши се на пикер Металург, скоро и да не играат преку пикер, во тој аспект Вардар е доста подобар. Како и да е, секој удар од Вардар ќе мора да влезе или да иде надвор од гол, секоја сигурна одбрана на Станиќ е контра и гол преку Манасков и Георгиевски.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Ако се биде во ред, мечот треба да се одигра на 10 ноември како дел од 8-то коло од СЕХА и тоа ние сме домаќини.

Инаку следниот меч ни е еден од најтешките испити. Гостување во Прешов каде што скоро никој не победува :D
Татран годинава ми се чини дека се послаби за нијанса од лани ама сеуште се доста силен тим, со Криштофанс и нашиот екс играч Јан Собол :D
Гостуваме веќе во среда.
Ја префрлија мислам со Татран да се игра во Скопје. За да не патуваме два пати во една недела.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Лоши се на пикер Металург, скоро и да не играат преку пикер, во тој аспект Вардар е доста подобар. Како и да е, секој удар од Вардар ќе мора да влезе или да иде надвор од гол, секоја сигурна одбрана на Станиќ е контра и гол преку Манасков и Георгиевски.
Хехе,Металург не играл преку пикер:rolleyes:..
Не знам шо си гледал ти пријателе,ама мислам дека грешиш...
Баш преку пикер ја темели целата своја игра во напад Лино,посебно сега по враќањето на Ракчевиќ..
Можеби лани и не форсираа толку,зошто Ванчо не е толку подвижен и спретен како Ракчевиќ,ама оваа сезона едноставно таа е играта...
Дури и кога се со играч помалку пикерот никогаш не излегува,шо е реткост во ракометот...
Се оди по средина,Мојсо или Миркуловски,или Ракчевиќ прави блок за влез или шут,или пак топката оди кон него...вчера еден куп акции поминаа баш преку пикер....или гол или пенал....
А кога во екипата имаш еден таков мал,подвижен и силен како вол пикер тешко е за чување...во ништо не заостанува Ракчевиќ зад Стоилов и Маркоски(барем според мене)+предноста на Металург над Вардар е шо и со затворени очи се читаат Мојсо,Миркуловски со Димовски и Ракчевиќ,шо не е случај со Вардар....кој секоја сезона речиси комплетно ја менува бековската линија...со што се оневозможува подобра уиграност со внатрешната линија...овде Металург е во предност...
Како и да е,има време до пролет,дотогаш можат да се изменат многу работи...
Дарко Георгиевски....
 
За првиот дел се согласувам, откако се врати Ракчевиќ играта ите како ја форисраат преку пикер.

Ама за тоа дека нашите не се уиграни со пикерите си голема грешка. Мада досега игравме со релативно послаби екипи, сепак воиграноста со пикерите е на високо ниво, да не речам се проигрува со затворени очи :icon_mrgr:
Истотака не сменивме којзнае што на бековската линија. Сите бекови се исти плус што дојдоа Прибак и Рајковиќ. Сите преигрувања одат преку Бела, Лазаров и Карачиќ. Бела ги јаде сите со истата финта, скока божем ќе шутне, овие летаат, си влегува непречено или дава гол или асистенција до пикер :icon_mrgr:
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
За првиот дел се согласувам, откако се врати Ракчевиќ играта ите како ја форисраат преку пикер.

Ама за тоа дека нашите не се уиграни со пикерите си голема грешка. Мада досега игравме со релативно послаби екипи, сепак воиграноста со пикерите е на високо ниво, да не речам се проигрува со затворени очи :icon_mrgr:
Истотака не сменивме којзнае што на бековската линија. Сите бекови се исти плус што дојдоа Прибак и Рајковиќ. Сите преигрувања одат преку Бела, Лазаров и Карачиќ. Бела ги јаде сите со истата финта, скока божем ќе шутне, овие летаат, си влегува непречено или дава гол или асистенција до пикер :icon_mrgr:
Ќе видиме како ќе функционираат со посилните екипи,шо играат ОДБРАНА...со овие екипи лесно поминуваат тие акции....
Со вакви екипи како Ловосице,Извиѓаќ,Ловќен не се оценува квалитетот на една екипа....
На прв поглед делува дека Вардар има посилен тим од лани...иако досега за мене единствен резултат за респект е ремито со Загреб на гости....
Ќе видиме..има време(посебно до решавачките дуели во првенството)........рано е да се даваат прогнози за играта и можностите на двата тима....зошто реално Металург игра со многу посилни тимови во ЛШ за разлика од досегашните ривали на Вардар...
 
Вистина е дека имавме полесни противници, ама за разлика од лани кога и со нив едвај победувавме, сега едноставно рутински без никаква мака ги прегазуваме.
Го заборави Брест Мешков кој не е до толку наивна екипа. Ете го совладаа Нексе сред Хрватска во купот на ЕХФ, а во Скопје беа лесно торпедирани.
На крај краева ако не ни оди со проигрувања на пикер, тука се летечките крила :icon_mrgr:
Сеуште е евидентно дека ни фали лев бек шутер, Лазаров игра многу плашливо и примарно му е да оди на додавање отколку да се крене на шут.
Прв пат задржуваме иста екипа во две сезони и тоа е големна предност за нас, па костурот на тимот само се надоградува.
Металург е појак но не и нпобедлив, а најголемата разлика ја прави Станиќ ;)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.057
Ако проработи и Рајковиќ ќе ни се зголемат шансите за да ги тепаме, ќе мора некој да ја разбие одбрната на Метларуг некој зада има простор повеќе за Стоилов.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Да бидеме реални,Металург е појак.Нема тука што да се дискутира,Лино веќе 3 години гради екипа,костурот е тој.......дури на мое изненадување ја имаат многу убрзано играта.Уствари позициониот напад е уште силувањето на Мојсо и Миркуловски,но ова сезона многу повеќе постигнуваат лесни голови и ја форсираат контрата после одбранет напад.Плус го имаат и одличниот Вугринец.
Искрено не очекувам ништо од дуелите со Металург оваа сезона, иако Вардар е појак од лани и Металург го дигна нивото.Никогаш не сме имале вака 2 квалитетни екипи во Македонија- никогаш.Не е ни Вардар без шанси и не е воопшто наивна екипа,но мислам дека и оваа година за жал ќе остане титулата во Автокоманда.

Вардар оваа сезона изгледа одлично,иако повеќето противници беа за 2 класи послаби сепак воодушевува начинот на кој што тие беа торпедирани.Едноставно и со послабите противници се меле до крај што зборува за менталитетот на екипата и нема позиција на која што се покажува слабост - екипата е доста добро избалансирана.Сепак Вардар и против посериозните противници како Брест и Загреб се покажа одлично. Белорусите не знаеа кај им е газот,а каде главата на Кале,а Загреб колку и да е ослабен сепак е добар екипа и изгуби дома 2 бода.
На крило сме одлични,на левото сме на ниво со Металург додека на десно мислам дека сме подобри. Раковиќ многу ми се допаѓа како игра и мислам дека е најдобро десно крило што игра во Македонија.Козла за играч не го ни рачунам....така да кој и да е второ десно крило кај Вардар е подобар од него.
Пикерската позиција е сеуште јака,иако сме доста ослабени со заминувањето на Николиќ.Мада и без него Маркоски покажува голем напредок особено во нападот.Во одбрана знаевме дека е одличен,но дечкото и во напад игра одлично и мислам дека се избори за да биде стартер пред Столе.Столе си останува зверка....можеби нема играчи како во репрезентацијата да го хранат со топки,ама он ако прими топка на 6 метри или е тоа пенал или гол.Дебеливе на Металург некако и ги фаќаат,ќе ги кренат и ќе ги сопрат....ама,Столе кој е секогаш на раб на фаул во напад (ако сакаат судии можат да го убијат со тоа) тешко и најдобрите дефанзивци во светот можат да го фатат.Ако се здрави двајцата на пикер и те како можеме да се носиме со Металург.
На најважните позиции во ракометот-бековските, сме послаби.Лазаров израсна во колку толку коректен играч,знае да асистира,добро изведува седмерци,ако се одигра добра акција и вкрстување за него знае многу добро да ја плесне.На среден бек и ние имаме силувачи како Мојсо и Миркуловски,но Прибак и Карачиќ се нешто послаби од нив.Вујо успеа од Абутовиќ да направи ок шутер....има дечкото јак шут и висина,но на тоа и останува.Нема финта и му треба и на него залет,а се сомневам дека против Металург ќе има многу шанси и простор за такво нешто.На десен бек го имаме волот Рајковиќ и пензионерот Петриќ.Вугринец е млазен авион и за двајцата.
Кај Петриќ се гледа искуството во него и знае да повлече кога треба,но е голем поторошувач на топки.Ќе се дигне преку одбрана и место да шутне ќе спушти или ќе ја шутне во земја често.Овој другиот е како како воз.....нема некоја брзина,просечен шут,али ај фати го да те видам.....волетина тешка е.Дечково ги има најголемите листови што сум ги видел во животот (+ носи ниски патики,па замислете како изгледа тоа) и џабе не го видов да се одбаци од земја,ама ај да те видам најди му се на пат.
На голман нема потреба за муабет.Милиќ е голем потенцијал,но често брани топло-ладно.За разлика од Станиќ кој не ебе жива сила,овој знае да се избедира или да го фати тежок облик на куроболка. Мартиновиќ е приказна за себе,доволно зборува за него ако кажам дека е ракометниот Брајан Скалабрини.Металург кај има одлична одбрана имаат и појаки голмани.
На тренерската позиција Лино е еден од најголемите ракометни теоретичари на светот и има феноменални подготовики за утакмица,но го нема инстинктот на Вујо.Никогаш не бил играч и многу знае да се изгуби на утакмица......ако Вујо не троши енегрија на карање со судии и делгати може феномелано да води натпревар.

Како и да е,Металург е фаворит нема тука дискусија.Вардар е озбилна и никогаш појака екипа и има своја шанса.Шансите според мене се 60-40 за Металург во еден натпревар,во 2 шансите уште повеќе идат кај Металург.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
И лани беше Металург фаворит,па поштено го испушија.
Во СЕХА и во купот и тоа 2 пати беше тоа една утакмица.Во првенството што е најважното не потопија.....масакрираа,па не изедоа и на крај не посраа.
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Во СЕХА и во купот и тоа 2 пати беше тоа една утакмица.Во првенството што е најважното не потопија.....масакрираа,па не изедоа и на крај не посраа.
Прошлата сезона ние две титули,они една.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom