Кажав уште пред некое време дека на подобрите играчи им е кажано да си бараат клубови во наредната сезона, бидејќи клубот не може да го издржи финансискиот товар, односно Михо веќе нема да вложува како досега.
Имаше надежи дека ќе влезе поголем спонзор, ама не бидна ништо.
Се погоди период во кој за жал цел фокус на навивачката група е на наоѓање спас на ФК Вардар и се запостави ракометот. Ситуацијата во ФК Вардар е прееееделикатна и мислам дека на никој од водството не му е паметот во ракометот.
Јасно е дека без пари не може веќе да се носиме ни со Пелистер, ни со Алкалоид, односно толку беше од шампионската вардарова приказна.
Моја претпоставка е дека нема да остане ниту еден поважен играч, а дури и оние кои се втор ешалон се знак прашалник.
Остануваме без СИТЕ главни бекови, а со оглед на ограничувањата на бројот на странци и фактот што немаме македонски бекови на пик, црно ни се пишува.
Остануваме без Тале, Дутра, Моралес, Манасков, Томовски, а претпоставувам и без Мишевски, Чувара и Ѓукиќ.
Возможно е Столе и Гоце да одиграат една последна сезона. Пикерите се тие, леви крила веројатно ќе бидат некои македонци (или тој анонимниот србин заедно со Стојановски), десни крила Гоце и Ќосевски, голман Гогов и Боре ако продолжи да игра, а од бекови можеби ќе останат Јагуриновски и Карапале. Добрковиќ секако не доби шанса, не гледам зошто би останал, иако можеби би бил предводник наредна година.