Македонче, научено за 200 денари да јаде, да пие и да гледа врвен спорт. И после немало спорт во државава. Па со вакви мислења и 3000 би ви стаил карта. Се дур се палите на противниците и гага пијачки и сендвичи, ич нема потреба у сала да доаѓате.
Не си во право, затоа што цените за наш стандард се превисоки. И нормално е дека не може да е иста цена Вардар - ПСЖ, со Вардар - Запорожје/Елверум, затоа што квалитетот на натпреварот не е ист, а Скопје/Вардар нема 5000 луѓе што би си дозволиле во секое време да идат на секоја утакмица на вардар (односно исполнетоста да е 90-100%).
Вардар беше јак, и се одеше да го гледаат Вардар во мега-дербиња, но сега квалитетот е опаднат, и евентуално би дошле ради добар противник.
На пример, во Фудбал, Манчестер Ј. е бренд во УК, па и да се 10ти во лига, пак ќе имаат исполнетост од 90% на било кој мел, макар и со послаби екипи.
Картите за ракомет треба да се 300-350 денари максимум, и да варираат во цената во зависност од противникот.
А кога нема интерес за 400, стави ги по 200, да се наполни цела сала, па пак ќе ги соберат истите пари. И не е работата за гага сендвичи или пива, туку да се направи да се троши и во сала, па така да зимаат пари. Баерн на Алијанц од само една утакмица дома, приход од испиено пиво (само пиво, без јадење и сокови и благо), има колку Вардар што би имал за три сезони.
Али ако стават пиво у сала 50-60-100 денари, подобро е него да нема пиво, и да седат луѓето како мулиња.
Не сме научени како македонци да купуваме тракатанци од клубот, за да се носат пари во клубот. Затоа и единствена шанса им е да опљачкаат спонзор, или да земат од карти.
Да дополнам, во Европа тие фановите се бунат дека им се скапи картите, кои во Германија на пример за ЛШ прва категорија се 100 евра (Гледајќи го Баерн против некој јак тим), што е 1/12 од минималната плата (1200 евра нето).
Кај нас за да го гледаме Вардар (кој притоа не е БАЕРН), во ЛШ, на минимална плата од 14500, карта за прва категорија треба да е 1210 денари. А тоа кај нас нема да се случи, затоа што карта во ЛШ фудбал за вардар, ќе биде минимум 35-40 евра, што е речиси дупло.
И немојте со тие приоритети 100че комар океј, 100че карта скапо. Кога на некој начин сите го имаме истиот проблем.
И вие сигурно не би дале за ѓеврек 60 денари, само затоа што водата во хавана е 120.
,