- Член од
- 12 декември 2010
- Мислења
- 10.628
- Поени од реакции
- 11.691
Ама реално неможе исти да се цените за Мешков и ПСЖ да речеме, факт е дека некој што има сезонска не иде на Мешков а не пак да очекуваат да купи некој поединечна по оваа ценаЗдраво на сите, направив профил за да видам што точак да купамама кога веќе имам профил ќе бидам и активна тука во иднина. Не се сложувам дека цените се толку скапи за да еден фан ако реално сака, не може отиде на утакмица.
Да, влезниците се поскапи во споредба со претходно, и тоа воопшто нема врска со квалитот за тимот пред неколку години и сега, бидејќи гледам некои тоа пишуваат по профилите на Вардар на социјални мрежа, ја прават таа компарација што нема врска. Се знае дека цените за поединечните влезници се разлика 50 денари (ако не се лажам беа 300, 350 и 400), а сезонските за 500 мислам од преходно, и тоа верувам е бидејќи дозволениот капацитет е само 30%. Можете да замислите колку голема загуба е во споредба со претходно, поготово ако се земе дека лани цела сезона беше без публика, па качиле нешто да се извади нешто плус - колку толку. И не гледам ништо толку страшно, на 2 недели една утакмица се игра дома - можеш во тие 2 недели да скратиш едно кафе или пиво. Сеха не е почната, домашните утакмици се бесплатни. За вакцините - секаде е тоа правило. Унгарија беше лани меѓу првите што за 1/4 мечеви почнаа со вакцинирана публика, некои 30% беше исто тогаш таму. Сега се стигнати до полн капацитет (ја гледав малце утакмицата со ПСЖ, а и за Ѓер е исто). И речиси сите други арени беа или полн капацитет или некои 70-80%. Само ние сме со 30%, и тие не можеме да ги достигнеме, се' нешто/некој ни е крив. А лани цела година се плукаше зошто не ни дозволуваат публика..
Ако ги остават вака цените и следна година, откако се надевам ќе се вратиме во нормала и ќе биде дозволен полн капацитет, ќе се сложам дека се високи. Сега, ми се разбирливи.
Sent from my iPhone using Tapatalk