Фан клуб - РК Вардар

Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.237
Кажи ми кој реално има средства да даде 200 денари за меч со аматерски противник?:)
Особено ако се знае дека пак треба да се дадат пари за финалето.
Михајло има обебзбедено одреден број на влезници за Комбат 87, исто како што Минчо има обебзбедено за Пирати.
Само мислам дека Минчо ќе откупи многу повеќе карти кои ќе им ги продава по поволни цени на житѕелите на Автокоманда или ќе ги раздели по фирми. Не му претставува некој поголем проблем тоа...
Слично направија челниците на МЗТ кои картите од финалето нa купот ги откупија со свои средства и на фановите од Аеродром им ги продаваа по цена од 100 денари :)
Е Михајло неверувам дека може да си приушти таков луксуз :(

Ја ќе пробам да се изгагам, ако не ќе платам 200-че :)
Па тоа го зборам, премногу е 200денари за да гледаш таков аматерски ракомет.
50денари 1/2 финале, 100денари финале, така би ги одредил јас цените, ама кој не мати нас.:)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.050
Па тоа го зборам, премногу е 200денари за да гледаш таков аматерски ракомет.
50денари 1/2 финале, 100денари финале, така би ги одредил јас цените, ама кој не мати нас.:)
Ние се организиравмеод кајганава, кога веќе не се навива сезонава организирано да се собереме на едно место :D
Ќе имавме и фан на Металург со нас покрај 10-тината на Вардар, ќе си гледавме заедно а се договаравме веќе долго време.
Вака пола откажуваат и реално ги сваќам :D

И јас мислев дека цените ќе бидат 50 или 0 за полуфинале, 100 или 150 МАКСИМУМ за финале.
Кога видов после шлог ме фати :D
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Го гледам Георгиевски сега.Дечкото има едно 8-9 шута и ниту еден гол.Се гледа дека е талентиран,но неговиот пристап кон утакмицата е проблематичен.Многу лош избор на шутеви има,и кога не иде силува со шутот.Не изгледа заинтересирано многу и како дел од екипата,него како некој што дошол својата квота од 20 шута да си ја исполни и толку.
Има скок,се гледа дека е јак и висок дечко,знае да асистира........арно ама селекција на шутеви 0.
Секој пат кога не треба се дигаше и нема каде или во блок или во Митревски шутира.Башка се гледа од километар кога ќе шутира.......треба да биде понепредвидлив.Вака многу лесно го чита екипа како Металург.
Џабе уз цел талент,ако вака игра цело време ништо од него.Ваљда ако дојде во Вардар Вујо ќе го среди малце.Добро е што нема некоја техничка или физичка фалинка,до главата е.Е сега дали ќе му дојде памет со тек на времето ќе видиме,ако да ќе биде играчиште.Ако не ќе игра по македонската лига во селски екипи цела кариера.

П.С Разлика СЕХА и мак. лига небо и земја.Сум гледал утакмици и од другите лиги меѓу тие од СЕХА и тие од нивните лиги и сум прател резултати.........дефинитивно никој нема понеуедначена лига од нас.Па ни Загреб кој е екстра екипа не отскокнува до толку од екипите во Хрватска колку Вардар и Металург од тие тука во Македонија.
--- надополнето: 18 мај 2012 во 21:01 ---
А да и заборавив Ордев да го спомнам.И он е доста добар играч.......можеби потелентиран е од него Георгиевски,но Ордев ми се свиѓа повеќе.Штета што Пепи го ставил на десен бек......да беше на лев или среден многу подобар ќе беше.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.050
21-4 е моментален резултат на Металург-Куманово...
А Куманово е трета екипа по јачина :tapp:
Тоа само по себе говори каква ни е лигата, и тоа Металург игра со комбиниран тим.
Среќа што се оформи СЕХА лигата и се надевам ќе опстои уште долго време, пошто во нашава лига и ние од форумов да направиме екипа ќе избориме пласман во Европа :D
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.237
Дарко Јанев, има играно во Вардар ? ..или во МРК беше?
Многу се утепани овие од Куманово.:confused:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.237
И Јанев и Ордев и Оса се од МРК...
Баш сеа го заприметив, сограѓанин ми е, ама некако слабо го проигруваат, во младата репрезентација сум го глеал... и после толку време, еве денес пак.
Ама шо да видам, незнам ни МТВ оти се одлучиле да го пренесуваат 1/2 финалето, срамота е ова да го глеаме. Бааѓи делат Вардар и Металург од останатите тимови.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Мислите дека би излегла минус утакмицава со оглед на малкуте дадени голови оваа година кога играле овие две екипи??Во бетсити границата е 48.5 :)
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
21-4 е моментален резултат на Металург-Куманово...
А Куманово е трета екипа по јачина :tapp:
Тоа само по себе говори каква ни е лигата, и тоа Металург игра со комбиниран тим.
Среќа што се оформи СЕХА лигата и се надевам ќе опстои уште долго време, пошто во нашава лига и ние од форумов да направиме екипа ќе избориме пласман во Европа :D
Ние баш имавме некоја игра , а не како пелистер незнаат да се пробијат ... штета на металург голманот му беше денот , одбрана им беше во ред , но нас ни треба играчи да го пополниме составот , како на пример десен бек , еден асален пикер ... и топ , извинете ако отидов скроз офф-топик , гледам никој не коментира на Р.К Куманово , а ова башка е тема за Вардар ..
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.006
Поени од реакции
9.776
Ajdeeee Vardaarrrreeeeeeee! edvaj cekam da dojde... Denes site u BT da se dade podrska na Vardar... btw sudii ke bidat Nikolov-Nacevski??? Znae nekoj tocno?
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Добри беа тогаш, прво полувреме одлично го одсудија, второ малце беа наклонети на Металург. Немаа некои катастрофални грешки ама има некои дискутабилни одлуки. Ваљда сега ќе судат ко што треба цел натпревар.....
Него ја од тоа што го видов у полуфиналето, некој од Симовиќ/Петриќ ќе игра излеа и како крило. Пошо таму сме само со Јовчевски. Додер не верувам дека ќе игра многу.... Ваљда Вујо ќе најде одговор за одбраната на Червар коа Манасков игра фластер на некој од нашите бекови :cautious: Иако не е некој показател, ама застрашувачки делуваше одбраната на Металург против Куманово.
И кај нас може да се малце измешани работите со заминувањето на Додер, не верувам дека баш на највисоко ниво е атмосферата у тимот.... Али ај, се надевам Вујо ќе ги мотивира играчиве па да им вратиме дупло за тоа што ни го земаа најдобриот играч, со освојување на купот. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom