Фан клуб - РК Вардар

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Солена е цената, не се баш така ниски цените, сеа незнам колку е. Ама еве не само за ракометот, туку за секој спорт што се организира во СЦБТ е прилично скапа картата. Јас мислам дека според тоа и ја одредуваат цената на карта, што за мене е глупост. Таква голема сала, да зјае празна не личи.
Едино беше ефтино за Металург, додека играа во групна фаза во ЛШ, ама тогаш им одговараше да се наполни салата.
Чоек, се има фиксна наемнина, дали е Металург или е Интер, ќе биде xxxyyyzzzzz наемнината, нив не ги занима дали ќе ја наполни БТ до последно место или ќе зјае празна. Ако им е голема, ја имаат Кале, или некои од новите што ги правеше владата. Или на улица нека играат.

И пак те прашав, кажи според тебе колку би била логичната цена на БТ? (посетата е небитна, тебе ти ја изнајмува цела сала, не по столчиња)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Нека го има соопштението и со поглем фонт :D

Вардар никогаш не бил клуб што преку соопштенија разговарал со противниците, ниту пак барал начин да објаснува ситуации. Но, овојпат сме приморани да ја кажеме и нашата страна за целата ситуација што се случува во последно време, и со некоретниот однос на нашите соседи од Автокоманда. Очигледно е дека Металург секогаш се плаши од Вардар, без разлика каков состав имаме ние.

Победата на Вардар ПРО над екипата на РК Загреб во полуфиналето на СЕХА лигата, како и триумфот на нашиот клуб во финалето, победувајќи ја екипата на Металург, внесе возбуда и вознемиреност во редовите на нашиот градски ривал. Не не сметаа за фаворити, но ние имавме тим во кој верувавме дека може да успее и тоа го докажавме.
Откако сфатија дека со нас нема шега, од Металург почнаа со активности кои Управата на нашиот клуб ги оцени (со благ збор кажано) неспортски.

Веруваме, за што имаме и потврда од инспекцијата дека пред одигрување на првиот меѓусебен натпревар од пролетниот дел на првенството во Автокоманда, нашите драги ривали ни испратија контрола од одделот за странци, со намера да се отстранат 4 играчи заради „наводно нерегулиран престој“. И точно беа побарани документи за играчите од кои противникот и најмногу се плаши.

Но, Вардар секогаш работел според прописите, па немавме за што да се плашиме, освен што инспекцијата беше изнервирана, бидејќи ја испратиле да провери нешто за што нема прекршоци.

Натпреварот во Автокоманда го изгубивме заради послаба игра на нашата екипа во второто полувреме, меѓутоа мораме да кажеме дека и овојпат, како и секогаш кога се игра меч во Автокоманда имаше доста провокации и притисоци од страна на службени лица на Металург.

Официјални луѓе од клубот постојано вршеа притисок врз судиите, нашите играчи беа плукани од трибините, особено голманите над чија глава изнад головите имаше секакви дофрлувања со цел да бидат попречени во својата успешност.
Имаше и намерно удирање на наш играч (Собол) од страна на публиката, како и влегување на дел од домашната публика на теренот, за што сметаме дека е крајно неспортски.

И не се жалевме, сметајќи дека тоа е „нормално“ за Автокоманда, но очигледно е дека некогаш и тоа ќе мора да престане. Се надеваме ќе биде скоро, исто како кога Металург гостува во СРЦ Кале, каде никогаш нема притисок врз гостинската екипа.

По одигрување на овој натпревар, РК Металург почна со константни телефонски повици до наши играчи (дел од нив и под договор), со цел за да внесат конфузија и нерасположение во екипата, нудејќи им многу повисоки плати од тие што ги добиваат во моментот.

Истото може да се утврди од листинзите на телефонските сметки што ние веќе ги имаме извадено, и ќе ги доставиме на увид на сите оние што неверуваат дека навистина ми се вршел притисок нанашите играчи.

РК Вардар ПРо и играчот Додер Тихомир, уште на 05.05.2012 година се договорија за продолжување на соработката за уште една година и останала само формалноста за потпис на веќе изготвениот договор. Доказ дека Додер бил задоволен од понудените услови е информацијата дека ги честел своите соиграчи.

Во меѓувреме, член од стручниот штаб на Металург продолжил со повиците кон Додер, кој прифатил да разговара и дополнително се сложил и потпишал договор за соработка, бидејќи добил практично двојна плата од таа што била договорена со РК Вардар ПРО (плата што не би ја добил во ниеден клуб ни во развиените европски држави со ракометна традиција). И тоа се со цел, Вардар да се ослаби, а не да се засили Металург. Но, тоа нека му служи на чест на играчот, па и на Металург кој последниве години постојано работи зад грб. Но, не секогаш се може да се купи со пари.

Сите овие некоректности од страна на РК Металург, предизвикаа голема нервоза кај нашиот тренер Веселин Вујовиќ, ставајќи го во ситуација да треба во екипата да има клучен играч кој веќе има потпишано договор со противничката екипа.

Под ваков притисок, пред салата Борис Трајковски имал вербален дуел со помошникот тренер на Металург – Александар Петрески, кој е инволвиран во сите наведени настани. Ако ги прашате сите што биле присутни на вербалниот дуел немало физичка пресметка, како што сака Металург да го прикаже тоа, уште помалку удирање, како што тврди нивниот генерален секретар, кој воедно е новинар. Па оттука и прашањето, колку може да му се верува на таквиот новинар и неговиот медиум, кога е на платен список на клуб.

Сепак, ние како раководство на РК Вардар ПРО не ја оправдуваме постапката на нашиот тренер.

И покрај сето ова, апелираме до клупите на двете екипи, до играчите и до публиката која ја очекуваме да ја исполни салата Борис Трајковски до последното место, да ги смират страстите, да дозволат да победи подобрата екипа, да во недела финалето на македонскиот КУП го направиме вистински празник за сите вљубеници на ракометниот спорт.
Уште еднаш да потврдиме дека во Македонија има дерби кое е најдобро и најгледано на Балканот, а можеби и пошироко и да докажеме дека успесите на нашите ракометни репрезентации и нашите два елитни клуба не се ниту случајни, ниту моментални.

Потенцираме дека постојано сме посакувале да во двата клуба се развива спортско и цивилизирано ривалство и да секогаш победува онаа екипа која во моментот ќе биде подобра.

Овој став го има и господин Михајло Михајловски, кој воедно, како што е познато е претседател и на Ракометната федерација на Македонија.

РК Вардар ПРО – Скопје
Претседателство
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.238
Чоек, се има фиксна наемнина, дали е Металург или е Интер, ќе биде xxxyyyzzzzz наемнината, нив не ги занима дали ќе ја наполни БТ до последно место или ќе зјае празна. Ако им е голема, ја имаат Кале, или некои од новите што ги правеше владата. Или на улица нека играат.

И пак те прашав, кажи според тебе колку би била логичната цена на БТ? (посетата е небитна, тебе ти ја изнајмува цела сала, не по столчиња)
Епа тоа е тоа, не ги занима нив дали ќе е полна или празна, кога тој што ја откупува салата им платил, и на нив им е полн џебот.
Eве ги цените, за изнајмување...


За мене ова е скапо, премногу пари е.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Епа тоа е тоа, не ги занима нив дали ќе е полна или празна, кога тој што ја откупува салата им платил, и на нив им е полн џебот.
Eве ги цените, за изнајмување...


За мене ова е скапо, премногу пари е.
Смешки се овие пари.
150.000 денари, или со 200 денари карта, РФМ ќе ја исплати наемнината со 750 посетители.
Со 100 денари карта, ќе ја исплатиш со 1500 посетители.
Со 50 денари карта, ќе ја исплатиш со 3000 посетители.
Со 20 денари карта, ќе ја исплатиш со 7500 посетители.

Капацитетот на БТ е 8.000 посетители.

Дали се уште мислиш дека е до наемнината, или РФМ ни го начукува со карта од 200 денари?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Колку контри направивме бе :pos:
Јовчевски колку гола даде досега :eek:
Сега Ојлески го заменува, 5 гола им брцна за 5 минути :pos:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.238
Смешки се овие пари.
150.000 денари, или со 200 денари карта, РФМ ќе ја исплати наемнината со 750 посетители.
Со 100 денари карта, ќе ја исплатиш со 1500 посетители.
Со 50 денари карта, ќе ја исплатиш со 3000 посетители.
Со 20 денари карта, ќе ја исплатиш со 7500 посетители.

Капацитетот на БТ е 8.000 посетители.

Дали се уште мислиш дека е до наемнината, или РФМ ни го начукува со карта од 200 денари?
На кој му го зачука РФМ ? Само на навивачите на Вардар или ?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.238
На сите оние што ќе платат карта.
Eдноставно нема да отидат, и со тоа нема да платат карта. Ама губи РФМ со тоа.
Зачукувањето е во моментот кога тие ја одредиле цената на картата, без разлика дали си фан на некој клуб или само љубител на ракометот.
А да дајш 200/300денари за 1/2 финале, и да глеаш оваков аматерски ракомет... малце потешко.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Аууу Кукоски кине мрежи :vozbud:
Три бомби по ред!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Eдноставно нема да отидат, и со тоа нема да платат карта. Ама губи РФМ со тоа.
Зачукувањето е во моментот кога тие ја одредиле цената на картата, без разлика дали си фан на некој клуб или само љубител на ракометот.
А да дајш 200/300денари за 1/2 финале, и да глеаш оваков аматерски ракомет... малце потешко.
Па кажав јас, на оние што ќе платат карта. Е сега, дали Минчо ќе им ги плати на 50те пиратчиња картите, а сите останати ќе мора да купат, или не, тоа е друг муабет.

И не е решение да не се отиде, не знам зашто така размислуваш, или има причина зашто е цената таква каква што е?


И овој Куковски добар удар упати од 9 метри
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.238
Па кажав јас, на оние што ќе платат карта. Е сега, дали Минчо ќе им ги плати на 50те пиратчиња картите, а сите останати ќе мора да купат, или не, тоа е друг муабет.
И не е решение да не се отиде, не знам зашто така размислуваш, или има причина зашто е цената таква каква што е?
И овој Куковски добар удар упати од 9 метри
Кога однапред се знај како ќе заврши натпреварот, барем во 1/2 финале, што ќе си арчам 200/300 денари, во ред, за финале можеби ќе отидам, ако сум ептен фан на некој тим од тие што ќе играат во финалето.
Еве оти фановите на Вардар не се на трибина... глеам коментирате низ темата.
А зошто е тоа така, везе немам, незнам на кој му пречи да нема фанови на трибина, башка Комити не навиваат за Вардар оваа година..
Забегавме ептен со офф топик :) .. цената на картите сигурно нема да ја намалиме :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
ВАРДАР-пелистер 42-17!!! :pos::pos::pos:
Колку и да личат на аматерски тим, колку и да се во најлоша можна состојна, сепак ваков тежок пораз не смее да помине без ремет :D
Победа од 25 гола :pos:
Да не ги утневме пеналите сигурно 50 гола ќе дадевме. Прво полувреме си комбинираше Вујо, во второ и они комбинираа па ги торпедиравме. Единствена светла точка кај нив Чурлевски. Кај нас сите на ниво.
Нека се спрема Металург, нека биде фер утакмицата и нека победи подобриот!
--- надополнето: 18 мај 2012 во 19:16 ---
Кога однапред се знај како ќе заврши натпреварот, барем во 1/2 финале, што ќе си арчам 200/300 денари, во ред, за финале можеби ќе отидам, ако сум ептен фан на некој тим од тие што ќе играат во финалето.
Еве оти фановите на Вардар не се на трибина... глеам коментирате низ темата.
А зошто е тоа така, везе немам, незнам на кој му пречи да нема фанови на трибина, башка Комити не навиваат за Вардар оваа година..
Забегавме ептен со офф топик :) .. цената на картите сигурно нема да ја намалиме :D
Кажи ми кој реално има средства да даде 200 денари за меч со аматерски противник?:)
Особено ако се знае дека пак треба да се дадат пари за финалето.
Михајло има обебзбедено одреден број на влезници за Комбат 87, исто како што Минчо има обебзбедено за Пирати.
Само мислам дека Минчо ќе откупи многу повеќе карти кои ќе им ги продава по поволни цени на житѕелите на Автокоманда или ќе ги раздели по фирми. Не му претставува некој поголем проблем тоа...
Слично направија челниците на МЗТ кои картите од финалето нa купот ги откупија со свои средства и на фановите од Аеродром им ги продаваа по цена од 100 денари :)
Е Михајло неверувам дека може да си приушти таков луксуз :(

Ја ќе пробам да се изгагам, ако не ќе платам 200-че :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom