Само успешен тренинг за тимот на Вардар денеска.
Добра можност добија второтимците да ги покажат своите квалитети.
Откако губевме со 1-3, по 5 минути игра има направивме серија 16-2 за водство 17-5.
До полувреме беше 20-7.
Едно 12-3 гола дадовме од контри. Овие неможеа топка да сврзат.
Само Борко имаше едно 10-тина асистенции
Крилата во главна улога во првиот дел. Се изнададоа голови. И Марковиќ и Собол ја полнеа до врв противничката мрежа.
Ратко Николиќ покажа дека е класа пикер. Какви пикери имаме у пм
Сепак морам да кажам дека Никола Марковски малку заостанува зад Николиќ иако повеќе си го сакаме дека е Македонец
Не дека игра лошо, или дека денеска изиграл лошо, туку некако го нема тој елемент што го имаат врвните пикери. А тоа е ако фати топка на седум метри, или дава гол илио васдси пенал.
Сепак изигра добро денеска. Дури имаше и една контра
Во вториот дел мислам дека цело време бранеше Чаневски. Борко ги откажа овие во првиот дел па не ни влезе во игра.
Ниту Лазаров, ниту Марковиќ не влегоа во игра.
Шанса добија Јовчевски, Ангелевски, Ојлевски а Кукоски многу често играше и во напад.
Каков шут вади Кукоски у пм. Мора да го играме и во напад. Им ја избуши мрежата, даде едно 4 гола.
Ојлески влезе и ги отвори
Мислам дека даде пет гола. И после го урочив па утна две контри, иако при едната беше фаулиран ама судијава не свирна.
Николиќ и Додер изиграа солидно, покажаа дека се добир шутери, ама пак фали некој којќе ни биде главен бомбардер....
Конечно Ангелевски доби шанса да прикаже што знае. Искрено бев до некаде разочаран.
Скоро и да не шутна од бек...
Некако ја нема таа самодоверба за да буши.
СДаде три гола, еден по добра изиграна акција, и два даде како лево крило, позиција на која играше во последните десетина минути, откако Кукоски доби шанса во нападот.
Кале беше конечно добро исполнета, иако атмосферата беше воглавно театарска...