- Член од
- 11 мај 2008
- Мислења
- 3.358
- Поени од реакции
- 7.343
На никого не му смета успехот на Металург во ЛШ. Погрешно си сфатил. Сте имале среќа или не, не е битно.Ај сеа малце да ве демантирам...
Прво, Металург точно дека има слаба група, ама ете таа маалска екипа го прави она што вие тешко дека ќе го направите некогаш. Прв македонски тим кој поминал групна фаза на ЛШ. И сето тоа го прави еден маалски(според вас) клубМногу лоша ти беше споредбата со Работнички во фудбал или пак со тоа дека и Пелистер ќе ја поминел групава(веројатно се зезаше
)
А тоа играњето во гости е вечна македонска трагедија, во кој било спорт и не верувам дека некогаш ќе се среди.
Второ, никој не рече дека Пирати се подобри од Комити.
Трето, муабетов за публиката ми е смешен, поготово оној што викаше кај нас у сала повеќето од публиката била за Вардар. Па кај ви е таа публика на вашите мечеви од регионална? Зошто немате повеќе од 200 души у публика на секоја утакмица? Слободно дојдете на било кој меч на Металург и ќе видите дека салата е полна. Влезот е бесплатен, точно, ама и кај вас е истото и пак не ја полните салата. И тоа кај нас последниве 3 утакмици се плаќаше карта, нешто за хуманитарни цели знам беше.
А за ЛШ е посебен муабетот, картите се со симболична цена и затоа се полни салата. Сите сакаат да одат кога има успеси, а во моментов Металург тоа го има. Јас ќе ти кажам дека еве ако би требало некој гратис да влезе, ќе влегуваа од населба луѓево, ама не сите си купуваат карти и никој не е без карта пуштен внатре. Е сеа може децана од малдински категории ако ги рачунаш, тие сигурно не плаќаат карти
На крај за тоа Вардар што не бил спомнуван. Па нека направи нешто вакво сигурно дека ќе го има по тв, по весници и насекаде. А и треба клубот да си поработи на маркетингот. Ене кај нас на секоја утакмица можеш да си купиш маици, шалови,чаши и што уште не. Од утакмицата со Хамбург најавуваат и дресови дека ќе се продавале.
Михајло може многу да учи од Минчо. Не е само дај му пари на Вујо и он ќе среди, човекот појма нема па уште и тренер на Атлетико ќе бил![]()
Мене ми смета буката што се прави на сила по медиумите. Јас разбирам маркетинг, ама ова е веќе претеризам. Па да му ебам мајката, ако за натпревари од групите на ЛШ се рекламираат толку многу, не знам што да кажам. Ова ме потсетува на дуелот на Работнички Кометал со Болтон кога го покрија цел град со билборди и пак пола стадион им остана празен. Еј, меч од Куп на УЕФА со енглески премиерлигаш, и толку пари да се фрлат на реклама?!
И не е точно дека само младинските категории на Металург не плаќале карти, туку јавна тајна е дека вработените од сите фирми под контрола на Минчо, добиваат гратис карти.