5 минута,мечот почнат а "навивачите"сеуште не се во сала....
Па од тие 5000 во Борис Трајковски,дали 4000 имаат изгледано барем 10 ина мечеви во ракомет....
Се е вештачки,се е со сила...добро кажавте Кометал Ѓорче волуме 2...
Но,настрана се....Добро објасни Сајбер...
РЕКЛАМАТА ПРОДАВА СЕ!!!
Минчо има таков рекламен механизам разработено на кој би му позавиделе и многу европски гиганти..
Македонски Спорт,Нова Македонија(мислам дека е негов весник)....Сител,Бекстејџ итн..
Сите овие медиуми вршат невидена кампања за да се придобијат симпатизери,не навивачи.....
Навивачи се само Пирати,и другите неколку стотини симпатизери од Автокоманда кои си го сакаат клубот...
Другото се е шминкерај.....
Сега искулучиво медиумите работат во служба на Металург,посебно СПОРТ
Од 1 страна за ракомет,80% е за Металург.....и тие ја претераа,сепак е национален пишан медиум..
Ама кога некој плаќа за рекламата,тогаш се е јасно.....
Но мора да му се симни капа на Минчо и на луѓето од Металург,навистина работат,и тоа работат турбо.....
Од маалски клуб направија нешто,можеби немаат многу навивачи,ама постигнаа многу....
За ова секоја чест,иако и јас го делам мислењето дека овај проект на Металург нема да трае многу долго,иако засега работат доста добро.......
За атмосферата и споредбата помеѓу Комити и Пирати,се знае,...,штета е шо Комити не одат на утакмици,за мене е погрешна одлука.......
Не го сфаќајте постов како нешто демек солам памет....си ја знае водството на Комити причината зошто пукна тиквата со Михајло....
Како ќе изгледаат тие дуели на Вардар и Металург на пролет кога ќе се решава титулата можам да замислам.....
Ракометот ни е во големо криза,пред се во квалитет, а посебно со навивањето...
Ни треба една силна лига,јак Пелистер,јак Борец,полни сали како негогаш...
Не тераме вака далеку,се е пролазно.....
П.С.
Има некој нов играч во Вардар?