Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
3.569
Поени од реакции
8.188
Па ако му нуделе да биде 3 десен бек, а притоа има друга екипа која му нуди подобра улога (евентуално и повеќе пари), ти мислиш дека требало да прифати? Не знам ни зошто го барале во таква ситуација, секако им е бескорисен така, за 3 бек имаат друго уште помладо дете со потенцијал (Ставревски). А за начинот на одбивање, ако им кажал дека му е предизвик во бундеслига да оди, тоа е најкултурен начин да го одбиеш тој што ти нуди работа во таков случај...
Прво не знаеме кога му било нудено и како му било нудено. Друго, има голема разлика да кажеш дека имаш понуда и планираш да направиш транфер во Бундес лига, од тоа да одвалиш дека не ти е предизвик да играш за Вардар. Ја такви серковци не сакам во мојот клуб. Трето, подоле на странава убаво напишав што мислам и како мислам за потпишување на македонски ракометари во Вардар по секоја цена, така да не знам што упорно ми реплицираш и се обидуваш да ми ги оправдуваш и Талески и Серафимов.. Тоа е тоа,реков таа прича за мене е затворена. Се надевам дека ни едниот ни другиот нема да потпишат за Вардар. Пак ќе кажам, не дека имам нешо против нашиве туку дека немаат квалитет. Талески е рупа, а во Серафимов има капацитет ( што не значи дека ќе го биде, така беше и со Талески) но мислам дека не е за во Вардар ако сакаме повторно да се бориме за Ф4.Жалмо е да го земеш Серафимов, а го имаш Толедо на тацна. Со Серафимов како таков играч како замена на Криштопанс нема што да бараш. На крај краева на нашиве ракометари ете им го Еурофарм Работник, клуб кој ќе игра во Лига на шампиони, клуб кој ќе им даде шанса, па ете една причина помалце за вас кои по пропаѓањето на Металург а растот на Вардар како трн во око до ден денешен му ја стававте и ја ставате на маса причата за недостаток на мак. ракометари. Серафимов ако сака шанса нека си потпише лабаво за Еурофарм и ќе игра батице колку ти душа сака, па така и вие среќни и ние среќни.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Оној "Приказни од Булеварот" има ставено како би изгледал потенцијалниот состав за следната сезона, и во делот за десни крила има ставено можна трампа под прашалник Шишкарев-Морито (Киелце)? Се надевам дека нема ништо од ова, пошо Шишкарев не би го мењал за нишо. Избалансираност одбрана и напад максимална, пособно одбрана злато вреди. Посебно и кога видов каква тачка е карактерно:). Оној Морито знам само дека е јак на седмерци.
Поголем трол од "Приказни од Булеварот" нема. Човекот е загубен во просторот и времето.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
"Го сакам Киелце во поштенско сандаче" :love:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.454
Поени од реакции
68.706
Хајпед сум за батево, слаба страна му е одбрана, во напад си газит.
Иначе можит да играт и на среден бек, ме потсеќат на Мае во стилот на игра, за сиромашни нормално засега.
Абе не заебавај :D
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Како иде комбинацијата со тоа дека Вардар не може со Загреб а Еурофарм со кого таму не може да е у група?
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.675
Како иде комбинацијата со тоа дека Вардар не може со Загреб а Еурофарм со кого таму не може да е у група?
Неможе да има во иста група тимови од иста држава,а пошто Вардар и Псж се во прв шешир автоматски сме во иста група со Монпеље.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Димитриоски може да одигра и како организатор на игра, да, но далеку е од некакво перманентно решение за таму.

Има предиспозиции да биде одлично крило, брзина, експлозивност, добар репертоар на удари и не му е потребен премногу простор за да даде гол. Првата работа која што треба да ја поправи е играта во одбрана. Втората работа е decision making-от, ако може така да се нарече. Сум го гледал во ситуации кои се доста чисти, "зицер" ситуации што би се рекло, заради тоа што сака да биде атрактивен во погодоците да донесе погрешна одлука за шутот кој треба да го изведе и да не постигне гол. Ова се ствари кои се карактеристични за млади играчи (особено кај крила), па постои многу простор за напредок во овој поглед.

Најголемиот прашалник кај мене е минутажата. Од кога е Тимур тука, неговите замени не можат да се пофалат со тоа дека многу изиграле, но тоа ќе зависи и од самиот него и од тренерот и од неколку други фактори. Ќе видиме.

PS. Според полскиот sportowefakty трансферот на Толедо во Вардар ќе се оствари, а во Висла како негова замена ќе стигне Игропуло.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.350
Поени од реакции
22.654
Димитриоски може да одигра и како организатор на игра, да, но далеку е од некакво перманентно решение за таму.

Има предиспозиции да биде одлично крило, брзина, експлозивност, добар репертоар на удари и не му е потребен премногу простор за да даде гол. Првата работа која што треба да ја поправи е играта во одбрана. Втората работа е decision making-от, ако може така да се нарече. Сум го гледал во ситуации кои се доста чисти, "зицер" ситуации што би се рекло, заради тоа што сака да биде атрактивен во погодоците да донесе погрешна одлука за шутот кој треба да го изведе и да не постигне гол. Ова се ствари кои се карактеристични за млади играчи (особено кај крила), па постои многу простор за напредок во овој поглед.

Најголемиот прашалник кај мене е минутажата. Од кога е Тимур тука, неговите замени не можат да се пофалат со тоа дека многу изиграле, но тоа ќе зависи и од самиот него и од тренерот и од неколку други фактори. Ќе видиме.

timur ke igra na ova nivo uste godina dve, dimitroski treba da uci i pomaga a ne da igra
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
30 милиони денари, колку е тоа во евра?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom