Абе, ракомет не е некој популарен спорт. Најдеш некој супер атлет, ќе го истренираш за кусо ниво да биде на некое ниво. Види го Борозан, играше во една од најслабите екипи во Бундес, која и испадна од Бундес и после една сезона беше стартер во европски шампион и беше спортист на годината во Црна Гора. Има шанси за брз напредок ако си добар атлет и имаш физички предиспозиции. Плус и нема многу конкуренција, ни пари во спортот.
Самсоненко рече буџетот ќе биде за 10-15% помал оваа сезона. Со оглед дека Штербик си отиде, а за него се шпекулираше дека платата му е пола милион, а некои викаа 300.000 евра годишно (што ми е поверојатно). Тогаш избаци го него и Кањелас, Македа и буџетот е тој, без овие тројца.
Добро би било Житников да го донесат како се шпекулираше. Карачиќ не е на ниво на Циндрич, треба уште еден играч на таа позиција. Војводиќ мене ми се допаѓа, ама не го играат во ЛШ, така што тешко е да се процени неговиот вистински квалитет и потенцијал. А со самото тоа што не го ставаше Раул, ти кажува дека он може му ги знае ограничувањата.
Треба и лево крило. Иако Тоше Ончев ќе се врати од позајмица од Пелистер. Ама не знам дали на него ќе сметаат.
Крај на Јули почнуваат да се спремаат за новата сезона, се собира екипата. Така што, најверојатно до крај на Јуни ќе потпишат некои играчи. Ја предвидувам тројца дека ќе донесат. И дека ќе пробаат нов голман да најдат, Ѓорѓевски ќе го позајмуваат некаде, не е толку млад, тешко дека дополнително ќе се развива нешто.