Фан клуб - РК Вардар

Член од
28 јануари 2018
Мислења
958
Поени од реакции
1.340
Пекол,иначе не е Целје туку Кристианштад.
Овде е тешко група да поминеме а не за пласман да се бориме.:eek:
 

Colt Willcox

Љамче-Бутин Фанс
Член од
27 ноември 2007
Мислења
26.215
Поени од реакции
43.147
Пакао :D

Уште Цеље место Кристинштад да го добиевме и не можеше да биде полошо. Ќе биде претешко да ја поминеме и групава...
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
771
Поени од реакции
871
Пекол,иначе не е Целје туку Кристианштад.
Овде е тешко група да поминеме а не за пласман да се бориме.:eek:
Да, ја во живо на фб ја гледав ждрепката, а списоков го копирав од гол.мк. Ама гледам и они се поправиле сега :)

Инаку многу тешка група. Ни се врати за лани што бевме во полесната.

По две години први во групата сега легитимно прашање е дали ќе поминеме.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
2.487
Поени од реакции
3.081
Раул да не ги влече ждрепкиве :icon_lol::icon_lol:
Изгор група.. Псж ќе се прошета у групнава фаза. Полесни им се него нас лани шо ни беа.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
1.218
Поени од реакции
1.659
Раул да не ги влече ждрепкиве :icon_lol::icon_lol:
Изгор група.. Псж ќе се прошета у групнава фаза. Полесни им се него нас лани шо ни беа.
Омејер ги влечеше, рука му се исушила.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
8.422
Поени од реакции
2.495
Ме интересира за сезонските билети кога точно ги даваат?
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.402
Поени од реакции
8.917
Очекувам да ја поминеме групата, али се над 6то место ќе биде премија.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
785
Поени од реакции
1.564
Прво, да кажам дека ми е особено драго што ќе ги видиме Абутовиќ, Циндриќ, Штербик и Дујшебаев повторно во Скопје и се надевам дека убаво ќе ги пречекаме.

Групата е тешка, но тоа воопшто не треба да не обесхрабрува. Тешко е да правам било какви прогнози бидејќи прво и основно Вардар има нов тренер, големи играчки промени и ќе треба да видиме како сето тоа ќе изгледа и функционира. Друга работа која не смее да се заборави е дека мање-више сите тимови во групата сезонава ќе бидат прилично сменети. Кај Киелце е речиси истата ситуација како кај Вардар, си отидоа дури 7 играчи и дојдоа 7 нови и тоа зборуваме за играчи како Шмал, Штрлек, Бјелецки, Зорман, Бомбач и Кус, играчи кои им беа носители на играта. Кај Рајн-Некар е слично, си заминаа Пекелер, Рајнкинд, Баена, Ду Риц, Рниќ... од промените не се поштедени ниту другите тимови. Најверојатно најлесно пројде Монпелје со заминувањето само на Фабрегас. Да не набројувам за секоја екипа посебно, поентата ми беше дека не секогаш имињата, клупата и буџетот се тие кои се пресудни, подобри примери за ова од Киелце пред 2 години, Вардар пред 1 и Монпелје сезонава - нема. Ни фалат уште најмалце 2 играчи во тимот (десен бек и пивот) и се надевам дека следната недела ќе има вести на тоа поле за да можеме да бидеме компетитивни во ЛШ, СЕХА и на крај на сезоната и во домашното првенство.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
771
Поени од реакции
871
Ни фалат уште најмалце 2 играчи во тимот (десен бек и пивот).
Според тоа интервјуто што Самсоненко го даде за гол.мк, потпишано е договор со Димитри Киселев. 23 годишен десен бек од Русија. Тоа треба да е готова работа.

Јас мислам дека ќе донесат уште неколку играчи. Секој случај пак има некоја солидна екипа. Може да се очекува да се помине групата ама за повеќе ќе видиме месецов, што и како ќе се донесе за да се подесат очекувањата.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
785
Поени од реакции
1.564
Според тоа интервјуто што Самсоненко го даде за гол.мк, потпишано е договор со Димитри Киселев. 23 годишен десен бек од Русија. Тоа треба да е готова работа.

Јас мислам дека ќе донесат уште неколку играчи. Секој случај пак има некоја солидна екипа. Може да се очекува да се помине групата ама за повеќе ќе видиме месецов, што и како ќе се донесе за да се подесат очекувањата.
Да, знам, но не сакам да коментирам додека не видам потврда од клубот како за Скубе вчера. :)
Мој впечаток е дека Киселев и Боргес ќе бидат донесени, најверојатно и некое од децава од Јуниор ќе го префрлат у прв тим (претпоставувам дека тоа ќе биде или Чакалиќ или Димитровски на лево крило или па евентуално да го вратат Ончев). Мада, гледано објективно, мислам дека ќе фали уште еден лев бек во составот, чисто заради тоа што сеуште не можам да кажам ништо за квалитетите на Војводиќ и дали воопшто е калибар за овој тим.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
771
Поени од реакции
871
Да, знам, но не сакам да коментирам додека не видам потврда од клубот како за Скубе вчера. :)
Да, ама нема да го потенцира со име и презиме доколку немаат договор. Така што мислам дека може да го сметаме него како официјален трансфер.

Кои имиња се сигурни од сите оние што се поврзуваат со идниот проект на Вардар?

Нови имиња се голманот Дејан Милосављев, потоа Сергеј Горбок, кој е искусен и доаѓа да му помогне на Борозан – и мислам дека ќе помогне. Меѓу новајлиите е и Дмитри Кисељев, кој ќе го замени Хорхе Македа.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
6.630
Поени од реакции
6.990
Двајцата главни одбранбени Илија и Хорхе си отидоа, а нема нивна замена. Башка и голман како Арпад... очекувам од одбраната да ни белее косата годинава.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.281
Поени од реакции
8.744
Ееееј ама го отупевте со песимизмов на темава бетер од битолчани сте станале. Ок јасно ни е на сите дека нема да биде како лани да победуваме и дома и гости и да бидеме убедливо најдобри. А лани што ако газевме цела сезона кога на крајот се посравме, од таквите коментари кога ги направивте Монпеље тимот што на почетокот на сезоната со Металург се мачеше кој знае каква екипа со кој знае каква игра, не ми се ни влегуваше на темава да напишам нешто. Група немало да поминеме, кој ќе помине бе наместо нас? Кристијанодштаб? Мешков? Да беше се така како што планирате ПСЖ немаше да остане без титула на толку милионски вложувања со години. За мене баш групава е премногу израмнета и хаварија ќе биде до крај, сите до еден можеме да ги добиеме во Јане. Тимов е сосема солиден според мене да победуваме дома и да скинеме по некој бод на гости, јас ја гледам шансата за следна сезона во една израмнета група да ни се поклопат коцките да добиеме полесен противник од другата група и да стигнеме до 1/4 финале што ќе биде и те како супер, во двомеч и на Ф4 се бива...Никој не гледа дека тоа што другата група е полесна може да ни одговара. Да речеме ПСЖ да оди директно во 1/4 финале, вториот ќе игра со лузерскиве групи, ние можеме да вкрстиме со екипа како Загреб, Сегед, Скјерн кои и те како можеме да ги поминеме. Нешто подобро ќе беше да требаше да вкрстиме со нашава група во нокаут? Оставам простор и да донесат понатаму уште некој играч, или пак некој да влезе во страшна форма или да не изненади кој знае, верувам во момците и не претерувајте со таа негативна енергија со сила, еве ако толку мисли некој дека сме утепани, може да прави со мене кладба во гајба скопско дека ќе ја поминеме групата, :D со модераторот ако сака ќе се кладиме и за влез во 1/4 финале секако ќе му ја испијам :ROFLMAO:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
224
Поени од реакции
314
...може да прави со мене кладба во гајба скопско дека ќе ја поминеме групата, :D со модераторот ако сака ќе се кладиме и за влез во 1/4 финале секако ќе му ја испијам :ROFLMAO:
Од мене дополна со мезе по избор. Песимисти повелете, пријавете се, а админот нека ги архивира кладбиве, па во март да се знае кој пие кој плаќа :D
 
Последно уредено:
На врв Bottom