Ееее џенаро џенаро.
Го бранев тука (со секое право, реално скоро 4 месеци бевме без пораз). Мислев дека порасна, созреа, ама не...
Си мења добитна комбинација без везе.
Гарантирам дека со 4-3-3 ќе ги победивме макар на мускули Удинезе. Он ги угуши играчите вчера.
Иначе другари, реално да збориме, ниеден играч од одбраната освен Ромањоли е способен да изигра една сезона ВРВНО, нема тоа ни да се деси, да не се лажеме.
Нит калабрија, нит мусачо, нит абате нит родригез немаат способност и класа за такво нешто. Највеќе што можеме да очекуваме е токму тоа - 4 месеци играње солидно, другите 4 тотално отсуство од терен. И сусо исти курац.
Хакан, па одлично игра оваа 2019та ко крило, овој мораше да го повлече.
Мислам океј, неам ништо против експерименти со формација, ама далеку сме ние од Наполи (барем на домашен терен) или Јуве кои можат тоа да си го дозволат. Џабе се затрескуваме кога за таков подвиг од идеја до добра реализација е потребна кохезија која ние едвај ја најдовме за 4-3-3 сезонава.
Друго, реализацијата. Мислам, тешка катастрофа сме на тоа поле. Премногу шанси ни се потребни за да дадеме гол. И среќата има удел тука, или оној final touch кој ги праи екипите да бидат класа.
Кутроне, брату, ретки се таквите деца ко тебе, ама треба малце да се искалиш у помал клуб. А и ситен играч, нити е физички супериорен, нити е технички поткован, не е ни брз (влага у игра у 60та и дефанзивци го претрчуваат). Мора да работи на повеќе ствари ако сака да успее. Јеби га, колку и да ми е при срце играчов, стварно не постои моментално и треба малце да се проба у послаба екипа, чисто ко да видиме дали е Дестро/Палоски/Петања тип на талент или стварно го бива.
Али мора да се каже дека не е скроз негова вината, туку очигледно е дека не се работи индивидуално со него и се нема план за негов персонален девелопмент.