Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.823
Абрахам мора да се откупи, не дека е толку добар али типот се понаша како да пораснал у тимов, се покажува како лидер и позитивно делува на сите.

На крај толку урлаше покрај аут линијата што и Леао застана до него да мафта со рачињата раперски :pos:
уште сега нека го откупат, обожавам борбеност, а и на другарче што е за Челси му кажував Ејбрахам ми личи дека ќе се уклопи во Милан екстра, трча, се бори за секоја топка, опасен е секогаш во противничиот шеснаесетник, дава голем придонес и мислам дека ќе е најголем погодок во ова меркато, заедно со Мората, секако под услов да не се повредат и двајцата. Нека им го дадат она цепаницата Сале и 10 милки и нека бркаат работа Рома.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.714
Поени од реакции
11.960
Нека ја истурка сезоната овој Фонсека, а на лето да можат Де Зерби да го донесат ќе завршат голема работа
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.621
Поени од реакции
4.211
Милан повеќе ја посакуваа победата и на крајот ја добија.
За пофалба се,префектна утакмица и одлично одиграно во сите аспекти од страна на Милан освен во завршницата на неколку шанси.
Сега е прашањето дали ќе продолжи овој жар и понатаму и ваквиот стила на игра или Фонсека само кратко си го одложи неговото заминување.
Како и да е сега да уживаме во моментот.
20240922_230841.jpg 20240922_230810.jpg 20240922_230803.jpg gettyimages-2173775016-612x612.jpg gettyimages-2173773126-612x612.jpg gettyimages-2173771151-612x612.jpg gettyimages-2173772659-612x612.jpg gettyimages-2173772894-612x612.jpg
Forza Milan!!!!
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.884
Поени од реакции
6.722
Конечно да имаме повеќе шанси за гол, лани со Пиоли па и оваа сезона некако играа како дека од 2 шута ќе даат 3 гола.

Али па и имавме доволно шанси и 4 да им бапнеме, мора да работат на смиреност, баш ги глеав Сити со Интер абе на 3 метра од гол си подаваат смирено за на крај да има шут за гол.

Нашиве уште го имаат моментот да ја спукаат на прв отворен пат до гол.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.263
Поени од реакции
14.573
Искрено, првпат да се израдувам нешто повеќе, уште од 1/4 финалето со Наполи, не и дека имаше некој повод во меѓувреме, но немам некое чувство дека еве само ни фалеше една ваква победа и ќе се отвори, ќе почнат да играат убаво и посигурно да се добиваат натпреварите. Не е само ментален проблемот, не им верувам.


Против Лече, мора да се изигра со ваков став, а не да се лажеме дека сме многу подобри и сега лесно ќе победиме. Ние на секој противник му дозволуваме да не загрози неколку пати, без разлика дали е Интер, Ливерпул, Лече, Венеција.


Треба да се земе дефанзивец, стартер, не е само тимски проблем во дефанзива.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.490
Поени од реакции
114.493
Мора да се врзам со берберот на Ди.Марко и да поработи и на мојов ѓеврек. Цели секвенци губам од утакмициве восхитувајќи се на таа чаролија што се прави со фризурата негова.
Прелуда фризура вади, полукелава бланширана фризура, од страните му е степенесто потшишана и кога ќе го дадат од напред у кадар како крила му се тие од страна, ваљда фаќа аеродинамика за побрзо да трча. Би го полил со бензин сместа.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
52
Поени од реакции
96
Си шиба голчиња овој Габиа,хехе сеуште ми изгледа како статик дастер ама го има поминато Таив,Тиав...во списокот на одбранбени. Многу неконзистентна и несигурна одбрана имаме,плус неквалитетна,еден нема да врзе 2-3 натпревари ко што треба по ред,Тео единствено ама тој не ни игра одбрана реално со оглед на тоа колку се троши напред.
За натпреварон вчера,добро изненадување,заслужена победа,со оглед на тоа дека беше дојдена водата до решето и дека беа до ѕид донесени прилично корисна победа. Не викам дека Интер ја пуштија,ама сум 100% сигурен дека не играа 100% ко што можат со тој тим што го имаат,ако изгубеше вчера Милан мислам дека тоа ќе повлечеше некои други социо-економски расплети надвор од спортот како таков кои на никого во Милано не би му одговарале,сепак е тоа јака држава и 80мил народ кој знае кога треба да стисне на кочница и да не се самоуништи меѓусебно,македончето на пример го нема тој осет и затоа сме дојдени таму кај што сме,чисто ко пример го кажувам ова не се пењавете одма на Флечеров :D
Ме бендиса Фонсека што покажа храброст да смени формација,Берлу ко да му се јави на сон да му каже да игра со 2 напаѓачи,се надевам нема да се упиздари сега после резултатов и да се врати на 4-3-3 со Лече,Леверкузен....
Не ме бендисува што Леао е тотално паднат,не го ни забележив вчера,од Нијанг премиум сега е паднат на ниво Нијанг,не знам што ќе прават со него,одбрана нити играл нити ќе игра,нешто како втор шпиц позади/до Мората некако да видат или на Лето ќе го пратиме Саше да се справи со него и да го истовари во Мајами Пеликанс во замена за нудс од Ноне :icon_lol: Со оглед на тоа дека го частеа Јуве,Калулу за 14мил ова секако би било порационално.
Би рекол ај нека е ова некоја мега пресвртница ама знам дека на крај пак се се сведува на пласман во топ4 и играчи од максимум 20мил па ако ги биде ок ако не чорба,така да едино Тео нека се спаси дур е во прајм,не е фер да му помине кариерата со врв едно Скудето и полуфинале л.ш. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Конечно да се израдваме и ние еднаш пичката во газо да ја ебам.
@Io Sono Interista ај пушти ме сега во таа темата серија мерија а, малце да ве подупам.
Ако ни кажеш како може да се изведе болдираното, ќе те пуштам. Отсекогаш сум сакал да знам. :D
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.621
Поени од реакции
4.211

Адли можеби си замина но оваа сезона добивме друг вистински Миланинста.
Се повеќе и повеќе ми се допаѓа ставот и карактерот на Абрахам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom