Како може да има толкава разлика у рок од неколку дена, стварно не ми е јасно.
Интер денес беше очаен, мора да се признае и заслуживме 2 или 3 гола победа.
Имаше желба денес, имаше жар, трчаа, покриваа. Многу солирање пред гол кога имаа неколку пати сигурен пас, ама солираа без врска.
И Мората и Абрахам имаат проблем со физичка подготвеност, иако дадоа 100% од себе.
Фонсека, оваа утакмица ништо не значи, пак ќе кажам Интер беа слаби, делуваа поизморено од нас. Оваа утакмица иде на конто на самите играчи, пожртвуваноста и желбата за победа.
Едино нешто за кое заслужува пофални зборови е што покажа муда, одеше на победа и доста храбро и офанзивно го постави тимот.
Е сега, сеуште сметам дека е лош тренер и нивото му е далеку од Милан, но, ете, моја и наша грешка е што малце прерано почнавме со хардкор критики. Не му оставив(ме) џентлменски период пред да почнам и почнеме да го критикуваме. Сепак, дерби е специфична утакмица и тука улогата на тренерот е минимална наспроти желбата и борбеноста.
Но еве, сеуште стои фактот дека 5 утакмици и 1 ЛШ, тимов нема препознатлив систем на игра, константна формација и патерн, па и стандардна прва постава.
Ама ете, си купи време и малце мир у куќа.
Рејндерс секоја чест, прераснува во играчиште. Сите стојат статични трчкаат мрдкаат, овој како коњ истрча, и напред и назад. Супер