Не им се играше вчера, одвај чекаа да заврши.
Околу сѐ поизвесниот трансфер на Калулу, најмногу ме „мачи“ што го продаваме на директен конкурент и за сума 10тина милиони помала од тоа што треба, со оглед на тоа што сѐ се продаде за повеќе пари (особено сомнителните трансфери на Јуве за играчи што никогаш не заиграле).
Од друга страна, Калулу не постои веќе година и кусур, така што не очекувам дека ќе напредува кај нас. Ова е прав момент да го продадеме затоа што мислам дека ќе стагнира и оваа сезона ако остане.
После повредата, Калулу го изгуби пејсингот и храброста да влезе во дуел. Испадна одличен играч од нигде-никаде за нас, и мислам дека ова е максимумот што можеше да го достигне во Милан.