Само да се исповедам, дека бев радосен кога го потпишавме, дури и им го украдовме на Ливерпул, и уште да напоменам дека талентираниот дефанзивец на Сан Сиро дојде како замена за Јап Стам кој замина во Ајакс да се пензионира.
Ете така, ми падна камен од срце.
.
Можете слободно да го убиете сега.
Ако дојде времето за исповедување тогаш и јас да си признам дека бев задоволен кога го земаа... Иако сега и не ми е криво што заеба, требаше пораз за да се треснат од земја и да размислат како понатаму. Добри се вакви порази за преиспитување и освесвестување. Како што пее Ристо Вртев ’истрел да те развбуди’.
Алегри до некаде и со право го напаѓате, посебно за измените кои ги направи, па можеби и за првиот состав што го извади. Но, грешите дека стилот на играта беше ваков дефанзивен, а пред се неагресивен по негова желба. Тој негува агресивен фудбал, со пресинг, па за да играат Касано и Пато во прв состав мораа да бркаат играчи и да покриваат, а не само да седат во напад и да чекаат топка. Што гледа толку во Емануелсон стварно не знам, толку ли е добар на тренинг, па овој во него гледа некој потенцијал кој ние не може да ги видиме?! А, за тоа што бранел нерешено во право беше, како игравме не можеше да стане збор за победа, немаше шанси да запретиме, а Јувентус се закануваше. Емануелсон божем ќе ја зајакне средината, која што ја изгубивме, а голема заслуга за тоа има и Конте (покрај желбата и агресивноста на неговите играчи), кој изелзе со пет човека во средина кои вршеа пресинг и лесно се отвараа кога ќе земат топка, што вели Сидорф, секогаш пронаоѓаа слободен играч. Дека промашил со измената и самиот си призна кога изјави дека планирал да ја згусне средината и слични муабети, а на крај се случило сосема поинаку. А, да, гледам доста емотивно го промија сите поразот, посебно поради лошата игра, гледам и Алегри се спукал малку со Масимо Мауро. Мауро му рекол дека Милан не може да покаже повеќе од ова, а овој дека ќе си оди ако не ја смени изјавата (ова се случило по натпреварот кога го вклучиле да даде изјава за Скај). Ќе повторам, ваљда ова ќе предизвика соочување и подобрување.
Сега имаме супер распоред, првин одмор, па лесни натпревари, таман за враќање на атмосферата и самодовербата.
П.С. Каде ми е најдоброто другарче Сасуке? Не е интересно без него кога ќе губи Милан...
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)