Емерсон
Овој трансфер ми има најмалку логика од сите што ги направил или сакал да ги направи Монкада. Доволно е само физички да си силен и ќе направиш нешто во италијанското првенство?
Гледам дека Милан бил заинтересиран за него уште пред да отиде во Тотенхем. Си го има Монкада тој Галијани момент да се закачи за некого и да го донесе, макар и после сто години.
Фофана
Конечно "нов Кеси", што би кажале навивачите на Милан. Некој што ќе врши и дефанзина работа во средниот ред, добива дуели, освојува топки, прекинува противничка транзиција. Се надевам дека ќе разбие и некои митови околу Кеси, иако тешко со навивачка пристрасност, уште па и навивачка носталгија. И овој како и моделот на навивачите на Милан за тој профил, не се "класични ДМ".
Мората
Време беше за некое поатрактивно име, за помлад и попросперитен. Кога отпадна Зиркзе, а другото за тие пари е попроблематично, а за подобри и поскапи опции нема да дадат пари, ми се допадна идејата за Мората. Иако таков тренасфер ќе имаше мнпгу повеќе смисла претходнато лето.
Остава простор да се земе уште еден напаѓач, како што пишуваат на Мората му е ветено дека озбилно сметаат на него, значи останува за некоја втора опција. Можеби изненадат со некој помлад или барем да инвестираат и на друга позиција офанзивно. На пример АМ, мене тоа форсирање на Лофтус Чик таму, не ми се допаѓа премногу и покрај головите.
Павловиќ
Со оглед на се она што ни се случуваше дефанзивно и што имаме во одбрана, не ми е ова најдобар избор. Ни треба левоног централен дефанзивец, но не уште некој што излетува, не е добар во позиционирање, како и Томори добар во дуел игра, интензитет, за разлика од него подобар со топка, но ни требаше некој што ќе донесе смиреност, сигурност. Со тој негов начин на играње во одбрана со тројца па и ок, но кај нас, не знам. Во Салзбург игра во 4 позади, неговите карактеристики се корисни за тој изразит транзициски фудбал, но и се гледаат сите негови мани, веројатно затоа и не го повлекоа во Лајпциг.
И за него исто мислам дека би имало повеќе логика да е земен во некои поинакви околности, сега повеќе би сакал да најдат некого друг.
Најголемо засилување во проблематичен дел, да ни биде некој кој и самиот е проблематичен и со кого ќе треба да се работи?!