Мислам дека во моментов више не е ни прашање каков е Пиоли ко тренер, дали послаб или бољи од овие со коишто не поврзуваат. Едноставно, неговото време во Милан се чини као да заврши. Исто (нормално ни блиску исто според резултати, али слично као циклус) као што беше со Анчелоти коа си заминуваше. Никој не мислеше тогаш дека Карло е лош тренер, ама едноставно неговото време и енергија во Милан се исцрпија и мораше да се мења. Така е и сеа со Пиоли. Фала му за све, поготово за тетоважата за 19ката, ама тоа е тоа. Пиоли не може да извлече ништо подобро од овој тим, ни тимот од него. Ова е максимумот што можеа да си го дадат.
Е сеа, имињата..
Конте. Несомнено одличен тренер и стручњак за брзи резултати, али вака ко персона не го сакам во Милан и мислам дека појше ќе ме нервира него ли радува. Историјата му вика дека е конфликтен, а вака фрагилна средина ко Милан, со толку многу промени и играчки и директорски и сопственички, кајшто се уште не се знае кој јаде - кој пие, кога и како ќе се препродава, која е амбицијата и среднорочната замисла, апсолутно нема потреба од такво цунами ко Конте во цела приказна. Ќе напраи хаос, можда ќе освои нешто и ќе замине за година - две, со кажување гачки за управа, трансфери, меџуљудски односи и слично. Некако мислам дека штетата што ќе ја напраи ќе ја надмине користа. Не е тој човек за средни или дуги стази, не е стабилен. Не го сакам иако дава некоја сигурност за резултати и е име коешто гарантира амбиција. А и не одговара со сликата што Кардинале ја има за Милан. Ептен ќе не замара.
Фонсека. Мртав се кише не боји. Ни на мртво плаче ни на живо се смее. Топ за Кардинале и неговата филозофија, ќе биде само еден од тимот во управата, ќе се уклопи скроз во филозофијата и ќе им легне на брашно. Од друга страна, добар тренер, интересен проект со више искуство во Италија и низ цела Европа, ама впечатокот за него ми е као да е цело време тука негде, као да е скоро на последна скала да го напраи чекорот напред кон солиден, стабилен тренер што гарантира добра игра, стварање играчи и успех ама никако да го напраи. Некако ко недовршен ми е. Носи некои добри ствари со него, ама као да не е целосно и као да не може ни горе ни доле, не знам. Втора - трета преференца би ми бил. Плус личи на БАЈАГА брате.
Ван Бомел - Искрено, не знам да објаснам скроз зошто, ама мој фаворит за наследник на Пиоли. Мислам дека тоа што досега го има напраено е доволно искуство и доволно позитивно за да се увиди дека има потенцијал да оди нагоре и мислам дека овој Милан, ваков, сега, е правото место за него кајшто би растеле и би се развивале заедно. Ми делува ко чоек од којшто не знаеш што да очекуваш ама би те изненадил позитивно. Млад е, а има доволно интернационално искуство, има некаков бонд со нас ко навивачи, ама и со управата највише заради Ибра, а и нема failures некако. Ако го тргнеме Волфсбург кајшто беше 10ина утакмици, и ПСВ и Антверп му се добри проекти со скоро 2 поени просек по утакмица. Поготово во Белгија, кајшто имаш монопол над све од Бриж, Генк, Андерлехт, им освои све живо и издоминира минатата сезона. Коцка е скроз ко и другиве, ама јас лично некако највише би му верувал. Што не е ич релевантно, ко ќе имаш предвид кому све му иам веруано.
Де Зерби - Ух. Има и многу добри страни и многу лоши. Кај него ми е едино страв да не испадне она - се тресеше гората, се роди глушец. Тежок карактер што не мислам дека лесно ќе се уклопи и ќе стане дел од она ТИМОТ што управата и Кардинале го форсираат. Од друга страна, знае да валоризира играчи, игра офанзивно (што можда и пречесто му се удираше од глава, ко со Рома во ЛЕ рецимо), и не сум сигурен дека ќе се прилагоди во тим кајшто пресингот за резултати е увек висок. Не сум сигурен дали е стабилен тренер којшто некад е спремен и да отстапи од филозифијата своја за да тепа утакмица во Италија или е само човек којшто би праел изненадувања со помали екипи од коишто пималку се очекува. Али е ризик којшто имајќи све предвид (романтично врзан за Милан, млад, таљан, хајпнат и све тоа) би го превзел па куд пукло.
Се јадат со Фонсека кој ми е втор-трет на подиум од овие што се спомнуваат.
Консеисао - не се спомнува више, али све на све - Не. Последен избор би ми бил од сите овие. Тој ми е човек кој као да треба да остане во Порто цел живот. Тренер - легенда за тимот, нека не шета ваму - таму, ќе флопне. Седи си во комфорт зона и не мрдај, бркај си работа. Обечава али има флоп аура некако, нема нешто што го двои, така ми се чини. Го доминираат и во Португал задње време, не знам, не би си играл и ризикувал со него.
Гаљардо - романтика вика да, али ризик јак, мила душа... Освои све можно со Ривер, као да го има тоа нешто за нијанса појше од Консеисао за да биде легенда на појше од еден клуб, али да го пикнеш во оган во ваков Милан кајшто догодина ќе се очекува дека ќе бркаш Скудето, а притоа тоа да ти е прво искуство во Европа, не знам. Можда вреди да се проба, ама (не)искуството во Европа, поготово Серие А некако ме јебе околу него. Појше не - отколку да.
Околу сите имиња коишто немаат излезено во јавност - Не си играјте превише и нема потреба од преголем ризик. Не е време за тоа сеа, има тимот основа и темели. Ќе изризикуваат секако, јасно е тоа од ова досеа што се спомнува, ама само нека не е преголем ризик со имиња ко тој од Копенхаген, Фариоли, оној од Римс менаџер што играл на PC и слично. Во моментов, ако не можеш да си ги дозволиш Клоп, Зидан, Тухел и слично, ипак испробани ликови и со име во Европа бар немој превише и да изводиш со глупости и moneyball филмски причи.
Тоа е. Форца Милан.