Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
20 ноември 2021
Мислења
28
Поени од реакции
131
Vaka deka ke ni se otvori nekogas pak patot za do filane na LS, malomorgen. Pisav pred nekoj den deka i so 1/4 finale sum prezadovolen sto se odnesuva do LS, no sega od ic nigde ni se otvara prilika kako nikogas do sega. Pocnuvajki od grupata so Dinamo i Salzburg, pa preku klimaviot Totenhem, i sega Napoli i eventualno Inter/Benfika, pritoa za do eventualno finale izbegnuvajki ekipista kako Celzi koj veke ne rasturi ovaa sezona, Real, City i Bayer.

Tek sega treba da si griznat od kurot site sto letoska ne go pojacaa osetno timot, no sto e tuka e, posle denesnava zdrepka ako sami od sebe ne se izmotiviraat aktuelnite igraci za da vlezat do kraj na sezona so 200%, ne znam sto da kazam. Ima do prvata utakmica taman vreme i Giroud i Leao malku da ja sredat formata i da pocnat da davaat golovi, a se nadevam i deka ofanzivno i drugi igraci ke uspeat da se podobrat i da pridonesat vo dvomecot so Napoli koj na hartija doagja vo period koga vo liga treba da imame polesni natprevari, odnosno pred prvata utakmica igrame doma so Empoli, a pred revansot vo gosti so Bologna. Ke mora i defanzivniot del od timot da ja povtori igrata od dvomecot so Totenhem i da se vleze so ista, a mozebi i pogoelma cvrstina protiv Napoli. Kratko kazano, imame odlicna prilika za iznenaduvacki dobra sezona vo LS, pa sto bide neka bide ...

Koga veke gi spomnav onie ‘‘polesni‘‘ natprevari vo liga, ne mozam a da ne spomnam deka ovaa nova 352/3421 ili kakva i da e formacija, protiv takvite ekipi mora da se menuva zosto ne licime na nisto. Dokaz e i poslednata utakmica doma so Salernitana koja vo najmala raka bese sramna, a doagjase vednas posle 1/8 finale na LS od koe izlegovme kako pobednici. Mislam deka samo prasanje na vreme bese koga ke ni go zeme skalpot nekoj autsajder i onie ‘‘sigurni‘‘ 1:0 ke gi pretvori vo 1:1.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.836
Поени од реакции
50.126
Пак е нот грејт, нот терибл. Не сум оптимист, ама не ми е крај на свет, како што би ми било со Сити или Реал.

Како и да е, немаме многу шанси. По мои проценки треба да сме бар 20 до 30% појаки за да можеме да се бркаме со Наполи, а оваа екипа го нема тоа во нејзе. Противник што е објективно посилен се фаќа или на искуство или на јуриш. Во случајов фаќање на искуство не е можно, пошто не се ништо поискусни во вакви натпреварувања од Наполи, а фаќање на јуриш и фанатизам па не доаѓа во предвид, пошто никој нема појак јуриш од Наполи.

Доволно време има, за месец дена од денес може Милан да набие и да натемпира форма и моментум.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.290
Поени од реакции
14.633
а фаќање на јуриш и фанатизам па не доаѓа во предвид, пошто никој нема појак јуриш од Наполи.
Па можеби тука е и најголемата наша шанса. Да ги оставиме така фанатични и под притисок да изгорат.

Тие сега не смеат ни да помислат дека нема да поминат во 1/2 финале. А какви и да сме моментално, може да бидеме незгодни за нив. Уште да ги доведеме да мораат да бркаат победа на реваншот на домашен терен, да им внесат дополнителна нервоза.

Најголем проблем ми е што во Милан сега никој не знае до каде се и тактички во кој правец да се оди до крајот на сезоната. На што ќе се ослонат?
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.836
Поени од реакции
50.126
Па можеби тука е и најголемата наша шанса. Да ги оставиме така фанатични и под притисок да изгорат.
Да, ама тоа го може искусна екипа. Милан тоа не е, не може Милан да им препушти самоуверено иницијатива и безброј фрустричаки јалови напади, па после во еден даден момент да тргне во налет и да даде гол. Посебен штоф е потребен за такво нешто или па многу послаб противник со кого би поминало такво нешто.

Тие сега не смеат ни да помислат дека нема да поминат во 1/2 финале. А какви и да сме моментално, може да бидеме незгодни за нив. Уште да ги доведеме да мораат да бркаат победа на реваншот на домашен терен, да им внесат дополнителна нервоза.

Најголем проблем ми е што во Милан сега никој не знае до каде се и тактички во кој правец да се оди до крајот на сезоната. На што ќе се ослонат?
Па требаше да се ослонат на тајно оружје или џокер во ракавот, двигател да не кажам, а тој што требаше да е џокер и двигател сезонава е во депресија и не знае кај тера од серија неповолни фактори.

Проблемот со екипава повеќе е немање дух, отколку немање квалитет, сезонава едноставно немаат сперма :D . Треба да се усвои менталитетот на Браим, кој иако сам по себе е просечно фудбалерче, има глад и желба што кај другите недостасува. Многу работи од поле на квалитет може да се бајпасираат ако сите се впрегнат како што се врпегнаа во последните кола лани.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.634
Поени од реакции
3.966
Ocaen pas od Benaser ama i Tomori epten zabaguva, 10 sek mu trebaa da trgne deka ke bide kratka topka
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.290
Поени од реакции
14.633
Изгледа дека тое првите неколку натпревари со тројца позади, беа повеќе резултат на некаква шок терапија.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.909
Поени од реакции
6.753
Срамота е од непостоечки пенал да се вратиш у игра, и тоа два пати суден и на крај пак да примиш гол пред полувреме....

Уште некој нека пише дека не е до играчите за да можам јајцава у уста да му ги ставам....Пиоли да влезе на терен да игра уместо нив???

Што да им прави со стап да ги тепа??? Треба малце и ултрашиве да реагираат на хаосов..
Автоматски споено мислење:

Изгледа дека тое првите неколку натпревари со тројца позади, беа повеќе резултат на некаква шок терапија.
Нема врска тоа тројца позади убаво рече Пиоли тие се играчите нема некоја голема разлика...улогите на терен се тие...само што нема кој да ги изигра како што треба.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Previse amateri ima vo ekipava da imaat dobri rezultati..nikakva igra.
Автоматски споено мислење:

So izveduvanjeto na autive sme isti ko Stoke, moze Delap kje go kupime letovo.
 
Последно уредено:

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.836
Поени од реакции
50.126
Во секој случај наредна сезона ќе мора нов тренер да се назначи. Пиоли си го помина рокот и нема што повеќе да понуди.
Каква само катастрофа испадна ова со трите штопери ауу
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.909
Поени од реакции
6.753
И лани ги имавме истиве утакмици кај што примаа по гол два па после ги вртевме...али толку од мотивацијата оваа сезона....мора чистка летово...

И јас сум Пиоли да си оди ако се донесе подобар....само кој е тој подобар што ќе биде достапен?
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.534
Поени од реакции
5.524
И Пиоли е ка теле, го имаш и Кјаер.. ротирај малу играчите, Томори уште после таа со Фиорентина требаше да се олади малу... Не беа толку добри Удинезе колку што беа лоши позади нашиве... и после отворен путот ни бил до финале ЛШ... никава игра неамамо после СП.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom