Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.485
Поени од реакции
14.922
Како фан на Раде, мислам дека ротирање е единствено нешто исправно за нашите десетки и десни крила.

Ниту еден не покажал дека е за прв тим, ниту додека е во Милан покажал констаност за да се зацементира во прв состав.

А ако гледаме така строго, по тоа што го играше Кеси во еден дел од сезоната, требаше са биде седнат на клупа и да не добива шанса, но со право беше истрпен.

Диаз заслужи поради неговите карактеристики, па и игрите до ковидот. Иако не сум фан на него како играч, пишував за неговите мани и додека беше најдобар на почеток на сезона.

Никој не бил претерано форсиран. Дури ни Ибра, за кого се изнапишаа милион постови, дека ќе мора да игра, ќе прави проблеми, ќе го уништил тимот со неговото его.

Се радуваше од клупа како и секој друг фан на еден од најважните натпревари, а можеби и негово последно појавување на Сан Сиро во ваква улога. Цело време мислев дека ќе ги одложува последните замени за да влезе Ибра. Напротив, влезе Бакајоко, кој веќе е прецртан за следна сезона.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
А ако гледаме така строго, по тоа што го играше Кеси во еден дел од сезоната, требаше са биде седнат на клупа и да не добива шанса, но со право беше истрпен.
Принудно играше на неприродна позиција затоа што управата не успеа најде решение за таа позиција.Инаку Кеси е неприкосновен последниве три сезони со своето залагање и игра и е помеѓу најдобрите во ростерот.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.950
Поени од реакции
23.450
Да не има некој од Тетово или проаѓа низ Тетово а ќе иде у Недеља у Play да гледа да ме земе и мене узпут?
Би сакал да доем ама не ми се мрцвари со автобуси
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Да не има некој од Тетово или проаѓа низ Тетово а ќе иде у Недеља у Play да гледа да ме земе и мене узпут?
Би сакал да доем ама не ми се мрцвари со автобуси
ти да не беше оној од големото добро утро.. :icon_lol:
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731

Кој све е тука со шал, а? Каков состав на луѓе. :ljubove:

Чак и актуелен тренер на една четвртопласирана екипа, а медиумите ни збор не рекоа, за разлика од вчера кога Леао отишол во Торино да ги глеа другарчињата Кин и Кабрал, а тие го направија нов играч на Јувентус на кратко, па бришеа твитови.
Автоматски споено мислење:

Да не има некој од Тетово или проаѓа низ Тетово а ќе иде у Недеља у Play да гледа да ме земе и мене узпут?
Би сакал да доем ама не ми се мрцвари со автобуси
Брат, а сакаш после утакмица и да те вратиме у Тетоо или? Или да не се мешам, можда имаш организовано преночевање у Скопје. :icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.923
Поени од реакции
41.896
Да не има некој од Тетово или проаѓа низ Тетово а ќе иде у Недеља у Play да гледа да ме земе и мене узпут?
Би сакал да доем ама не ми се мрцвари со автобуси
Подобро не оди малер си. :P
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.950
Поени од реакции
23.450

Кој све е тука со шал, а? Каков состав на луѓе. :ljubove:

Чак и актуелен тренер на една четвртопласирана екипа, а медиумите ни збор не рекоа, за разлика од вчера кога Леао отишол во Торино да ги глеа другарчињата Кин и Кабрал, а тие го направија нов играч на Јувентус на кратко, па бришеа твитови.
Автоматски споено мислење:

Брат, а сакаш после утакмица и да те вратиме у Тетоо или? Или да не се мешам, можда имаш организовано преночевање у Скопје. :icon_lol:

Нормално дека ќе ме вратите
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.485
Поени од реакции
14.922
Принудно играше на неприродна позиција затоа што управата не успеа најде решение за таа позиција.Инаку Кеси е неприкосновен последниве три сезони со своето залагање и игра и е помеѓу најдобрите во ростерот.
Не, не, како АМ играше дури против Емполи, тоа беше последниот натпревар во декември, а и не беше лош. Потоа против Интер кога беше исвиркан, па уште против не знам кого, па против Наполи на која изигра добро. Иако на сите овие, посебно против Наполи не беше класична десетка.

Кога пишувам дека не бил добар мислам на првиот дел од сезоната, која ја започна и неспремен поради ОИ, а тогаш играше на негова позиција.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.923
Поени од реакции
41.896
Минатата сезона и претходната од јуни после рестартот на сезоната му е најдобра, а оваа е пола и повеќе далеку од тоа што може да го изигра. Лесно губеше дуели со послаби играчи, грешки во додавање, повеќе на клупа за разлика од претходните сезони кога играше по 50 натпревари.
Во последните натпревари од оваа сезона игра подобро.

За него не може да се каже дека е неприкосновен 3 сезони без прекин.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
За него не може да се каже дека е неприкосновен 3 сезони без прекин.
Пред минатата сезона кога Бенасер дојде беше убедливо најдобар со Тео,Хакан и Кеси.
Лани Бенасер го мачеше повреда пола сезона и падна со формата но Тео,Хакан и Кеси беа најдобрите во ростерот.
Сезонава Тео,Леао,Кеси и Тонали кој има драстично подобрување во формата ни се најдобри во ростерот.
Нема потреба да се плука по Кеси тој е голем професионалец во денешно време каде што фудбалот е бизнис.
Следната сезона ќе се примети колку бил битен и ќе фали во тимот особено ако го донесат Ренато Санчез како негова замена.
 
Член од
28 септември 2014
Мислења
1.108
Поени од реакции
1.695

ако влезе Бенасер во форма(како што играше првите 2 сезони) може комплетно да го замени, а за Кеси само респект, може и нему на крај да му биде криво што заминал xD
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
ако влезе Бенасер во форма(како што играше првите 2 сезони) може комплетно да го замени, а за Кеси само респект, може и нему на крај да му биде криво што заминал xD
Ќе видиме следната сезона кој на кого ќе му фали а на кого ќе му биде криво ;)
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.485
Поени од реакции
14.922
Ако водиме инает во ред, но почетокот на сезоната не беше толку далеку. Ако имал лош период, имал, што има врска тоа со неговиот придонес или тоа што може да недостасува наредната сезона!?

Друга работа, Кеси сам сакаше да си отиде. Можеше тоа да го изведе на пофин начин и ретко кој ќе му замереше. Требаше да каже дека си оди затоа што сака нови предизвици и готово. А не да глуми лудило година дена.

Во секој случај, повеќе ми е криво за него отколку за Донарума или Хакан.

Но, за тоа колку ќе фали и како ќе биде покриен, мора да се има во предвид дека си оди по негова желба, не е избркан. Сега ќе видиме како ќе изиграат Малдини и Масара, времето покажало дека многу повеќе тие биле во право, а не нивните критичари.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.923
Поени од реакции
41.896
По се изгледа само наши навивачи купиле билети за Сасуоло. Имало 90к барања за билети, а стадионот е со капацитет 21к
Забранет е влез со дресови, шалови и знамиња на нашите навивачи.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Како и да е овој тренд на заминување на нашите најдобри играчки како слободни агенти мора да запре.Милан не може да си дозволи повеќе да губи по двајца квалитетни фудбалери секоја сезона и притоа да ги покрива нивните позиции наместо да инвестира таму каде што навистина е потребно.
Се надевам дека Леао и Бенасер ќе останат уште долги години во Милан и тимот ќе се гради околу нив,но многу наскоро ќе видиме дали управата ја научила својата лекција и дали тоа навистина ќе биде така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom