Чекајте малку другари.. Коа збориме за играчи испуштени и заминати за 0 евра, можда треба да ја имаме и целокупната ситуација во фудбалот моментално предвид. Еден Лео Меси е без договор моментално. Серхио Рамос. Вајналдум замина за 0 евра во ПСЖ. Да не набројувам и други, ама очигледно во моментов е на сила тој курвинско - номадски - пост корона стил на пазарот: не продужувам договор со тебе, кој ќе дае више - идем тамо. Исто така, коа збориме за Кеси и за тоа дека има уште една година од договорот ( ЗНАЧИ УШТЕ ЕДНА ГОДИНА, А НЕ ЕДНА НЕДЕЛА ), треба да се има предвид и дека рецимо Дибала има уште баш исто толку, па не се збори толку колку за Кеси. Роналдо исто така. Лоренцо Пелегрини, Белоти, Инсиње, Брозович. Све се тоа страшно битни играчи во своите тимови, па чак и на исто ниво со битночата на Кеси за Милан, па не се збори толку.
Полека малце. Очигледно нема само Милан проблем со овие работи, ама нормално, за нас, проблемите на Милан се единствените битни проблеми, најголемите, нерешливите, фаталните.
Пишав и претходно. Изгубија двајца битни играчи за 0 евра, за Кеси се уште преговараат, па ќе речеш (набилдано од медиумите) дека изглеа као Малдини и компанија да не знаат каде тераат, ама тоа е општ впечаток за мене. И Реал не знае каде тера со Рамос, и Барса со Меси, Јувентус со Дибала и Роналдо, Интер со плати, продажба на Хакими и тек што следи којзнае? Нема многу големи тимови коишто купија играчи, коишто трошат пари или имаат јасни цели, не се дешава многу во меркатото во моментов. Ми се чини дека општо, ситуацијата во меркатото и фудбалот во моментов е заебана и така е за сите очигледно. Наравно, освен за ПСЖ, тие бате си пичат, ама па мора и тие коишто останаа на страна на УЕФА, а против Суперлигата да бидат наградени некако, нели?! Еве ПСЖ е на браникот на навивачкиот фудбал и “фудбалот за сите“. И топ ми е што вака им се мочаат во фаца на УЕФА чак, ама тоа е друг муабет.
Ова дека никој освен ПСЖ не знае каде тера се глеа и по овие инсајдериве као Ди Марцио и Романо, коишто испаѓаат кловнови рециклаторски више втора година. За сто ствари пишаа дека све е завршено и курац на крај, ниту се десило вистина, ниту ќе се деси. Види ја ситуацијата со тренерот на Тотенхем као пример. Никој ама ништо досега не погоди, сите лупаат глупости и праат глупости. И годинава као и лани и прелани (откако е Малдини тука уствари), ми се чини како многу тешко да излегуваат информации околу трансфери за Милан. И тоа ми е океј, искрено, колку и да е напорно и да ни кине живци нам како навивачи коишто секој саат очекуваат нешто ново. Брахим досега 7 пати го средивме демек као трансфер, а уште не е официјално. Тонали и Жиру исто. Со Мајк Мињо дознаа коа више беше слетан во Милано, исто као со Бенасер пред 2 години.
Фино пишаа поназад, Милан во моментов делува као да превише се ценка од една страна, као лани со Симакан од Стразбур коа се циганчевме за 2 милиони и нудевме 18, а тие бараа 20 и ќе речеш ете циганите Милан го издуваа, немаат пари да даат, Лајпциг им го зеде играчот за само 2 милиони плус, ама па сеа лупаме скоро 30 милиони за Томори. Не ќе да е точно дека имаме финансиски проблем. Милан за дефанзивец 150 години нема даено толку пари уствари. Делува као да знаат кого и колку да платат. Затоа викам, сепак и покрај се, ми се чини као да знаат што прават овие од управата.
Денес почнува меркатото и официјално. Поучен од курчевитоста (оправдана) на Малдини и тоа што буквално не излегува ништо во јавност се до пред официјализирање на трансфер, јас нема да коментирам ништо што не е официјално, пишано со црвени букви на миланњуз. Пишав поназад за Де Пол и се заебав, нема да ми се повтори.
За официјланите ствари, Донарума непродолжен, Хакан исто, а Мињо и Томори ИН - за мене, Малдини засега има огромна поддршка и согласување. За понатаму, ќе видиме, ама пак ќе речам, се чини како да знае што прави и вака на прва, би му верувал.