Обавив озбилен јутуб скаутинг на Леао(а знаеме дека тоа е најверодојстојно) и можам да заклучам дека Џамапаоло си бара нов Шик уствари, тој профил ми е, висок, снажен со фина техника, што би можел да одигра и крило, налик на Балотели, само без психичките растројства.
Можам уште од сега да заамислам како со Пјатек слават голови.
За бразилскиот штопер не сум купен вака од критики читање, наводно му фалела концентрација, ама останува да видиме. Од бразил за тие пари се е мачка во вреќа.
Добро е што си отиде Кутроне, потсеќа на шпиц од рани 2000 години, а тоа време на техничка ограниченост и голови умре со Инзаги, останува да се решат од Андре Силва, кој реално не потсеќа на ниеден шпиц од ниедно време.
На средина ќе фали висина, јас сум поборник на везњаци од тип на Матич, Јаја, Бускец, Амброзини... ама и Бакајоко би завршил работа ако се има воља да се заборават некои ситни киксови.
На крај што и да е се купи, сезонава ќе зависи само од Џампаоло. Лацио, Аталанта и Рома не верувам дека ќе засилат подобро од нас. Ако успее да направи игра ќе бидеме добри и со овие сумњиви засилувања.