Стајте нова анкета - "Џампаоло?"
со истите одговори.
Се најдобро му посакувам на Кутроне, неизбежен беше трансферот од повеќе причини.
Мислам дека ги имаше сите услови на светот да прерасне у играчиште, ама он премногу малку напредна индивидуално. Можеби грешката е во тренерите(гатузо + екипата), ама добар дел и самиот има одговорност ради својата лична стагнација.
Многу треба да работи на физичка подготвеност човекот, од тип на сила, издржливост, експлозивност и тн, со и без топка. Исто и технички мора да напредува.
Не сакам да бидам мрчатор, али мислам дека ќе се изгуби уште толку во Волвс. Му се глеа дека е видно потресен шо ќе си иде, а и таков е на терен - емотивец.
Тешко е од оваа дистанца да се има јасна слика за тоа како ќе изгледа милан оваа сезона.
Мислам лани се знаеше дека ќе се мачиме за тоа 4то место и дека сме "тука некаде".
Оваа сезона милан ми е као - може и ќе бидат 2ро место, може и 12то.
Купија крајно сумњиви играчи од Сосиедад и Емполи, и тоа онака за релативно висока цена.
Кореа ми е баш таков недефиниран играч од кој може многу да се очекува, а може и права катастрофа да се покаже.
Леао ми е тотален анонимус и 35 мил за него се ризичен трансфер. 8 гола на 24 утакмици, ветувачки, ама ништо спектакуларно.
Милан ми е скроз недефиниран моменално.
Добро е што барем го подисчистија ѓубрето.