- Член од
- 14 октомври 2007
- Мислења
- 2.674
- Поени од реакции
- 2.731
Монтоливо има, ама се надевам дека има и менталитет да се справи со одговорноста која му ја носи таа позиција во тимот. Ќе му треба страшна константност ако рачунаме само на него. А замена моментално нема.Монтоливо нема? А после овие изјави на Галијани некако убеден сум дека Кака ќе го донесат. Само не знам каква постава сака Алегри. Во божиќно дрво би можеле Боатенг и Кака да се позади шпицот, овој тандем може доста интересно да изгледа, добра комбинација на техника, експолизивност, брзина, агресивност. Не сум сигурен колку ќе биде корисен Боатенг во тројката во средина. Во тој случај, в средина како прв избор остануваат Монтоливо, Ночерино и сега фали тој што ќе игра ’задњи везни’.
И ако не друго, Кака ќе влијае добро врз Шарави.
Според изјавите на Галијани (кои се идентични од тие што ги даваше пред да го земе Ибрахимович) и јас сум се посигурен дека ќе го враќаме Кака. Е сеа во врска со тоа не знам што да речам. Глеам само една негативна страна, а тоа е колку Кака е физички спремен. Ако можат да го закрпат да изигра уште една сезона барем (рака на срце, не беше толку лош во последниов период за Реал) тогаш и тоа како ќе ни се најде од играчки и тактички аспект. Ако почнат да го дупат повреди секоја втора утакмица, само ќе се нервираме.
Од психолошка гледна точка ќе донесе само добро. Од една страна ќе биде добро за самиот Кака, зошто сигурен сум дека ќе гризе и ќе се труди максимално, а од друга добро ќе му дојде на Милан, затоа што во моменталново село без кучиња, во соблекувалната ќе се најде некој авторитет (каков-таков, во секој случај поголем од било кој друг моментално освен Амброзини) кој им е идол на пола тим гарант. И Емануелсон и Шарави и Пато и црнците ќе глеаат Бог во него.
А и поголем дел од навивачите го сакаат назад.
Сентиментален сум во вакви случаи. Иако сум му лут на Кака за односот кога замина во Реал, сум ЗА овој трансфер, ама под услов барем 60% од утакмиците да може да ги изигра и издржи од физички аспект. Само за тоа се плашам. Тактички,психолошки и технички и тоа како ќе придонесе.
А штом Галијани изјавил и решил да оди во Монпељер, тогаш Мбива е 90% завршена работа.
Касано ако вистина изјавува и мисли онакви работи, под итно да се дава, каде сака нека оди, ич нема да се сврти никој по него. Не знам ни зошто мислев дека можда се сменил. Тој па тек нема никакво право за такви изјави, колку и да е вистина тоа штто го збори.
Еднаш кажав: Гатузо,Малдини,Неста,Бастен и таквите можаат да си дозволат таква изјава, Касано никако НЕ!