- Член од
- 21 март 2012
- Мислења
- 3.277
- Поени од реакции
- 3.055
Е да си ми жив и здрав за ова. Додека некој гинеше за МЗТ, додека некој цел живот поминуваше во младинската школа, додека некој идеше среде Тетово и среде Гостивар и победуваше пред 1000 гледачи и тоа во младинска лига и го бакнуваше амблемот пред албанска публика, додека некој гинеше за овој клуб некој си го прчеше курот. Затоа сега и се дешава ова. Мислам може стварно е глупо вака да судиме после 5 кола каде имаме скор од 2-3 што и не е така лошо за еден дебитант но според досега виденото работите смрдат. Овој трансфер период е тотална утка, се утнаа трансферите до коска, Бакич и Николич врска си немаат, едино добри инвестиции се Кире и Дамјан иако првиот не ја добива правата минутажа а вториот неможе сеуште да се пронајде себеси иако неоспорен е неговиот талент. За тренерот веќе се изјаснив, тука со него и управата ќе ја окривам, едноставно Ацо не е за овој тим на МЗТ и тоа е тоа. Ќе го правиме муабетот во иднина, нормално со членовите кои го поддржуваат Ацо. Јас го знам и лично човекот и знам за каква особа се работи, затоа и вака ги гледам работите.
На страна сите овие работи, работата во младинските школи=0, збореа лани дека од оваа сезона посериозно ќе биде но ништо од тоа. Си донесоа некои нови тренери, не знам ни дали може да ги наречам тренери, и си тераат некоја политика и си го прчат курот а зимаат плата по 25000-30000. Место за некои 3-4 години младинската школа да даде 2-3 готови играчи и да играат за прв тим ние сеуште ќе се замараме со трансфери од типот на Бакич, кои нормално ќе играат пошо се Срби/Црногорци/Американци а златни таленти тука од МКД ќе пропаѓаат заради вакви идиотизми.
Скорот нема везе кога играта е никаква.Јас не знам дали воопшто имаат една извежбана акција.Цел тим е неуигран а освен Бакич сите останати цело лето го имаа.Овој нешто им црта на тајм аут акција со 5-6 паса,ако мисли дека играчиве можат за 1 минута да научат акција од кој 2 ца му се срби а еден Американец не знам што да кажам.
И да ја победиме распаднатава Ѕвезда ( а и ова е под огромен ? дека доаѓаат очајни ) во следниот период не очекуваат Олимпија,Цедевита и Игокеа тоа се чисти 3 порази.А губиме од тимови како Сплит кој се во најмала рака "кутри",тимот/младинцине све метар и жилет.Нашиве место да им куцаат преку нив и да ги доминираат во секој аспект они не можат да ги стигнат овие кругчиња им вратат во одбрана а нашиве уште ги поминуваат блоковите од надворешна страна, со тоа каснат нивниот плеј во рекет пушта пас и чистса ситуација за кош.И тоа не еднаш туку 40 минути иста акција ( и при изведување од аут примивме така 4 коша ).Па тоа на кош пред маало нема да ти помине повеќе од една партија до 16 али кај нашиве 40 минути помина.
Двете победи беа против Цибона која не знаеше кој спорт игра и против Широки кој беше победен со сила буквалн од страна на Кире и Дамјан.Али сега сме прочитан буквар.Секој тим со просечни бекови ќе не уништи кога подпросечнине бекови на Сплит успеаја да ни изнудат 20 грешки.
ФА треба да ги земе работите во свои раце малку и преку бојкот да бара промени.Подобро сега да се решат работите одколку да се чека додека не е прекасно.
.