ОД СИНОЌА НА МЗТ СКОПЈЕ ИМ СЕ ПРИКЛУЧИ НАЈАВЕНИОТ АМЕРИКАНЕЦ
Смит им се приклучи на "металците"
Американецот број три во МЗТ Скопје, Џон Френсис Смит (206 см-1981 год.), пристигна во Скопје и веќе синоќа го имаше првиот тренинг.
"Засега не можам да кажам ништо. Ќе имаме две контролни натпревари, преку кои ќе можам да оценам за каков играч станува збор и дали ќе може да се вклопи во тимот" - вели шефот на стручниот штаб на МЗТ Скопје, Марјан Лазовски.
За потсетување минатата година Смит настапувал во данската Супер лига, поточно за тимот на СиСу Копенхаген каде секоја средба ја завршувал со дабл-дабл ефект (19.1 поен и 10 скока). Американецот има искуство и во Англиската лига, Солент Старс е екипата за која играл.
Инаку, "металците" до почетокот на вториот дел ќе одиграат уште две пријателски средби. В сабота е закажано гостување во Битола, а вторник, најверојатно, избраниците на Лазовски ќе му го возвратат гостувањето на тимот на Приштина.
Со овие натпревари практично "сино-белите" ќе ги заокружат подготовките.
"Од последниот меч релативно сум задоволен од она што го прикажаа момците. Има некои финеси на кои ќе треба да поработиме, но можам да кажам дека одиме чекор по чекор кон она што го имаме зацртано" - додава искусниот стратег на МЗТ Скопје.
М. К.
http://www.sport.com.mk/?ItemID=1929DC6A613AB24AA14811B129ED402C
mnogu e slaknat tipov
)))))