Vanlok што мислиш за Мајк Д'Антони најверојатно Коби самиот бил најмногу тој да биди следниот кој ќе биде тренер и да не заборавиме Коби носеше 8ка заради него... но мислам дека Слоун или Џексон се подобар фит твое мислење?
Сериозно, проблемот на ЛА останува одбраната.
Тоа нема магично да се реши со менување на тренерот, исправање на недостатоците во одбрана се можни само делумно. Сепак добар дефанзивен тренер е преку потребен.
- Од тој аспект Џери Слоун би бил можеби најдобар избор. Добар олд скул тренер, проповеда добра одбрана а нападот му се базира на пик&рол сетови.
- Фил си е Фил, жива легенда. Наводно со здравјето бил добар, и тоа не е проблем ама факт е дека повеќе од пола сегашен тим нема поим од триаголникот, кој исто како и принстон е тежок напад за учење. Одбраната на Фил Џексон не му е слаба страна, ЛА преклани под Џексон беа 6та екипа во НБА дефензивно. (за да паднат на 26то под „стручњакот„ за одбрана Мајк Браун).
- Д'Антони е добар тренер ама неговите тимови никогаш не биле познати по добра одбрана. За напад е многу добар (пик&рол), и има искуство со Стив Неш... ако некако испадне оваа комбинација не стравувајте за нападот. Не е веројатна оваа варијанта, пред недела-две има направено операција на смена на коленото и нема шанси да почне да работи во скоро време а ЛА не можат да чекаат.
- Стен Ван Ганди многу би сакал да видам во ЛА, мислам дека е неверојатно добар тренер. Не знам некој што подобро од него реагира со промени во стратегија за време на самиот натпревар. На жалост, со оглед на историјата со Хауард... тешко ова.
Ќе видиме што ќе испадне, жал ми што ЛА ќе го баталат принстон ама се е подобро од елементарната непогода по име Мајк Браун.