Фан клуб: Калин Ивановски

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
На 11 челенџери играше сезонава, @dragonsky , не му е прв за да видиме дали го надраснал тоа ниво. Од тие 11, на минимум 6, а може и повеќе, беше во главен ждреб и на секој челенџер изгуби во прво коло. Освен во Јаши, каде стигна до четвртфинале. На челенџерите играат 80+ рангирани тенисери, не 300+, и во 90% од случаите му се паѓаше во прво коло некој повисоко рангиран од него, но имавме и ситуација кога беше елиминиран од далеку послаб тенисер.
Тоа со 300+ ми беше онака општо, не беше во тој контекст кажано. Дека тој што е 180 е сличен како и 420 по квалитет на пример

Иначе шо знам, ја уште сум на половина за тоа дали е предобар за ИТФ турнириве (можеби горе пишав негде челинџер наместо ИТФ)
Паметно е што игра Челинџери, не ме сфаќај погрешно, ама тоа сакав да кажам, дека може да го тепа и 180 Калин, ама и може да изгуби од 430тиот на пример.
Додека не ме убеди дека:
-430 ќе го тепа сигурно, за овој 180 можеби

Тогаш ќе мислам дека сигурно ги надраснал ИТФ (а не е лошо и да не ги, ипак млад е)

(иначе можда лошо сум кажал, сакав да кажам дали е предобар за овие ITF турнири, а да сум пишал Челинџер по грешка)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.109
Поени од реакции
37.571
Не го сака среќата. Во Касис во прво коло ќе игра против осмиот носител, Федерико Гајо од Италија. Моментално 215 на АТП листата, со carreer high = 124 во февруари 2020. Има 2 грен слем настапи, двата на US Open, во 2018 и 2020 (изгубил во прво коло). На останатите три слема никогаш не ги минал квалификациите. Има дури 9 финалиња на челенџери но последниот освоен челенџер турнир му е во јануари 2020 во Бангкок, Тајланд.

1693763606800.png

1693763627563.png
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.782
Поени од реакции
115.725
Еднорачен бекенд Џаио, прилично лош и често слајса, од друга страна е многу борбен и упорен. Класичен жабарски шљакер, копа за секој поен, ќе мора Калин да изигра топ за да добие.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
А бе јбг, можел да има среќа, ама ова е тоа што сакав да го кажам.
На овој дел од турнеата, за овие играчи фалат нијанси. Секој може да победи секого ако има добар ден.

Одличен тест за Калин, баш вакви тенисери што објективно треба да се подобри и се фаворити ќе ни кажат до каде е.
Имаше пар ок тестови до сега со ептен поискусни тенисери што играле генерално на добри турнири и сите ги изгуби.
Еве пак.

На крај краева па, подобро вака наместо да игра со некој тинејџер квалификант и да изгуби.

Вака ќе може да се крене и како како играч и со самодоверба и све.

Мислам дека е добар тест и да се надеваме ќе му се погоди денот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.109
Поени од реакции
37.571
Ајде, следна недела игра фјучрс, 2 носител е, има шанса да ги врати изгубените 25 поени од Монастир, од минатата недела. :(
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Во лоша форма е Калин, 4 први кола по ред ги губи.
Не е во лоша форма, таков му е квалитетот.

Не може да ставиш 19 годишник против искусни играчи што играле на ГС и да кажеш дека е во лоша форма.
Еве, и ја сум во лоша форма, во живот немам победено тенис :D

Толку му е квалитетот сега за сега. Штета.

Ќе си дојде со искуство се тоа, јбг, ние очекуваме можеби премногу и нереални работи од македонски тинејџер.

Штета е тоа што скоро сите од овие четири му беа winnable утакмици што можеше да ги добие и поради неискуство или што ти знам ги губи....
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.857
Поени од реакции
10.697
Не е во лоша форма, таков му е квалитетот.

Не може да ставиш 19 годишник против искусни играчи што играле на ГС и да кажеш дека е во лоша форма.
Еве, и ја сум во лоша форма, во живот немам победено тенис :D

Толку му е квалитетот сега за сега. Штета.

Ќе си дојде со искуство се тоа, јбг, ние очекуваме можеби премногу и нереални работи од македонски тинејџер.

Штета е тоа што скоро сите од овие четири му беа winnable утакмици што можеше да ги добие и поради неискуство или што ти знам ги губи....
Секако очекуваме премногу, ама и што би правеле, не постоиме како држава во светот на тенисот, за разлика од повеќето балкански држави.

Не е ни така лош реално, 9 место е според ранкинг на играчи под 20 години. Има време да напредува, еве го Борна Гојо сега прв пат се проби во топ 100, а 25 години има.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Секако очекуваме премногу, ама и што би правеле, не постоиме како држава во светот на тенисот, за разлика од повеќето балкански држави.

Не е ни така лош реално, 9 место е според ранкинг на играчи под 20 години. Има време да напредува, еве го Борна Гојо сега прв пат се проби во топ 100, а 25 години има.
Ама од друга страна пак Призмиќ е 18 и е топ 200, со очекувања да влезе во топ 100 можеби за година дена.

Ама тоа е, јас реков погоре, ако успее во кариерава да извади една квалитетна сезона каде ќе влезе во топ 100 или 150 и ќе извади 5-6 АТП турнири со победа... ехеее, тоа е веќе маестрален, маестрален успех за македонски тенисер.

Само јбг, и јас се нервирам што има шанса, има утакмици што може да ги добие, ама....

Сите некако сакаме да оди погоре и барем да стане редовен на Челинџери и да реди барем по победа-две, ама изгледа уште некое време вака ќе биде во јо-јо период каде ќе варира од ИТФ до Челинџери.

Здравје, ако остане здрав, не се соменвам дека за 10 години од сега ќе има неколку АТП победи во кариерата.


Инаку кога веќе спомна, на Next Gen трката за финалето во ноември...беше во топ 40.

на таа листа Алкараз, Руне и Мусети се први три, а Шелтон сега е четврти.

Со оваа логика, ако следната или сезоната по таа биде уште подобар... може дури и да се доближи до тоа да игра на Next gen finals.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.109
Поени од реакции
37.571
Од утре, во следните 3 недели е во главен ждреб на 2 М25 и 1 М15 фјучрси. Прво утре тргнува во Синтра, Португалија, каде е втор носител, наредната недела во Сетубал, Португалија, ќе биде 6 носител, а потоа се враќа во неговиот омилен Монастир, Тунис, каде ќе биде 2 носител. Речиси истите тенисери се пријавени за сите 3 турнири, со тоа што Сетубал е за нијанса појак од останатите 2.

Денес ја извлекоа ждрепката за Синтра 2 турнирот. Во прво коло ќе игра против квалификант, што треба да е лесна задача, па стискаме палци да стигне далеку и да освои многу бодови.

1694464197383.png
1694464245027.png
1694464288082.png
1694464322570.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.109
Поени од реакции
37.571
Прво коло во Синтра ќе игра против Маркус Валтерс од В.Британија, 25 години, 1684 на АТП, а највисок пласман му е 1579 место во 2019. Ова би требало да е лесен залак, ама ај да не го подречеме...

Инаку на истиот турнир денес Калин доживеа уште еден пораз, во меч во двојки, со што му се собраа 5 порази по ред и веќе повеќе од месец дена без добиен меч.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.109
Поени од реакции
37.571
2:0 против Британецот после тајбрејк во втор сет. Ама добро е, конечно победа после месец дена пост.

Утре, второ коло против Дуарте Вале од Португалија. 556 на АТП, со највисок ранкинг 476 место, во јуни годинава. Јес да е послабо рангиран, но од тие кои беа пријавени за турниров, е со деветти највисок ранкинг моментално, односно - да имаше повеќе од 8 носители, он ќе беше деветти. Или со други зборови - ќе игра со најлошото што можеше да му се падне.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.109
Поени од реакции
37.571
M25 - Сетубал, Португалија

Калин е трет носител овојпат. Во прво коло игра против Саша Гвејмар Вајенбург, со кого се среќава трет пат сезонава: го победи во финале на М25 фјучрсот во Скопје, и изгуби во полуфинале на М15 фјучрсот во Поатје, Франција. Ако успее да го мине, во второ коло пак треба да игра со Дуарте Вале, тенисерот од кој изгуби во второ коло на претходниот турнир, во Синтра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom