Малце задоцнето
Не очекував дека Челзи може да пружи ваков перформанс во двомечот искрено.
Изгледаме како колектив, но најбитно изгледаме како тим што има самодоверба. За разлика од претходните сезони каде што Челзи последните 15 мин паничеше и како по некоја си шема мораше да има некој кикс и да прими гол.
Моментално Челзи игра со самодоверба и мора да признам тоа е заслуга само на Тухел.
Челзи последните 20 мин ја сакаше топката, сакаше да ја има контролата на мечот, знаеше како да ја чува топката и како да ја земе.
Ретки се тимови што при тесен резултат ја имаат таа храброст, поготово во двомеч натпревари.
Едно големо фала за Силва, пример за фудбалер, лидер, човек што сака победа.
35 год бодреше, навиваше како да е последен натпревар во неговата кариера. Еден од најпаметните и најкорисни трансфери што ги има направено Челзи.
Рудигер, Аспликутета 11/10.
Канте претрча за 3 играчи.
Ковачич врвна партија.
Офанзивниот дел беше подобар за нијанса но и даље слабо.
Ждрепката конечно да ни биде наклонета, но повеќе сакав да ни се падне Дортмунд или Реал од што Порто иако вака делува како најслаб
Порто не смее да се потцени. Играат многу организиран и дисциплиниран фудал а финта е и што не знаеш со каков пристап ќе излезат на терен.