Фан Клуб: Челзи

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Деновиве се повеќе и повеќе ми се врти во глава дека во Вторник сите Фан Клубови како Реал, Милан и компанија ќе праат собиранка тука. Победа за целосен оргазам :vozbud::vozbud:
Ова е мислењето кое ја одбележи темава..
ЅВЕР !!!!
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079

Се пронајдов во видеово. Онаму сум! И онаму! Еј и овде ме имало! На крај заклучив дека не сум бил јас на видеово, ама истото славје мајке му :cuc:
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Се пронајдов во видеово. Онаму сум! И онаму! Еј и овде ме имало! На крај заклучив дека не сум бил јас на видеово, ама истото славје мајке му :cuc:
Ќути јас бев на гости и тоа кај колешките што многу не се замараат со фудбал, повеќе неверувам да ме поканат :)
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072

Се пронајдов во видеово. Онаму сум! И онаму! Еј и овде ме имало! На крај заклучив дека не сум бил јас на видеово, ама истото славје мајке му :cuc:
Лелелеееееее. Метал журка ова, шутки превртувања... :D
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.890
Поени од реакции
11.508
Уфф сеа со чиста глава по она што се деси синоќа. Веројатно уште некој ден ќе ме држи еуфоријата, а после со маките у Премиер Лига. :P Како и да е, ќе фалат битни играчи во финалето. Рамиреш трча за тројца, Бане е еден од најдобрите поединци сезонава. Меирелеш исто имаше битна улога синоќа, но знаеме и дека често прави грешки, а верувам дека Есиен ќе може да пружи добра партија на 19-ти. Што се однесува до Капитенот, што направи глупост направи. Далеку од тоа дека е во лоша форма. Точно е дека синоќа го остави тимот на цедило и се извини за тоа. Но, како може некои од вас да го обвинуваат за финалето во Москва? Па тој да не беше немаше да има пенали (слободно видете каква интервенција имаше при еден шут на Гигс ми се чини). Плус, лизгав терен (врнеше доста дожд)!
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.575
Поени од реакции
52.387
Леле, што се случуваше вчера. :D
Пев песимист пред двата натпревари. Не верував дека може Челзи да пројде покрај моќната Барселона. Посебно не овој Челзи кој со АВБ имаше катастрофална сезона. Но ете, покажаа играчиве дека се уште меѓу најдобрите и дека можат секого да победат. Го препороди тимот Ди Матео, секоја чест. Не верувам да имаше некој кој после отказот на АВБ веруваше дека може Челзи некако да ја спаси сезонава. А сега еве сме во две финалиња и со шанси за пласман во топ 4 во ПЛ.
 
H

HoT IcE

Гостин
Откако дојде Ди Матео цел тим игра како да им е последен меч во животот, сите се толку организирани и дисцплинирани со точни инстуркции за својата обврска на теренот, секоја чест за Ди Матео и целиот стручен штаб. Работата што ја прави Ди Матео е за секаков восхит и респект, секоја чест како се снајде, иако јас очекував да биде уште поголем фејл од АВБ.
Но Роби испадна крал, покажа голема фудбалска и тренерска интелигенција во неколку наврати, откако стана главен Челзи во клучни мечеви игра се пожестоко и се подобро, откако стана тој главен, Челзи игра подобро и од ерата на Мурињо, ова е незамисливо, сеуште не ми се верува што направи човекот.
Стојам цврсто на ставот дека Ди Матео е највеќе заслужен за ваков дух и работа во екипата, човекот е легенда знае точно како да мотивира играчи на Челзи, и што значи да се биде претставник на Челзи, овој човек мора да добие договор од Абрамович без разлика дали ќе освои ЛШ/ФА или дали ќе се пласира во топ4.
После Мурињо, Ди Матео ми е омилен тренер, човек на кој се восхитувам и уживам да го пратам како го води тимот, едноставно човеков е гение.
Ди Матео е гладен за успех, тој е гладен за трофеи и тоа уште повеќе го прави да биде идеален кандидат за тренерска легенда на Челзи.

Секако тука се веднаш и играчите, секоја чест за нашите лидери на теренот како Лампард, Тери, Дрогба и Чех, овие луѓе се најзаслужни за пласманов на Челзи во финале на ЛШ/ФА куп. Ди Матео направи одлична формација која одговара на играчите на Челзи, го врати стариот добар начин на играње кој веднаш резултираше со резултати и извади максимум од сите во овие утакмици, дури ме импресионираше и Калу како игра под негово водство, особено во некои дуели каде е потребно да се помага во дефанзива.
Играме одлично во одбрана, одлично се позинионира одбраната, се поставува одлична линија на дефанзива која е потпомогната од средниот ред кој истотака е перфектно среден со цел да се извади максимум од Микел и Лампард кои под водство на АВБ неможеа ни 5% да покажат што знаат.
Јас навистина неможам да најдам замерки ни за играчите, ни за Роби, сега за сега се оди беспрекорно и одлично за Челзи, се игра дисцплинирано и со срце, нешто што Челзи го нема веќе 3 сезони по ред, сезонава последниве месеци покажавме пример што значи тоа да се игра со срце за клуб, ова е вистински однос кој треба да го има и претставува секој фудбалер.
Секоја чест за сите, и што е до мене, за партиите кои ни ги пружија последниве 2 месеца простена им е цела сезона ладење што имаа под АВБ, сега се игра како што треба.

За во финале на ЛШ да ви кажам право, сеедно ми е кој ќе ни се падне, дали Реал или Баерн, навистина ми е сеедно. Сега ќе речете зошто? Еве зошто.
За мене финалето беше Барселона, ние победивме и ги пониживме за поразот од 2009г. За мене ова е доволно. За во финалето ионака ќе фалат стандардни првотимци како Тери, Иванович, Рамирес кои се столб на играта на Челзи, па така нејќам да мислам и да се замарам со кој тим би излегле и како би изиграле, затоа што сезонава тоа неможе да се предвиди под водството на Роби, сите се добри, сите играт одлилно, мислам дека и Трнбал да го пуштат како шпиц ќе игра како класа голгетер.
Но едно е сигурно, генерација на фудблаери како Кол, Лампард, Чех, Тери и Дрогба дефинитивно заслужува трофеј за ЛШ, ако некој заслужил трофеј во ЛШ, тоа се овие момци, тоа е овој тим, дефинитивно, затоа што покажавме дека Челзи знае да игра со срце и желба за победа!
Di Matteo.jpg
 
F

fantomX

Гостин
И да се игра Бункер, Иванович ќе беше едно од главните оружја во истиот, Тери после црвениов нека се преиспита и нека пали свеќи на момците што оставија срце и душа на терен зашто преку ноќ кај многумина ќе го изгубеше оној легендарен статус кој го има во клубот, односно, немаше со исти очи многу фанови на Челзи да го гледаат. Лесно е сеа да ме демантирате за последново ама да изгубеа ... ај да не го терам сеа тој муабет. :)
Плус пенали ако има безбедни сте.

Kaко и да е, многу повеќе ќе им одговара Баерн да им се паднат отколку Реал, ова најмногу го говорам ради Мурињо, и вака во нормални околности истиот муабет ќе важеше зашто Мур го владее овој клуб во секој можен сегмент, а тек па вака бајаги десеткувани во одбрана, незнам ... Барса ќе се ко ВБА у споредба со мадридскиот тим на Мур.

Како и да е, реков, за Челзи ќе сум во финале со кого и да играат, после ова од вечерва во секој случај не ги отпишувам ( во ситуација ете, да се паднат со Реал ).
Јас и не го гледам Тери со исти очи.

Кој и да биди противник не е битно, Челзи е со заначајно понеквалитетен и од Мадрид и од Минхен. Но играчи како Малуда и Фереира ни криви ви должни, способни се да изиграат понекој добар дуел против било каков противник во годината, па според то, ќе видиме шо ќе биди.
--- надополнето: 25 април 2012 во 17:53 ---
За во финале на ЛШ да ви кажам право, сеедно ми е кој ќе ни се падне, дали Реал или Баерн, навистина ми е сеедно. Сега ќе речете зошто? Еве зошто.
За мене финалето беше Барселона, ние победивме и ги пониживме за поразот од 2009г. За мене ова е доволно.
Мал си пријател изгледа уште. Ако, не е страшно, ќе порасниш.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
Единствено нешто што ми смета малце е што не испадна 2-3 утакмицата. Такво глупо играње требаше да се казни ептен мерачки али ај, и вака е одлично. Колку ние имавме среќа на двете утакмици е еднакво пропорционално со незнаењето на напаѓачите на Барса, така да немој да тресеш премногу...

И да, пробај пиши уште некоја провокација во темава па слободно збогувај се од истата!


Ме изнервира малце овде... Пола тим го прати по цигари, можеше да продолжи да трча, а и имаше опции да подаде нагоре.... Али добро, тактиката и не беше да се напаѓа со што ние би се отвориле па да примиме гол така да и ова добро решение беше до некаде..
kaj vidi ti od mene provokacija neznam
pisav samo 2 posta,a kaj gledas provokacija vo niv neznam :)
 
F

fantomX

Гостин
Ма противник на Барселона ни воздух не заслужува, не го разбирате вие то.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Специјален поздрав до fantomX :




Oд луѓе што мислат негативно се нема корист. Да те бидуваше до толку наш драг fantomX немаше да дремеш на форум и немаше на секого да му ставаш затка демек " затка " , напротив ќе те имаше во некој од големите светски фудбалски клубови и ќе им држеше часови со твоите негативни филозофски мислења.
P.S : Имаш поздрав од Тери , рече многу те сака :)
 
Член од
3 декември 2011
Мислења
112
Поени од реакции
145
Вчера Горниот гледаше над Камп Ноу и рече минатиот пат беа судиите овој пат сум јас тука ... Има правда луѓе ми се врати вербата . Она вчера не беше само меч само пласман беше мнооогу повеќе , срцево ми се наполни . Со играч помалку нјвиталните делови на Челзи , на гости , со даден пенал толку шанси и толку среќа и уште повеќе правда . Не знам сеуште се осеќам неспремно за да ја анализирам цела утакмица . Битен е крајниот резултат битни се наведнатите глави на Каталонците и штамата на Камп Ноу . Најбитно е што старата гарда наплати за неправдата .Привилегија е да си навивач на Челзи . Ова не го може секој верувајте не го може . Психички не паднаа , не се предадоа има победнички борбен менталитет . Играта е завршена кога е крај . Без борба не се даваме тоа е КЛАСА !!!
Со среќа нека ни е честитки ... :)
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Фантом Х....
ОД ШТО ЛИЧНО ТИ СИ ЗАДОВОЛЕН од вчерашниот и претходниот натревар?! М?

У глобала ги почитувам твоите мислења на било која фудбалска тема овде на форумов, објективноста, иронијата, НО понекогаш делуваат иритирачки твоите обиди упорно да се изнаоѓаат и да се потенцираат стриктно само грешките кога играме, до таа мера што човек што не те чита често, ќе помисли дека навиваш за друг тим.
Понекогаш иронијата и незадоволството кое нормално владее и кај сите нас (вкучувајќи ме и мене) е оправдано и добро, но од овој момент нели е крајно време да почнеш да гледаш со други очи кон тимот (со почит и љубов(не дека ја немаш таман работа - само ти е таму, длабоко задскриена)) затоа што во моментов и ја заслужува, наспроти сите срања во играта кои се испослучуваа на двата натпревари на крајот се` добро се заврши....пази - со шанси за уште подобро. :rolleyes:
Знаеме многу добро сите дека е срамно да оставиш тим на цедило со непромислен потег во толку битен натпревар, но ете може така требало да биди...
Уствари ти не веруваш во судбини или карма џабе ти објаснувам...:icon_lol:

Не за друго - те демантираа самите фудбалери.
Успех за тебе годинава беше пласман во елиминациона фаза со можност да се догура што е можно повеќе - нели?!
А види чудо до каде успеаа да стигнат - неможеш и несмееш да си земеш за право да критикуваш и овојпат !!!
(y)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.974
Поени од реакции
84.448
Иде Меси на Саем на книгата
Застанува пред штандот за англиска литература во хала 1 и прашува
-Ја имате ли "How to score vs Chelsea" ??
И продавачот му вика
-Дечко научната фантастика е во хала број 4
Фантом Х....
ОД ШТО ЛИЧНО ТИ СИ ЗАДОВОЛЕН од вчерашниот и претходниот натревар?! М?

У глобала ги почитувам твоите мислења на било која фудбалска тема овде на форумов, објективноста, иронијата, НО понекогаш делуваат иритирачки твоите обиди упорно да се изнаоѓаат и да се потенцираат стриктно само грешките кога играме, до таа мера што човек што не те чита често, ќе помисли дека навиваш за друг тим.
Понекогаш иронијата и незадоволството кое нормално владее и кај сите нас (вкучувајќи ме и мене) е оправдано и добро, но од овој момент нели е крајно време да почнеш да гледаш со други очи кон тимот (со почит и љубов(не дека ја немаш таман работа - само ти е таму, длабоко задскриена)) затоа што во моментов и ја заслужува, наспроти сите срања во играта кои се испослучуваа на двата натпревари на крајот се` добро се заврши....пази - со шанси за уште подобро. :rolleyes:
Знаеме многу добро сите дека е срамно да оставиш тим на цедило со непромислен потег во толку битен натпревар, но ете може така требало да биди...
Уствари ти не веруваш во судбини или карма џабе ти објаснувам...:icon_lol:

Не за друго - те демантираа самите фудбалери.
Успех за тебе годинава беше пласман во елиминациона фаза со можност да се догура што е можно повеќе - нели?!
А види чудо до каде успеаа да стигнат - неможеш и несмееш да си земеш за право да критикуваш и овојпат !!!
(y)
Ако вчера победевме 5-0 немаше да биде задоволен зошто сме отишле да напаѓаме кога нерешено ни одговарало. Што и да биде ќе најде мана.
Еве да освоиме ЛШ ќе најде мана зошто во ЕПЛ не сме играле вака.Да осовиме ФА ќе најде мана зошто тревата не била искосена 2 сантима пониско. Ама не е битно битно е Челзи нека победува :D
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
^
Абе секоаш секој еден може да најде мана (до некоја мера е и оправдано), ама да не се правиме цепидлаки сеа - или барем не во овие весели моменти !!!
И јас се разочарав и се наQрчив по првиот натпревар што не се потрудивме да им дадеме повеќе голови, па ете ми помина и тоа .... скокав до таван како млад мајмун коа Торес го даде голот :pos:

Едит....
Ајдете сеа, немојте сите против него. Не ни личи да се делиме.. не прајте АнтиФантомХ коалиција... кул си е човекот/детето само треба што помалку да критикува и тоа е тоа.
Фантоме без лудба, ништо лично - саде службено ова :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom