Фан Клуб: Челзи

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Честито, конечно ги стигна правдата кењарошите, неделава по шавови пуцаат.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.974
Поени од реакции
84.445
Добро само јас ли не го сфатив црвениот на Тери толку сериозно? Тери наседна на провокација и со колено полека го потчукна Алексис. Стварно јас не видов ништо страшно од епски размери па да се збори како Тери не е легенда заради ова...
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Имате поздрав од Давор-Вори.
Него ништо не е завршено,победата беше слатка како тие нас што ни направија во 2009та. Криво ми е за Рамирес,Бане што нема да бидат во финалето.
Ди Матео благодарност до него,иако е прерано да се суди дали е трењер по мерка за Челзи тоа финалето ќе ни го каже. Браво за Целиот состав од Чех па до Торес.
Единствено најголеми критики за Тери,па добро бе толку јадење слатки и на карај да се избламираш самиот себе си? Иако премногу го почитував,ова денеска ми докажа дека е лузер невиден нашиот капитен. Комотно од наредна сезона може Бане да си ја земе лентата или Лампард.
 

8_88

888
Член од
7 мај 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.610
Добро само јас ли не го сфатив црвениот на Тери толку сериозно? Тери наседна на провокација и со колено полека го потчукна Алексис. Стварно јас не видов ништо страшно од епски размери па да се збори како Тери не е легенда заради ова...
Од тоа што јас видов (од риплејот) беше заслужен црвен...
Тери е легенда и секогаш ќе остане, можеби „тие“ заборавија исто така кој ги донесе до тука со своите настапи како капитен и одличен дефанзивец, предводејќи го тимот преку групната фаза се до овој натпревар (играјќи и со повреди ни малку лесни, бодрејќи го тимот и кога не играше - посебно на мечот со Наполи, мечот којшто беше да се биде или не.... ).
Штета е што нема да игра финале, но тоа нема да значи дека нема да биде заедно со овој тим, да го бодри да даде инструкции како капитен што би биле од голема корист...

Поздрав
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Не му требаше на Тери ова вечерва,доста се обрука финалето 2009. Па со Бриџ жена му и со Антон Фердинанд инциденотот. Легенда играч такви грешки не прави. Да голем борец е за тимот играше со скршени ребра ама го остави цел тим на цедило,баш кога требаше да се истакне поради тоа има голем минус Тери кај мене. Ова е мое мислење. Тери треба да биде пример за другите а не да изиграва магаре пред сите.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Честито победа, чим стигнавте до тука, трофејот е сосема реален. Со среќа во финалето. :)


...туку, дај сеа бидете фер и пуштете ни го ФА купот :D
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Не му требаше на Тери ова вечерва,доста се обрука финалето 2009. Па со Бриџ жена му и со Антон Фердинанд инциденотот. Легенда играч такви грешки не прави. Да голем борец е за тимот играше со скршени ребра ама го остави цел тим на цедило,баш кога требаше да се истакне поради тоа има голем минус Тери кај мене. Ова е мое мислење. Тери треба да биде пример за другите а не да изиграва магаре пред сите.
Не дека пробувам да ти го сменам мислењево или да измислувам топла вода, АЛИ(!) дај да не заборавиме, Тери можеби е столбот во тимот. Не знаеме што се случува во соблекувалните или настрана од нив (примеров што толку го нафура Тери), ама она што го знаеме е што прави човекот за тимот изминативе години. Има потреба да набројувам? И самиот кажа дека се жртвува човекот за тимот, игра(ше) со ДВЕ скршени ребра (чисто за пример, луѓе неможат да мрднат од кревет со едно напукнато). Да не беше тој, ок, ќе играше Иванович на негова позиција... Но кој ќе го заменеше Кехил по повредата? Кој имаше толку (невозможни за други одбранбени играчи од топ листата) одбрани?

Човекот направи премногу за тимов. Исто како кога ќе си спомнеш Ливерпул те потсеќа на Жерард и ред други тимови да не тресам, така и кога ќе си спомнеш Челси одма ти иде сликата на Тери. Човекот утна малку, дали било за жолт или црвен, јебига не требаше да го направи тоа секако, али најбитно на крај се ИЗВИНИ. Како што читнав малку и Реал и Баерн (за овие па да не збориме) имаат многу играчи што се под закана за жолт, а може и црвен да падне така да и не е толку црно за во финалето. Достижно е! Со игриве што ги покажавме изминативе утакмици и те како заслужуваме конечно да го дигнеме тој пехар кој е најболна тачка кај фановите на Челси!


Најепик, мадафакинг фраза за крај: KTBFFH!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Дечки честито пласман.
Страшни утакмици беа, се гледаме догодина :)
И да после ова денеска дефинитивно ќе навивам за вас во финале......ако успеете со втор тим шампиони да станете алал ви вера.
 

UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
За вакви мометни се живее. Ова задоволство не се опишува со зборови.:vozbud:

Отпишувањето на Челзи започна уште со Валенсија, па потоа со Наполи после првата утакмица според повеќето беше и тотален аутсајдер. А додека со Барса според повеќето Челзи немаше ни потреба да игра. Минатата недела муабетиве беа ќе примите 3, 4, 5 гола пред утакмица, додека после утакмицата - среќа имавте. Денеска не поминаа покусо истиве муабети. Па згора на се врв ми беше и убеденоста на Гвардиола како тие лесно ќе не поминат. А исто и е***иот 1.25 коеф. од кладилниците за победа на Барса. Значи еден куп хејтери и потценувачи сите овие денови. А сепак овој тим покажа како се игра тимски и со срце.

Е сеа ептен ме разочара потегот на Тери, не очекував вакво нешто уопште, не дека беше којзнае колку силно удрен Санчес, но треба да се има во предвид со кого се игра. Сам си ја пукна главата и финалето ќе го гледа од трибини. Жално ама тоа е.

Чех и Рамирес :cuc:. Не дека другите беа лоши, ама не беа подобри од нив. :) Шала на страна сите изиграа на ниво. Ама сеуште се чудам како Рамирес постигна ваков гол. :D Оваа генерација со Тери, Лампард, Дрогба, Ешли и Чех заслужува трофеј во ЛШ и мислам дека оваа шанса не смеат да ја пропуштат. Не верувам дека пак би им се пружела истата шанса. И голема штета е што Иванович, Тери, Рамирес и Миралеш. Но тука е ТОРЕС :icon_lol:. Но навистина незнам и не видов кога и зошто Иванович доби жолт.

И да...моментот кога Торес постигнува гол во 90+ на Камп Ноу за пласман во финале во ЛШ - непроценлив. :cuc:

И имам едно прашање до фановите, критичарите, хејтерите и т.н. кои играта на Челзи ја нарекуваа анти-фудбал. Дали израмнувањето на резултатот после 2 гола негатива, црвен картон и плус пенал за Барса е анти-фудбал?

И друго шо сакав да кажам. Колку и да не го сакам Калу на теренот изгледа среќа ни носи дечкото. :D
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Патем, сеуште Меирелес е пропаднат трансфер или сменивте мислење?:rolleyes:
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
ne zasluzeno ste vo finale no toa e toa,imavte golema srekja i na dvata meca

P.S.kade e davor ne go gledam da jade ...:)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
569
Поени од реакции
339
Фала на сите за честитките ! ЛЕЛЕЛЕ НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ТОРЕС ДАДЕ ГОЛ!!
Реков дека Торес ќе даде гол... знае он кога ни е најпотребен :) Интересн беше голот... неговата тактика „Лево-десно“ конечно вроди со плод :)
--- надополнето: Apr 25, 2012 6:57 AM ---
http://brkajrabota.mk/servisi/turlitava/15148-eve-zosto-tores-postigna-gol
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Дечки Рамирес зашто доби жолт?

После вториот гол, требаше да изведат од центар и знам топката ја рогнаа...и оп жолт. Што се случи?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom