Очекувано тешко, но и Тухел направи да е и потешко од вообичаено. За Жиру немаше место на овој меч. Или ако сакате, за уште еден шпиц.
Дистрибуцијата кон двоецот напред беше попречена. Бековите имаа нула придонес во таа фаза, Жоргињо и Ковачиќ не можат апсолутно ништо да креираат и судбината на Жиру и Вернер зависеше од Маунт. А што може Маунт опкружен од три-четири играчи на Шефилд? Тука требаше да игра некој од навална линија. Во ред, Одои доби идмор, заслужен, ама било кој друг ќе претставуваше причина за нестравување за три бода до последна секунда.
Алонсо не го можам и се надевам дека на лето ќе ја промени средината. Исто така ја разбирам одлуката на Тухел да го врати од мртвите. Чилвел е непрепознатлив во последните месец дена. Баш загрижувачки. Пеналот поништен од ВАР, ужас. Несмасна, непотреба, бавна реакција.
Во летен трансфер рок, не барам ништо. Еве, баш ништо. Само еден крстен стопер. Еден. Добро, не им е срам да го гледаат Силва како гази во нова лига на 36 години, а тие да играат скандалозно? Кога еден Кристенсен беше најстабилен денес, тури му пепел.
Комуникацијата, проблем. Мора и Менди да е повокален, не е првпат вакво недоразбирање сезонава.
Вернер играч на натпреварот. Ептен ме радува тоа што не се бедира премногу со гол-статистиката. Нека игра вака и нека контрибуира како денес, а Индијци на ,,Трол Фудбал" нека дробат за ,,лошата" скорерска форма.
Покрај него греота е да не го споменам Маунт. Во 93-та минута рине напред во моменти кога Челзи е под притисок, трча директно на дефанзивците и на нивна половина изнудува аут за Челзи. Лудачка енергија. Голот го заслужи, конечно ги наштимува копачките.
Три победи од четири натпревари, претешки натпревари, супер биланс.
Бонус:
Да му ебам мајката, кога ќе се замислам и не е така лоша идејата за Халанд на лето.