Па класичен куп гостински меч. Горе-долу класичен, бидејќи ова беше малку полошо од стандардното.
Растрчан и мотивиран противник, гостински терен, ужасен тревник, играчи кои првпат играат заедно и првпат играат под Тухел, тешка победа. Најпозитивното нешто од натпреваров е тоа што никој не се повреди. Освен Кристенсен, ама тој дома во кревет се повредува, така што...
На моменти изгледаа како да се издрогирани. Особено Зијеш и Пулишиќ беа скандалозни. Ајде првиов пак некоја повреда го затекна, не знам нешто, можеби и ќе замижам. Ама Пулишиќ...не знам. Дебело би размислил на лето што би правел со него.
Гилмор исто така малку ме разочара. Противник по мера за докажување, само бајги грешки, надвор од позиција, наттрчуван постојано. Канте е ровит уште, не можеше да го штити и веднаш се виде дека ќе биде слично како со Лестер во тој поглед.
Неколку светли точки. Одои што единствено преземаше некаква одговорност, Кепа што одбрани зицер на почеток и излегуваше похрабро на прекини и Абрахам со погодокот, спасувањето од линија и пожртвуваноста.
Убав меч од тренерски аспект, после пет меча да увиди кој, како и за што е. Добар дел од нив не се ниту за Чемпионшип.